Content-Length: 394255 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%BD%D0%B0

Гана — Википедија Прејди на содржината

Гана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Republic of Ghana
Република Гана

Знаме Грб
Гесло"Слобода и правда"
Химна

Местоположба на Гана
Главен градАкра
5°33′N 0°15′W / 5.550° СГШ; 0.250° ЗГД / 5.550; -0.250
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски
Демоним Ганец
Уредување Република
 •  Претседател Нана Акуфо-Адо
 •  Заменик-претседател Махамуду Бавумија
Независност од Велика Британија 
 •  Објавена 6 март 1957 
 •  Република 1 јули 1960 
 •  Сегашен устав 28 април 1992 
Површина
 •  Вкупна 238,535 км2 (81-ва)
 •  Вода (%) 3.5
Население
 •  проценка за 2009 г. 23.837.000[2] (48-ма)
 •  Густина 99.9 жит/км2 (103-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $36.322 милијарди[3] 
 •  По жител $1.571[3] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $17.75 милијарди[3] 
 •  По жител $1000[3] 
ИЧР (2013) 0.573[4]
среден · 138ма
Валута Седи (GHS)
Часовен појас GMT (UTC0)
 •  (ЛСВ) GMT (UTC0)
Се вози на десно
НДД .gh
Повик. бр. 233

Гана (англиски: Ghana) или официјално Република Гана (Republic of Ghana) е држава во Западна Африка. Гана на запад граничи со Брегот на Слоновата Коска, на север со Буркина Фасо и на исток со Того. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Името на државата значи „крал воин“[5] и потекнува од Ганското Царство. Главен град на државата е Акра и службен јазик е англискиот.

Гана била населена пред колонизацијата, најмногу од Акани и акански кралства на источниот брег, додека во внатрешноста била Ашантското Царство, царството на Фанте и уште неколку други царства како тие на народите Га или Еве. По доаѓањето на Португалците во XV век, трговијата со Европејците започнала, додека во 1874 година Гана била британска колонија позната како Златен Брег[6]

Златниот Брег се стекнал со независност во 1957 година и станала прва суп-сахарска африканска држава која се стекнала со независност[7][8][9] и името „Гана“ било избрано за име на новата држава како наследник на Ганското Царство која владеела со голем дел од Западна Африка. Државата е втор најголем производител на какао во светот.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Зборот „Гана“ во буквален превод значи „крал воин“ и била титула на кралот на средновековното Ганско Царство.[10] Географски, царството било 800 километри северно и западно од денешна Гана и таа заземало територии околу реките Сенегал и Нигер и на териториите на државите Сенегал, Мавританија и Мали. По независноста на Златниот Брег, името Гана било земено како ново име на државата на 6 март 1957 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во поголемиот дел од јужните земји од Сахара, по 500 година започнало да се развива земјоделството. Во тоа време започнале да се формираат првите организирани села. Кон крајот на класичната ера, во Западна Африка се создале голем број на кралства, од кои едно од најголемите и првите било Гана. Стара Гана зазимала територии од денешните држави Мавританија и Мали. Пред доаѓањето на европските трговци, Гана била периферно подрачје на кралството кое се наоѓало јужно од Сахара. Првите контакти на трговците од Европа со регионот биле кон XV век. Главно, потчинетото население се користело за трговија со робови, а земјата се експлоатирала за откривање на злато. Велика Британија кон втората половина од XIX век ја зазеле територијата на денешна Гана.

Земјата во 1957 година станала првата земја која добила независност во регионот. Кваме Нкрума станал првиот реководител на земјата. Во 1966 година врз него бил извршен воен удар. По долгогодишни конфликти, на власт во 1981 година дошол Џери Раулингс, кој ги забранил политичките партии и промена на уставот. По воведувањето на повеќепартискиот систем, Џери Раулингс на двапати бил избран за претседател.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Плажа во Гана.

Гана се наоѓа во Западна Африка и има излез на Гвинејскиот Океан. Државата е во близина на екваторот и поради тоа има доста топла клима. Вкупната површина на Гана е 238.500 км2. Гана на исток се граничи со Того, на запад со Брегот на Слоновата Коска и на север се наоѓа Буркина Фасо. Главен град во државата е Акра.

Гана е составена од пет различни географски региони како што се приморскиот, северните висорамнини, шумите во средишниот дел од земјата и на исток се наоѓа планинскиот дел. Басенот на Волта се наоѓа во средишниот дел од земјата. Највисок врв во Гана е Афаџато со висина од 885 метри. Езерото Волта е најголемо вештачко езеро во светот и се наоѓа во источна Гана.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Политиките на Гана се одвиваат во рамките на претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и шеф на владата. Седиштетот на владата е во Златната јубилејна куќа. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и собранието на Гана. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на регионите во Гана
Акра
Кумаси

Гана е поделена на 10 административни региони, кои пак се поделени на 138 окрузи. Регионите на Гана се:


Регион Седиште
Ашанти Кумаси
Бронг-Ахафо Суњани
Волта Хо
Горен западен Ва
Горен источен Болгатанга
Западен Секонди-Такоради
Источен Кофоридуа
Поширока Акра Акра
Северен Тамале
Централен Кејп Коуст

Поголеми градови во Гана се:

Град Население
Акра 3.096.784
Кумаси 2.604.909
Тамале 390.730
Такоради 260.651
Тема 229.106
Тешие 154.513
Секонди 153.900
Кејп Коуст 200.204
Обуаси 147.613
Дунква-он-Офин 108.482

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Гана е држава со голема залиха на природни ресурси и има двојно поголем БНП по глава на жител од останатите држави во Западна Африка. Иако е побогата од околните држави, таа е зависна од меѓународна асистенција и инвестиција. Околу 28% од населението живеат во сиромаштија со 1.25 долари на ден.[11]

Гана е позната по своето злато и денес, како и порани, е една од најголемите призводители на злато. Покрај златото, се извезуваат и какао, дрва, електрична енергија, дијаманти и магнезиум[12] Покрај ова, во 2007 година се открил и извор на нафта.[13]

Работоспособното население на Гана брои околу 11.5 милиони луѓе. Земјоделството зазема околу 37.3% од стопанството и овозможува вработување на околу 56% од работоспособното население. Државна валута на Гана е ганско седи.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]
Методистичка катедрала во Кумаси.

Вкупното население на Гана изнесува 23.837.000 жители. Гана е дом на над 100 различни етнички групи, и за среќа досега нема забележано конфликт на различпните етникуми, како што било во останатите африкански држави[14]. Службен јазик во државата е англискиот, но скоро секој жител говори најмалку уште еден локален јазик.

Етнички, Гана е составена од Акани кои се 49.3% и ги вклучува етничките групи Фанте, Акјем, Ашанти, Кваху, Акрпонг-Акуапем, Нзема, Аброн, Акваму, Аханта и други. Мосите и Дагбоните се застапени со 15.2%, Еве со 11.7% и Га со 7% каде спаѓаат и Адангбе, Ада, Кробо и други. Понатака следуваат Гуани со 4%, Гурма со 3.6%, Гуранси со 2.6%, Манде 1%, Хауса, Џерма и Фула со 1.8% и останати 1.4%.

Во Гана се зборуваат 47 етнички јазици. Англискиот е службен јазик и доминантен јазик во управниот и деловниот сектор. Исто така англискиот се користи во образованието. Јазиците на Ганците се поделени на две подгрупи од групата на Нигер-конгоански јазици. Јазиците кои припаѓаат во групата на ква јазици се зборуваат јужно од реката Волта, додека тие кои припаѓаат во групата на гур јазици се зборуваат северно од реката. Ква јазиците се зборуваат од повеќе од 75% од населението.[15]

Девет јазици имаат државно покровителство: акански, нзема, дагаре, дагбани, адангме, еве, га, гонџа и касем. Иако не е службен, јазикот хауса е лингва франка на муслиманите во Гана.

