Content-Length: 314291 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%BD

Ереван — Википедија Прејди на содржината

Ереван

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ереван
Երևան
Панорама на Ереван
Панорама на Ереван
Знаме на ЕреванАмблем на Ереван
Амблем
Ереван is located in Ерменија
Ереван
Ереван
Координати: 40°11′N 44°31′E / 40.183° СГШ; 44.517° ИГД / 40.183; 44.517
ОсновачArgishti I
Управа
 • Видградоначалник
 • градоначалник на ЕреванАјк Марутјан
Површина
 • Вкупна227 км2 (88 ми2)
Надм. вис.&10000000000009894000000989,4 м
Население (2011)
 • Вкупно1,121,900
 • Густина4.896/км2 (12,680/ми2)
Час. појасGMT+3 (UTC+3)
Повик. бр.+374 10
Мреж. местоyerevan.am
Извори: Ереван градот и населението [1]

Ереван (ерменски: Երևան) е најголемиот и главниот град на Ерменија. Тој се наоѓа на реката Храздан и е административен, културен и индустриски центар на земјата. Историјата на Ереван датира од основањето на урартијанската тврдина „Еребуни“ во 782 година од VIII век п.н.е.

Историјата на Ереван започнува во 782 п.н.е. кога кралот Аргишти I од Урарту подигнал тврдини околу Еребун на западните падини на планината Арарат. По првата светска војна градот станал престолнина на Демократска Република Ерменија. Најголем пораст градот доживел во текот на XX век кога Ерменија станала една од 15-те републики на СССР. За само 50 години, градот е трансформиран од град од неколку илјади жители во главен и најважен културен, просветен и индустриски центар на Ерменија.

Според проценките од 2011 година во потесниот дел од градот живееле 1.122.000 жители, а во поширокото градско подрачје нешто помалку од 1.500.000 жители.

Градот Ереван е прогласен на Светска престолнина на книгата во 2012 година од страна на УНЕСКО.

Етимологија и градски симболи

[уреди | уреди извор]

Според некои теории, името на градот потеквуна од ерменскиот крал Јерванд IV (последен крал од династијата Оронтид). Меѓутоа се претпоставува дека името на градот потекнува од старото утврдување Еребун од времена на кралството Урарту, основано од стана на кралот Аргишти I од Урарту, на подрачјето на денешен Ереван во 782 п.н.е. Прилагодувајќи се на терминот од урартски јазик на ерменски јазик дошло до името Ереван (Еребун = Ереван = Ереван = Јереван). До ваква трансформација на имињата дошла историчарката Маргарит Израелијан, споредувајќи ги натписите на две плочи со клинесто писмо пронајдени во тврдината Еребун.

Планината Арарат - симбол на ерменскиот народ и на Ереван

Според рано-христијанските ерменски хроники, кога Ноевиот брод застанал на планината Арарат, по повлекувањето на водата после големиот потоп, Ное извикал „Јереватс“, што може да се преведе како „молитвите се послушани“ или „копното се појави“.

Главниот симнбол на градот е планината Арарат, чиј врв е видлив од секој крај на престолнината. На градскиот грб се наоѓа и крунисан златен лав, со скрипта и слика на Арарат на градите, а испод него е натписот „Ереван“. Грбот е во облик на правоаголен штит со сина рамка.[2]

Химната на градот е усвоена на 27 септември 2004 година и се вика „Еребуни-Ереван“. Градското знаме е со бела боја и во неговиот центар се наоѓа градскиот грб опкружен со 12 мали црвени триаголници кои ги симболизираат 12-те историски престолнини на Ерменија.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Ѕидините на Ереван изградени во 782. година п.н.е.
Урнатините на тврдината Еребун
Храм Свети Грегориј Просветител

Археолошките наоѓалишта сведочат дека урартијанската војна тврдина се викала Еребуни, изградена во 782 п.н.е. по наредба од кралот Аргистис I на местото на денешен Ереван, за да служи како стражарско утврдување против варварските напади од Северен Кавказ, па затоа тоа е еден од најстарите градови на светот. Од тогаш местото било од стратегиско значење како рскрсница на караванските патишта помеѓу Европа и Индија.

Името Ереван го добил уште во 7 век, кога бил главен град на Ерменија под персиска власт.

Поради својето стратегиско значење Ереван со векови бил постојан пример за внатрешни немири и менвање на гостопади, Персијци и ороманци од Турција. Во 1827 година, бил освоен од Русија, а формално се одвоил од Персијците во 1828 година. По руската револуција во 1917 година Ереван три години бил главен град на независната Ерменија, а од 1920 година станал и престолнина на новоформираната Ерменска Советска Социјалистичка Република, една од 15-те републики на Советски Сојуз. Со разпадот на Советскиот Сојуз, Ереван станал главен град на независна Република Ерменија во 1991 година.

Ереван е водечки индустриски, културен и научен центар во кавкаскиот регион. Како центар на ерменската култура, Ереван е и седиште на Ереванскиот државен универзитет (основан во 1920 година), Ерменска академоија на науките, исторсики музеј, опера, музички конзерваториум и неколку технички институции. Ереван има неколку големи јавни библиотеки, поголем број музеи и театри и растителна градина и зоолошка градина. Тој исто така е и важен железнички центар и исто така голем трговски центар на земјоделските производи. Индустријата во градот произведува метал, машини, алати, електрична опрема, хемикалии, текстил и прехранбени производи.

Две најголеми туристички атракции се урнатините во Уратру и римската тврдина.

Аеродромот во Ереван се вика Звартноц. Ерменскиот хотел Мариот се наоѓа во центарот на градот, на плоштадот Република (уште познат и како Храпарак).

Од неодамна, ереванските власти започнаа амбициозен процес на развој во кој становите и зградите од советскиот соцреалистички стил се рушат и се заменуваат со модерни згради. Меѓутоа, овој план за обнова на градот е на удар на опозиијата и неколку жители на зградите.

Значајни личности

[уреди | уреди извор]
  1. Armstat Yerevan
  2. „Symbols and emblems of the city“. Yerevan.am. Архивирано од изворникот на 13 January 2009. Посетено на 2 July 2010.
  3. „Yerevan (Municipality, Armenia)“. CRW Flags. Посетено на 2 July 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%BD

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy