Од Википедија — слободната енциклопедија
Добре дојдовте на Википедија
Избрана статија за оваа седмица
Повеќебранова (рендген, инфрацрвена и оптичка) слика на остатоците од суперновата Јохан Кеплер (СН 1604), сликана од опсерваторијата Чандра.
Супернова — моќна и светла експлозија на ѕвезда . Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од зрачење кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да испушти толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век.
Супернова се јавува за време на последните еволутивни ѕвездени развои на масивна ѕвезда , или кога бело џуџе е активирано во нуклеарна фузија . Оригиналниот објект, наречен предок , или колабира до неутронска ѕвезда или црна дупка , или е целосно уништен за да формира дифузна маглина . Врвната оптичка сјајност на супернова може да се спореди со онаа на цела галаксија пред да избледи во текот на неколку недели или месеци.
Последната супернова директно забележана на Млечниот Пат била Кеплеровата Супернова во 1604 година, која се појавила недолго по Тиховата Супернова во 1572 година. И двете биле видливи со голо око. Биле пронајдени остатоци од поновите супернови, а набљудувањата на суперновите во други галаксии сугерираат дека тие се случуваат во Млечниот Пат во просек околу три пати секој век. Супернова на Млечниот Пат речиси сигурно би можела да се набљудува преку современите астрономски телескопи. Најновата супернова со голо око била SN 1987A , која претставувала експлозија на сина суперџинова ѕвезда во Големиот Магеланов Облак , придружна галаксија на Млечниот Пат . (Дознајте повеќе... )
Слика на денот
Обилни снежни врнежи предизвикани од бурата Филомена во Шпанија во јануари 2021 г.
Дали сте знаеле…
Занимливости од содржините на Википедија:
Саат-кулата во Скопје
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
... дека Удовскиот Остров кај с. Удово на реката Вардар е најголемиот речен остров во Македонија и втор остров по површина во земјата?
... дека поимот екологија прв го вовел германскиот биолог Ернст Хекел во 1866 година?
... дека Горчливото Езеро во Кукушко , Егејска Македонија е трипати посолено од Мртвото Море ?
... дека првото сметачко глувче е направено во 1964 г. како изум на американскиот инженер Даглас Енгелбарт ?
... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век ?
... дека првиот театар во Скопје („Ада Кафе“) е отворен во 1906 година?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле ?
... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 1,5 м?
...дека буковите шуми во долината на Длабока Река во Мавровско се прогласени за светско наследство на УНЕСКО ?
... дека Антарктикот е најголемата пустина на светот?
... дека симболот за жива Hg доаѓа од старогрчкиот збор хидраргирос со значење „водено сребро“?
... дека, и покрај неговите огромни димензии, Сонцето се класификува како жолто џуџе ?
... дека сите јагули од Македонија одат на „свадбен пат“ за да се мрестат во Саргасовото Море недалеку од Бермудскиот Триаголник ?
... дека морепловната мерка за брзина јазол доаѓа од броењето јазли на јаже кое се фрлало во водата?
...дека Винчестер бил првиот главен град на Англија ?
...дека Еарендел е најдалечната ѕвезда позната за науката, на растојание од 28 милијарди светлосни години од Земјата?
...дека Макаронезија е подрачје на четири архипелази меѓу Европа и Северна Африка?
...дека планетата Венера македонскиот народ ја нарекувал Обденица ?
... дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī , што значи „долго блато“?
...дека христијаните во Босна и Херцеговина се тетовирале како обележје на нивната вера, иако обичајот датира од илирско време .
...дека врвот Тумба на Беласица е тромеѓа помеѓу Вардарска , Егејска и Пиринска Македонија ?
... дека тектонските плочи ги открил германскиот научник Алфред Вегенер во 1912 година?
... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба , ќерка на митскиот крал Тантал ?
Други области
Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.