Религија

[уреди | уреди извор]
Религиозна припадност во Гана
Деноминација 2000 [16] 2010 [17]
Христијани 68.8% 71.2%
Пентекости 24.1% 28.3%
Протестанти 18.6% 18.4%
Католици 15.1% 13.1%
Останати христијани 11% 11.4%
Муслимани 15.9% 17.6%
Традиционална религија 8.5% 5.2%
Нерелигиозни 6.1% 5.2%
Останати 0.7% 0.8%

Христијанството е најголема религија во Гана, со околу 71,2% од населението, кои се припадници на различни христијански деноминации според податоци од 2010 година на пописот во земјата[18]. Обединувачка организација на христијаните во земјата е Христијанскиот Совет на Гана, кој бил основан во 1929 година. Во овој совет има претставници од методистичката, англиканската, менонитичката, презвитеријанската, евангелската, африканската методистичката, христијанската методистичката, евангелско-лутеранската, и други цркви. Адвентистичката црква, која не е членка на христијанскиот совет, има силно присуство во Гана. Националниот католички секретаријат, основан во 1960 година исто така ги координира различните епархии во земјата. Според пописот од 1960 година, 25% биле муслимани, 23% биле традиционалисти, 41% биле христијани, а остатокот (околу 9%) припаѓале на друга религија. Според истиот попис, 25% биле протестанти (Непентекости), 13% биле Римокатолици, 2% биле Пентекости и 1% припаѓале на независни африкански цркви. Верската толеранција во Гана е на многу високо ниво. Христијанските празници Божиќ и Велигден се признати како национални празници.

Верници во Гана
Христијани
  
74,90 %
Муслимани
  
15,80 %
Без Религија
  
4,20 %
Народна Религија
  
4,90 %
Други
  
0,20 %

Гана е држава каде има доста големо културно и етничко шаренило. Ганската култура е мешавина на повеќето етнички групи како Ашанти, Фанте, Акјем, Кваху, Га, Еве, Мампруси, Дагомба и други. Оваа разновидност е доста видлива во локалната кујна и облека. Клучни елемнти со културата се прославите на празниците и фестивалите како на пример хомово, одвира, абоакјер, додолеглиме, хогбецоцо, тедуду, деза, сандема и други. Покрај овие, секоја година се одржуваат и голем број обреди по разни пригоди.

  1. „Emefa.myserver.org“. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 21 December 2010.
  2. Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations.  (консултирано на 2009-03-12)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Ghana“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. Jackson, John G. Introduction to African Civilizations, 2001. Page 201.
  6. MacLean, Iain. Rational Choice and British Politics: An Analysis of Rhetoric and Manipulation from Peel to Blair, 2001. Page 76.
  7. Peter N. Stearns and William Leonard Langer. The Encyclopedia of World History: Ancient, Medieval, and Modern, Chronologically Arranged, 2001. Pages 813, 1050.
  8. „Ghana - MSN Encarta“. Архивирано од изворникот на 2009-11-01. Посетено на 2010-03-04.
  9. „Ghana country profile“. BBC News. 2011-05-17.
  10. „Ghana - MSN Encarta“. Архивирано од изворникот на 2009-11-01. Посетено на 2010-03-04.
  11. Human Development Indices, Table 3: Human and income poverty, p. 35. Посетено на 1 June 2009
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-03. Посетено на 2010-03-05.
  13. „Ghana leader: Oil reserves at 3B barrels - Yahoo! News“. Архивирано од изворникот 2007-12-26. Посетено на 2007-12-26.
  14. „Ghana - MSN Encarta“. Архивирано од изворникот на 2009-11-01. Посетено на 2010-03-04.
  15. LaVerle Berry, уред. (1995). Ghana: A Country Study. Federal Research Division, Library of Congress. стр. 81–82. ISBN 0844408352.
  16. [1]
  17. „Ghana“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2009-05-19.
  18. http://lcweb2.loc.gov/cgi-bin/query/r?frd/cstdy:@field(DOCID+gh0059)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Општо
Вести
Туризам








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%BD%D0%B0

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy