Content-Length: 232257 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/#cite_note-PDG-23

Википедија Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.033 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Пума (научPuma concolor) — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.

Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Резба „Рождество Христово“ од олтарот во Кефермаркт, Горна Австрија. Денес е католички Божиќ.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Ернст Хекел во 1860 г.
Ернст Хекел во 1860 г.
На денешен ден…

Денес е 25 декември 2024 г.

Настани:

800  Папата Лав III во Рим го крунисува франкискиот владетел Карло Велики за Свет римски цар, титула што ја носеле германските монарси сè до времето на Наполеон Бонапарт.
1066  Во Вестминстерската опатија во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I.
1688  Во Франција пребегал Јаков II, последниот англиски крал од династијата Стјуарди, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.
1717  Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ — северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица.
1741  Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создал скалата од 100 степени за мерење на температурата — Целзиусовата скала.
1776  Генералот Џорџ Вашингтон ги префрлил силите со кои командувал преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападнал германските платеници кои во Американската војна за независност се бореле на страната на Британците.
1903  Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и јазичар Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.
1914  Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни
1926  Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито.
1943  Британското министерство за надворешни работи во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот — партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. Меѓутоа, ова нема да важи за македонските партизани од ДАГ во Егејска Македонија, кои подоцна ќе бидат гонети.
1971  Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.
1979  Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.
1989  Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.
1991  Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин.
1991  Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.
1995  На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со водачот на партијата Неџмедин Ербакан.
1995  Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.
1997  На Куба за првпат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба.
2000  Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.
2003  При падот на патничкиот авион „Боинг 727“ во Атлантскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.
2003  Звездан Јовановиќ го призна убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Родени:

1250  Јован IV Дука Ласкарис — никејски цар.
1642  Исак Њутн — англиски физичар, астроном и математичар.
1878  Јован Бабунски — србомански четнички војвода.
1882  Рајна Алексова — македонски фармацевт.
1899  Хамфри Богарт — американски филмски глумец.
1907  Кеб Келовеј — американски џез-пејач.
1918  Јоргос Ралис — премиер на Грција.
1923  Естреја Овадија - Мара — македонски народен херој.
1920  Јован Бошковски — македонски писател.
1925  Карлос Кастанеда — американски писател.
1943  Зафир Хаџиманов — македонски пејач и композитор.
1944  Жаирзињо — бразилски фудбалер.
1949  Сиси Спејсек — американска глумица.
1952  Павле Трајанов — македонски политичар.
1954  Ени Ленокс — шкотска пејачка, членка на групата „Јуритмикс“.
1956  Олег Дементиенко — македонски поет.
1967  Борис Новковиќ — хрватски поп-пејач.
1971  Дајдо — британска пејачка.
1976  Армин ван Бурен — холандски продуцент и диџеј на транс-музика.
1980  Блаженко Лацковиќ — хрватски ракометар.
1988  Ерик Гордон — американски кошаркар.
1990  Морено Мозер — италијански велосипедист.
1993  Столе Димитриевски — македонски фудбалски голман.

Починале:

795  Адријан Iримски папа.
820  Лав Vвизантиски цар.
1683  Кара Мустафа пашаГолем везир на Отоманското Царство.
1921  Владимир Короленко — украински писател, хуманист и новинар.
1938  Карел Чапек — чешки писател.
1953  Артуш Черник — чешки писател, новинар и филмски и театарски критичар.
1956  Роберт Валзер — швајцарски писател.
1963  Тристан Цара — романско-француски писател и уметник.
1977  Чарли Чаплин — британски глумец и режисер, најголем артист на немиот филм.
1983  Хуан Миро — шпански сликар.
1989  Николае Чаушеску — романски комунистички политичар.
1995  Дин Мартин — американски глумец и пејач.
2006  Џејмс Браун — американски музичар, познат како „Кум на соулот“.
2016  Џорџ Мајкл — британски поп-пејач.

Празници:

Божиќ, денот на Христовото раѓање, го прославуваат сите цркви со католичка, протестантска и православна вероисповед кои го користат грегоријанскиот календар. Празник во многу земји во светот.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич










ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/#cite_note-PDG-23

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy