Content-Length: 216430 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D1%80_%D0%B5%D1%81_%D0%A1%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BC

Дар ес Салам — Википедија Прејди на содржината

Дар ес Салам

Координати: 6°48′S 39°17′E / 6.800° ЈГШ; 39.283° ИГД / -6.800; 39.283
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дар ес Салам
Dar es Salaam/Mzizima
Град
Поглед на централното градско подрачје
Поглед на централното градско подрачје
Прекар(и): Бонго, Дар
Дар ес Салам is located in Танзанија
Дар ес Салам
Дар ес Салам
Местоположбата на Дар ес Салам во рамките на Танзанија
Координати: 6°48′S 39°17′E / 6.800° ЈГШ; 39.283° ИГД / -6.800; 39.283
ЗемјаТанзанија
Реони
Управа
 • Градоначалникд-р Дидас Масабури
Површина[1]
 • Град1.590,5 км2 (6,141 ми2)
 • Вода0 км2 (0 ми2)
Население (2002)
 • Метро2.497.940
Час. појасGMT +3

Дар ес Салам (Dar es Salaam од арапски: دار السلام = „залив на мирот“), порано Мзизима (свахили: Mzizima = „здрава паланка“) — најголемиот град во Танзанија и нејзин стопански центар. Градот воедно игра улога на покраина, и е поделен на три вилаети: Кинондони (север), Илала (во средината) и Темеке (југ). Во 2002 регионот Дар ес Салам броел 2.497.940 жители. Иако во 1974 престанал да биде главен град (за сметка на Додома), Дар ес Салам и понатаму претставува седиште за владините управни служби и административен центар на регионот Дар ес Салам.

Историја

[уреди | уреди извор]
Улицата „Кајзерштрасе“, околу 1905

Во XIX век Мзизима била рибарско село на периферијата на индоокеанските трговски патишта.[2][3] Во 1865 или 1866 султанот Маџид бин Саид започнал со изградба на нов град веднаш до Мзизима.[3] Го нарекол „Бандар ес-салам“ (залив на мирот).[3] По смртта на султанот во 1870, градот изгубил на важност, но доживеал преродба во 1887, со доаѓањето на Германската Источноафриканска компанија. Дар ес Салам станал административен и стопански центар на Германска Источна Африка и доживела значаен индустриски раст со изградбата на Централната железничка линија на почетокот на XX век.

Катедралата Св. Јосиф

За време на Првата светска војна Велика Британија ја зазела Германска Источна Африка и земјата го добила името Тангањика. Дар ес Салам останал административно-стопански центар, но Британците го поделиле на европски и африкански делови. Покрај ова, градот имал значителен број на доселеници од јужна Азија. Дар ес Салам го доживеал најголемиот расцут по Втората светска војна.

Со создавањето на Танзанија (спојувајќи ги Тангањика и Занзибар) во 1964, се јавило потреба од поцетрално сместен главен град. Во 1973 е решено управата да се премести во Додома, но и покрај ова, Дар ес Салам до денес ја задржал својата важност.

Географија

[уреди | уреди извор]

Дар ес Салам е сместен на 6°48' ЈГШ, 39°17' ИГД (−6.8000, 39.2833)[4] во голем залив во источниот дел на индоокеанското крајбрежје на Африка.

Административно, градот се дели на три вилаети: Илала, Кинондони и Темеке.

Крајбрежјето во Дар ес Салам

Бидејќи е сместен близу до екваторот и на топлиот Индиски Океан, градот се одликува со тропска клима, што значи дека поголемиот дел од годината е топол и влажен. Годишното количество на врнежи изнесува 1.100 мм, и тоа со две дождовни сезони: „долги дождови“ (во април и мај) и „кратки дождови“ (во октомври и ноември).

Булеварот „Самора Машел“

Стопанство и инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Дар ес Салам е стопански и трговски центар на земјата. Во градот е сместен голем дел од производно-услужните капацитети. Дар ес Салам е и транспортен центар заради неговата крајбрежна положба како пристаниште, но и како јазол на важни патишта и железници. Поради големата економска активност, стапката на сиромаштија во градот е значително помала од онаа во остатокот од земјата. Градот доживува и градежен подем, иако се соочува со енергетски недостатоци. И покрај тоа што во последната деценија ликот на градот е видно изменет, инфраструктурните проблеми остануваат исти. Застарената патна и енергетска мрежа неповолно се одразуваат на стопанството на во земја.

Дар ес Салам е седиште на националниот авиопревозник „Ер Танзанија“.

Во градот има разни музеи, вклучувајќи го Националниот музеј и Селскиот музеј. Недалеку се сместени и Ботаничките градини.

Рушевините во Каоле кај Багамојо

На еден час возење се наоѓа местото Багамојо, каде можат да се видат старите рушевини на местото Каоле. Популарни излетнички места се полуостровот Мсасани на север и местото Кигамбони на југ. Недалеку од градот се и островите што сочинуваат морски резерват, каде може да се разгледа интересна подводна фауна и да се посетат плажите. Во околината се организираат тури на местата каде што се одгледуваат и преработуваат зачини, прошетки низ Камениот Град и средби со карактеристичните црвени мајмуни. За неизоставен дел се смета и сафарито и посетата на националните паркови Селус, Серенгети и паркот на Езерото Мањара.

Универзитети

[уреди | уреди извор]
Салата „Нкрума“ во рамките на Универзитетот на Дар ес Салам

Дар ес Салам е образовен центар на земјата со голем број на установи. Како најважни високообразовни установи се истакнуваат следниве:

  • Универзитет на Дар ес Салам
  • Универзитет „Арди“
  • Универзитет за здравство и сродни науки „Мухибили“ (MUHAS)
  • Отворен универзитет на Танзанија
  • Спомен-универзитет „Хјуберт Каируки“ (HKMU)
  • Меѓународен медицинско-тенолошки униберзитет (IMTU)
  • Меѓународен универзитет „Кампала“

Реони и населби

[уреди | уреди извор]

Градот се дели три вилаети: Илала, Кинондони и Темеке. Со нив управуваат совети.

Кинондони

[уреди | уреди извор]

Кинондони е најнаселениот вилает во градот. Во него живее половина од населението. Има повеќе населби, меѓу кои и некои елитни предградија:

  • Масаки, Ојстер Беј и Ада Естејт
  • Микочени и Риџент Естејт
  • Мсасани
  • Мбези Бич
  • Синза, Киџитоњама, Магомени, Кинондони и Мвенге
  • Кимара и Мбези Луис
  • Манзесе, Тандале, Мванањамала-Кисивани и Кигого

Илала се одликува со најголем број на управни згради и министерства. Тука се наоѓа и централното деловно подрачје („Поста“). Местото воедно претставува и транспортен јазол. Тука е сместен аеродромот, главната железничка станица и станицата Тазара. Жителите се од среден до висок економски слој. Илала ги содржи следниве населби:

  • Упанга и Кисуту
  • Кариаку
  • Табата, Сегереа и Уконга
  • Илала

Темеке е индустриско подрачје, каде се сместени производни капацитети од лесната и тешката индустрија. Тука е и товарното пристаниште. Поради ова, се смета дека Темеке има најголема концентрација на сиромашни граѓани. Во овој вилает живеат и пристанишните чиовници, полициски службеници и воени офицери. Темеке ги содржи следниве населби:

  • Курасини
  • Чангомбе
  • Темеке, Мтони и Тандика
  • Мбагала и Киџичи
  • Кигамбони

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]
  1. површина на регион/покраина
  2. Програма за живеалишта на ООН (2009). Состојбата на африканските градови во 2008 г. ООН-HABITAT. стр. 130. ISBN 9211320151. (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 Brennan, James R.; Burton, Andrew (2007). „The Emerging Metropolis: A history of Dar es Salaam, circa 1862–2000“. Dar es Salaam: histories from an emerging African metropolis. African Books Collective. стр. 13. ISBN 9987449700.
  4. Податоци за земјите Архивирано на 12 август 2005 г. - NGA.mil (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D1%80_%D0%B5%D1%81_%D0%A1%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BC

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy