Content-Length: 115086 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD

Иванден — Википедија Прејди на содржината

Иванден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иванден
Иванден
Руска икона на раѓањето на Јован Крстител од 16 век
Го празнува(ат)Христијанските и нехристијански земји
Видхристијански
ЗначењеДен на раѓањето на Јован Крстител
Датум24 јуни/7 јули
Обичаиобредно пеење, ритуали

Иванден — еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов. Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот сонцестој, односно со периодот на долгодневицата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот сонцестој, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања. Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало трипати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јавил на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверувал веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врзал со немост, па останал нем сѐ до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собрале роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на Младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашале таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напишал на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврзал во тој час и тој почнал да говори. Домот Захариев бил на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јавил ангелот Божји, дека онемел, а потоа му се одврзал јазикот штом го напишал името Јован, се разнесел по сиот Израил. Овој глас стигнал и до Ирод. Затоа Ирод, кога испратил да се заколат децата во Витлеем, пратил луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокрила детето. Разјарен од ова, царот Ирод испратил џелати кај Захарија во храмот да го убијат. Захариј бил убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засирила и се скаменила на плочите и останала како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се сокрила во една пештера, во којашто набрзо таа умрела. Младенецот Јован останал сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.[1]

На ден Иванден арно е да се збираат секакви билки и тревки, многу за арно било: са година здрав ќе бил

Марко Цепенков
Традиционално за празникот Иванден се прават кравајчиња

Најпознат обичај на Прославата на Иванден е Тајане. Тоа претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден (7 јули /24 јуни)[2]. Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Иванден како мотив во уметноста

[уреди | уреди извор]
  1. Житие: Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов
  2. Лепа Спировска, Кон проучувањето на обичајот Тајане во некои места на Македонија, „Македонски фолклор“, VI, 12, Скопје, 1973;
  3. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 162-164.
  4. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 295.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy