Бесаме мучо
Бесаме мучо (шпан. Bésame mucho = „Бакнувај ме многу“) е песна на шпански јазик напишана во 1940 г. од мексиканската композиторка и текстописец Консуело Веласкес.
Инспирација
[уреди | уреди извор]За песната, Веласкес се инспирирала од аријата „Поплаки, или Толчникот и славејот“ (Quejas, o la Maja y el Ruiseñor) од шпанската опера „Гојески“ (Goyescas) од Енрике Гранадос[1].
Прв песната ја снимил Емилио Туеро и потоа станала светски хит. Низ децениите песната има доживеано огромен број на аранжмани и изведби од најразлични славни пејачи, и се смета за една од најсниманите во историјата на музиката.
Текст
[уреди | уреди извор]Шпански | Превод |
---|---|
Bésame, bésame mucho, |
Бакнувај ме, бакнувај ме многу, |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Почина авторката на "Бесаме мучо" Архивирано на 4 март 2016 г. - Вест, 25 јануари 2005 (македонски)