Content-Length: 100565 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%84%D1%82

Копилефт — Википедија Прејди на содржината

Копилефт

Од Википедија — слободната енциклопедија
"Обратното c" е симболот на копилефт. Тој сѐ уште нема правно значење.

Копилефт (англиски: copyleft) е збир на лиценци кои ги дефинираат авторските права и правата на корисници на творби на човечкиот ум како што се разни видови на софтвер, пишани дела и уметнички искази.

Концептот и примената на авторски права стануваат се поконтроверзни и глобалниот консензус околу нивната улога и значење денес е битно нарушен. Појавата на копилефт е еден од чинителите на ова промена.

Застапниците на копилефт сметаат дека традиционалната и вообичаената примена на авторски права има за резултат претерана и нецелесообразна рестрикција на употребата на творбите на човечкиот ум. Глобалната примена на авторските права, од година во година, станува сè построга поради законските промени во САД и Европската Унија кои го имаат продолжено рокот на важење на авторските права до 95 години и кои водат меѓународна политичка акција на хармонизација на туѓи национални закони, без обѕир на развојните потреби и економско-политичката реалност во други земји и краишта.

Копилефт во својата борба не предлага промена на закони, ниту реформулација на концептите на авторски права и интелектуални творби. Копилефт предлага на авторите и сопствениците на авторските права да ги искажат своите права и правата на корисниците преку јасно дефинирана и со што помалку ограничувања, формулирана лиценца. Единствена прифатлива рестрикција за копилефт би била таа која има за цел да овозможи што пошироко користење на една творба, вклучувајќи го нејзиното натамошно копирање, преправување и редистрибуција. Како искажана лиценца, копилефт бара еднаква заштита и почит од законот, судските органи и граѓанството. Таква копилефт лиценца е и ГНУ Општа Јавна Лиценца која речиси доживеа и практична правна потврда во европските судови (види: Harald Welte против Sitecom). Врз основа на оваа лиценца функционира и проектот Википедија.

Инаку Копилефт користи традиционални правни и судски концепти, форми и структури врзани за авторските права, неговата цел е да "ослободи" и одржи во слобода што поголем број и обем на интелектуални творби. Копилефт не е исто што и "Јавен Домен" (Public Domain), бидејќи творби во јавна сопственост не се под правна заштита во смисла на нивните авторски права и немаат формално искажана лиценца.

Копилефт лиценца може да конципира секој, но најпознатите потекнуваат од Фондацијата за Слободен Софтвер, Иницијативата за отворен код и организацијата Криејтив комонс (Creative Commons).









ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%84%D1%82

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy