Бек (музичар)
Бек | |
---|---|
Бек во 2018 | |
Роден(а) | Бек Дејвид Кембел 8 јули 1970 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1988–денес |
Сопружник | Мариса Рибизи (в. 2004; раз. 2021) |
Деца | 2 |
Страница beck.com |
Бек Дејвид Хансен (анг: Beck David Hansen; роден како Бек Дејвид Кембел; 8 јули 1970), естрадно познат под мононимот Бек ― американски музичар, пејач, текстописец и продуцент. Се прославил на почетокот од 1990-тите, а неговата музика од тоа време се смета за типичен пример на мејнстрим алтернативна музика поради нејзиното непочитување на жанровските конвенции. Неговата музика содржи елементи на: фолк, фанк, соул, хип-хоп, електронска музика, алтернативен рок, кантри и психоделична музика. Има издадено 14 студиски албуми (од кои три биле издадени со независни издавачки куќи), како и неколку синглови и нотна книга.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Бек е роден како Бек Дејвид Кембел[1] во Лос Анџелес на 8 јули 1970 година.[2] Тој е син на канадскиот аранжер, композитор и диригент Дејвид Кембел и пејачката и естраден уметник Биби Хансен.[3] Биби Хансен се поврзува со уметничката сцена „Фабрика“ од Енди Ворхол во 1960-тите во Њујорк и била суперѕвезда на Ворхол.[3]
Неговите родители се разделиле кога тој имал 10 години,[4] а Бек останал да живее со мајка му (го зел и презимето на мајка му) во Лос Анџелес, каде што бил под влијание на различните музички понуди на градот.[5] Овие влијанија се наоѓаат и во неговите подоцнежни снимени и објавени дела. Според неговата изјава, неговото необично име го избрала мајка му која по породувањето, посакала конечно да се напие пиво Бек (анг: Beck's).
Тој пораснал во претежно латински кварт, и бил единствено бело дете во неговото училиште каде што брзо научил да танцува брејк-денс.[4] Чувствувајќи се како „тотално отфрлен“, Бек го напуштил училиштето на 14-годишна возраст.[6] Подоцна рекол дека иако смета дека училиштето е важно, тој таму се чувствувал небезбедно.[7] Кога се пријавил во ново средно училиште за сценски уметности во центарот на градот, бил одбиен.[8]
Бек првата гитара ја добил на 16 години и станал уличен музичар.[9] Музичко образование стекнувал преку читање книги и со слушање стари блуз, фолк и кантри плочи.[6][10] Работел низа слабо платени работи, како товарење камиони и дување лисја по парковите.[6]
Почетоци на кариерата (1988-1993)
[уреди | уреди извор]Во 1989, Бек фатил автобус за Њујорк, со нешто повеќе од осум долари и со неговата гитара.[10] Летото го поминал во обид да најде работа и место за живеење, но безуспешно.[10] Залудно се обидувал да се прослави во антифолк музичката сцена под влијание на панкот. Бек почнал да пишува надреалистички песни за пица, MTV и работењето во McDonald's, претворајќи ги необичните мисли во песни.[11]
Во 1990 година, Бек се вратил во Лос Анџелес, без пари, но силно мотивиран. Таму почнал да работи во видеотека каде што "задача му била да ја подреди порнографската секција по азбучен ред".[10] Почнал да свири по кафе барови и уметнички клубови.[6][10]
Први албуми (1993–1997)
[уреди | уреди извор]На крајот, Бек бил откриен од основачите на Bong Load Custom Records.[3] Неговиот 12" винил сингл Loser, издаден со оваа издавачка куќа во 1993 година, со првичен тираж од 500 примероци.[12] Синглот станал сензација на алтернативното радио,[12][13] а издавачките куќи кои сакале да потпишат договор со Бек почнале да се наддаваат меѓу себе.[14][15]
Бек ја избрал Geffen Records бидејќи не барале ексклузивен договор.[6][15] Уште пред издавањето на албумот Mellow Gold, (издаден од Geffen во 1994 година), Бек забележал голем успех со „Loser“ кој веќе се пласирал во топ 40, а видеото се прикажувало на MTV.[7] „Loser“ стигнал до десеттото место на топ-листата за синглови Billboard Hot 100 и на прво место на листата за алтернативни рок песни.[16] Песната исто така била на топ листите во Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и низ цела Европа. Бек бил наречен како „Крал на слекерите“, зашто според медиумите бил центар на новото таканаречено „слакер“ движење.[17] Сепак, на Бек не му се допаѓал тој прекар.[10]
Во 1994 година, Бек го издал албумот One Foot in the Grave, со независните издавачки куќи K Records и Stereopathetic Soul Manure од Flipside Records. Во 1995 година, со турнејата Lollapalooza, тој ја приближил неговата музика до публиката. До 1996 година Бек се сметал за „чудо со еден хит“, тој од себе ја отфрлил таа етикета со објување на албумот Odelay.[18]
На Odelay, кој бил резултат на година и пол напорно „сечење, лепење, синхронизирање и, се разбира, семплирање“, Бек ги споил кантри, блуз, рап, џез и рок музиката.[9]
Odelay бил објавен на 18 јуни 1996 година, по што следеле позитивни критики и извонредна продажба. Воведниот сингл, Where It's At, бил често емитуван, а видеото постојано се вртело на MTV. Во 1997 година албумот бил номиниран за Греми награда за албум на годината, а освоил Греми за најдобар алтернативен албум и за најдобра машка рок вокална изведба за „Where It's At“. Odelay бил продаден во два милиони примероци. Тој придонел со песната „Deadweight“ за саундтракот на филмот A Life Less Ordinary (1997).[19]
Кариера по 1998 година
[уреди | уреди извор]Во 1998 година го објавил албумот Mutations. Продуцент на албумот бил Најџел Годрич, кој во 1997 година го продуцирал албумот OK Computer од Radiohead.[19] Албумот всушност бил планиран само како пополнување на празнината пред следниот негов албум. Снимањата се одвивале во текот на две недели, при што секој ден се снимала по една песна, така што на крајот биле продуцирани 14 песни.[19] Иако било планирано албумот да го издадат Bong Load Records, ве вмешале луѓето од Geffen и ја издале плочата во спротивност со желбите на Бек.[20][21] Бек потоа се обидел да ги поништи своите договори со двете издавачки куќи, а за возврат тие го тужеле за прекршување на договорот. Судскиот спор траел со години и е нејасно дали некогаш бил целосно решен.[22] За Mutations, Бек освоил Греми за најдобра алтернативна музичка изведба.[23]
Во ноември 1999 година, Бек го објавил долгоочекуваниот албум Midnite Vultures.[24] Во студиото, Бек и продуцентите го проучувале современиот хип-хоп и R&B, особено Р. Кели, за да ги прифатат и да ги вклучат тие влијанија на ист начинот на кој Ал Грин и Stax records ги објавувале албумите во претходните децении.[18] Албумот бил поддржан со голема светска турнеја. За Бек, тоа било враќање кон енергичните изведби кои биле негов заштитен знак уште од Лолапалуза. Midnite Vultures бил номиниран за Греми за најдобар албум.[25]
Во 2000 година, Бек и неговата свршеница, стилистката Леј Лимон, ставиле крај на нивната деветгодишна врска.[26] Бек западнал во период на меланхолија и интроспекција, и во овој период ги напишал мрачните песни подоцна објавени на албумот Sea Change.[27] Бек постојано пишувал песни, и не сакал да зборува за неговиот личен живот; конечно одлучил дека песните зборуваат за заедничкото искуство и дека нема да изгледа самобендисано ако ги сними.[28] Во 2001 година, Бек се вратил на музиката и стапил во контакт со Годрич.[29]
Sea Change, издаден од Geffen во септември 2002 година, одлично се продавал и бил омилен кај критичарите;[30] Rolling Stone напишале дека тоа е „најдобриот албум кој Бек го направил, [...] беспрекорен албум за вистината и светлина по завршувањето на љубовта. Ова е неговата Крвава патека (Blood on the Tracks).[31] Подоцна, истото списание го ставило албумот на нивниот список од најдобри албуми на деценијата и на сите времиња. Sea Change бил поддржан со театарска турнеја, но и со поголема турнеја во која The Flaming Lips биле предгрупа и придружен бенд на Бек.[32][33] Бек бил разигран и енергичен, понекогаш неговите песни биле преработувани од Ролинг Стоунс, Big Star, The Zombies и The Velvet Underground.[31][34]
Guero, осмиот студиски албум на Бек, бил снимен во период од девет месеци во кои се случиле неколку значајни настани во неговиот живот: неговата девојка, Мариса Рибиси, забременила; тие стапиле во брак; се родил нивниот син Козимо; и тие се иселиле од Силвер Лејк.[30][35] Албумот бил продуциран од Dust Brothers и од Тони Хофер.[30] Прво требало да биде објавен во октомври 2004 година, но бил одложуван за конечно да биде објавен во март 2005 година.[36]
Guero дебитирал на второ место на Билборд 200, и бил продаден во 162.000 примероци, најпродаван негов албим.[37] Во декември 2005 година, Geffen го издала и Guerolito, целосно преработена верзија на Guero со ремикси од Ад Рок од Beastie Boys, Џон Кинг од Dust Brothers и шкотското електронско дуо Boards of Canada.[35]
Modern Guilt (2008) било последно издание од договорот на Бек со Geffen Records. Бек, кој тогаш имал 38 години, имал договор со Geffen уште од неговите 20-ти години.[38][39] Откако бил ослободен од договорот со издавачката куќа Бек повеќе се насочил на неговата сопствена издавачка куќа основана седум години претходно, и која често го менувала името.[18] Бек работел пет или шест дена во неделата во малото студио на неговиот имот во Малибу и го започнал Record Club, проект со кој цел еден класичен албум - од The Velvet Underground, Леонард Коен, INXS, Yanni - бил покриен од друг пејач во рок од еден ден.[8]
Во октомври 2013 година, Бек потпишал со Capitol Records.[40]
Во 2014 година го објавил албумот Morning Phase; во 2015 година, на 57-то годишно доделување на Греми наградите, албумот освоил три Греми награди: Најдобро аранжиран некласичен албум; Најдобар рок албум; и Албум на годината.[41]
На 21 јуни 2023 година, Бек ја објавил песната „Odyssey“ со француската поп рок група Phoenix, кои со Бек биле на летна турнеја, која започнала во август и заврши во септември.[42][43][44][45]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]- Golden Feelings (1993)
- Stereopathetic Soulmanure (1994)
- Mellow Gold (1994)
- One Foot in the Grave (1994)
- Odelay (1996)
- Mutations (1998)
- Midnite Vultures (1999)
- Sea Change (2002)
- Guero (2005)
- The Information (2006)
- Modern Guilt (2008)
- Morning Phase (2014)
- Colors (2017)
- Hyperspace (2019)
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rocking the Catskills“. Jews Rock. Архивирано од изворникот на June 11, 2008. Посетено на April 25, 2008.
- ↑ Martell, Nevin (2002). Beck: The Art of Mutation. Simon & Schuster. стр. 1. ISBN 9780743424486.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 George-Warren, Holly and Romanowski, Patricia. (2001). The Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll. New York: Fireside, 1136 pp. First edition, 2001.
- ↑ 4,0 4,1 Cavanagh, David (July 1997). „The Devil Inside“. Q. London: Bauer Media Group. стр. 92–99.
- ↑ Petrusich, Amanda (November 25, 2019). „Beck Is Home“. The New Yorker (англиски). ISSN 0028-792X. Архивирано од изворникот на November 29, 2019. Посетено на November 29, 2019.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Hochman, Steve (February 20, 1994). „Don't Get Bitter on Us, Beck“. Los Angeles Times. Los Angeles. ISSN 0458-3035. Архивирано од изворникот на October 29, 2013. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ 7,0 7,1 Kemp, Mark (April 17, 1997). „Beck: The Rolling Stone Interview“. Rolling Stone (758). New York City: Wenner Media LLC. стр. 58–64, 94, 97. ISSN 0035-791X.
- ↑ 8,0 8,1 Lee, Dan P. (December 23, 2012). „Listening to Beck: The Artist on His New Album, Which Isn't Really an Album At All“. New York. New York City: New York Media, LLC. ISSN 0028-7369. Архивирано од изворникот на May 30, 2013. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ 9,0 9,1 Dunn, Jancee (July 11, 1996). „Beck: Resident Alien“. Rolling Stone (738/739). New York City: Wenner Media LLC. стр. 50–51, 53. ISSN 0035-791X.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 Wild, David (April 21, 1994). „Meet Beck: The Unlikely Success Story of a Hip-Hop Folk Rocker“. Rolling Stone (680). New York City: Wenner Media LLC. стр. 79–80. ISSN 0035-791X. Архивирано од изворникот на August 6, 2013. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ Rotondi, James (September 1994). „Beck & Roger Manning: "Set Your Guitars and Banjos on Fire"“. Guitar Player. 28 (9). San Bruno: New Bay Media. стр. 113–116. ISSN 0017-5463.
- ↑ 12,0 12,1 Palacios 2000, p. 77
- ↑ Hart, Ron (March 4, 2019). „Beck Producer Tom Rothrock Looks Back on 'Mellow Gold' & Its Unlikely Road to Success“. Billboard. NYC. Посетено на December 21, 2020.
- ↑ Hochman, Steve (February 20, 1994). „Don't Get Bitter on Us, Beck“. Los Angeles Times. Los Angeles. ISSN 0458-3035. Архивирано од изворникот October 29, 2013. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ 15,0 15,1 Rosen, Craig (November 27, 1993). „Labels are at Beck's call; "Loser" may win deal for new artist“. Billboard. 105 (48). New York City: Prometheus Global Media. ISSN 0006-2510. Архивирано од изворникот August 6, 2013. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Palacios 2000, p. 84
- ↑ 18,0 18,1 18,2 Dombal, Ryan (August 17, 2011). „Beck: 15 Years“. Pitchfork Media. Архивирано од изворникот на June 27, 2013. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 DeCurtis, Anthony (November 26, 1998). „Q&A: Beck“. Rolling Stone (800). New York City: Wenner Media LLC. стр. 39. ISSN 0035-791X.
- ↑ „Beck on top“. Now. Архивирано од изворникот на January 20, 2008. Посетено на April 25, 2008.
- ↑ „Beck to the Base“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на April 20, 2008. Посетено на April 25, 2008.
- ↑ „Beck Battles Labels Over Business, Artistic Issues“. MTV. May 4, 1999. Архивирано од изворникот на February 25, 2008. Посетено на April 25, 2008.
- ↑ „The Grammys 2000; Other Winners“. Los Angeles Times. February 24, 2000. Архивирано од изворникот на May 4, 2009. Посетено на April 25, 2008.
- ↑ „Midnite Vultures, Review“. BBC. January 5, 2010. Архивирано од изворникот на February 13, 2011. Посетено на April 25, 2008.
- ↑ Boucher, Geoff (January 4, 2001). „The 43rd Annual Grammy Nominations; Grammys Cast a Wider Net Than Usual; Awards * Breaking recent tradition, the academy's nominations are spread out among many acts“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на May 4, 2009. Посетено на April 25, 2008.
- ↑ Paul Lester (September 29, 2002). „Beck to basics“. The Age. Melbourne. Архивирано од изворникот на November 9, 2010. Посетено на February 13, 2011.
- ↑ Jon Wiederhorn (September 26, 2002). „Beck Shoots For Feel-Good Acoustic Heartbreak LP“. MTV News. Архивирано од изворникот на June 29, 2011. Посетено на February 13, 2011.
- ↑ Issac Guzman (September 29, 2002). „Beck Checks in to Heartbreak Hotel“. Daily News. New York.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 30,0 30,1 30,2 Lubow, Arthur (March 6, 2005). „Beck at a Certain Age“. The New York Times. New York City. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на October 10, 2020. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ 31,0 31,1 David Fricke (October 3, 2002). „Review: Sea Change, Beck“. Rolling Stone (906). New York City: Wenner Media LLC. стр. 97–98. ISSN 0035-791X. Архивирано од изворникот на June 24, 2013. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ Jon Wiederhorn (July 10, 2002). „Beck Previewing New Songs on Acoustic Tour“. MTV News. Архивирано од изворникот на June 29, 2011. Посетено на February 13, 2011.
- ↑ Jon Wiederhorn (August 14, 2002). „Beck's Plan For Keeping Everyone Awake: The Flaming Lips“. MTV News. Архивирано од изворникот на June 29, 2011. Посетено на February 13, 2011.
- ↑ Christina Fuoco (August 12, 2002). „Beck Gets The Giggles, White Stripes' Jack at Michigan Gig“. MTV News. Архивирано од изворникот на June 29, 2011. Посетено на February 13, 2011.
- ↑ 35,0 35,1 Montgomery, James (October 19, 2005). „Beastie Boys, Dust Brothers Get Their Hands on Beck's Guero“. MTV News. Архивирано од изворникот на April 8, 2008. Посетено на July 12, 2013.
- ↑ Perez, Rodrigo (January 19, 2005). „Finished Version of That Beck LP You Downloaded Due in March“. MTV News. Архивирано од изворникот на January 15, 2009. Посетено на May 7, 2008.
- ↑ „50's Massacre Staves Off Beck's Guero“. MTV News. April 6, 2005. Архивирано од изворникот на September 14, 2014. Посетено на July 12, 2013.
- ↑ Itzkoff, Dave (July 6, 2008). „In a Chaotic Industry, Beck Abides“. The New York Times. New York City. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на January 18, 2014. Посетено на July 11, 2013.
- ↑ Edwards, Gavin (May 29, 2008). „Beck, Danger Mouse Craft '60s-Style Disc“. Rolling Stone (1053). New York City. стр. 20. ISSN 0035-791X. Архивирано од изворникот на February 3, 2013. Посетено на July 12, 2013.
- ↑ Itzkoff, Dave (October 29, 2013). „Beck to Release New Album After Signing With Capitol Records“. The New York Times. Посетено на November 4, 2023.
- ↑ „Beck Wins Album of the Year Grammy, Kanye Runs on Stage“. Pitchfork. February 8, 2015. Архивирано од изворникот на May 24, 2020. Посетено на April 21, 2020.
- ↑ „Beck and Phoenix Team Up for New Song "Odyssey"“. Pitchfork (англиски). 2023-06-21. Посетено на 2023-06-21.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Geraghty, Hollie (2023-06-21). „Beck and Phoenix share collaborative single 'Odyssey'“. NME (англиски). Посетено на 2023-06-21.
- ↑ „Beck, Phoenix Team Up for Sparkling New Song 'Odyssey'“. Yahoo Entertainment (англиски). 2023-06-21. Посетено на 2023-06-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бек (музичар)“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- (музичар) Бек (музичар) на Discogs (англиски)
- Beck — AllMusic (англиски)
- Beck на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Diskobox, сеопфатна дискографија
- Whiskeyclone.net, голем информативен сајт за Бек
- Stewoo.net, најголем форум на обожаватели на Бек
- Бек на Rolling Stone
|
- Добитници на Греми
- Добитници на Британски музички награди
- Американски рок пејачи
- Американски рок-гитаристи
- Американци со канадско потекло
- Американски кантри рок пејачи
- Родени во 1970 година
- Пејачи од Лос Анџелес
- Арт поп музичари
- Музичари од Лос Анџелес
- Американци со шведско потекло
- Американци со норвешко потекло
- Американски мултиинструменталисти
- Американски кантавтори
- Американски гитаристи
- Американски инди рок музичари
- Американски фолк пејачи
- Американски фолк гитаристи
- Американски кантри кантавтори
- Американски алтернативен рок музичари
- Алтернативен рок гитаристи