Content-Length: 124137 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BF%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC

Оптимизам — Википедија Прејди на содржината

Оптимизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Берлински ѕид – западната страна на ѕидот е покриенa со графити коишто отсликуваат надеж и оптимизам -1989

Оптимизам — ментален став или поглед на светот кој ги толкува ситуациите и настаните како најдобри (оптимизирани), што значи дека на некој начин за фактори коишто не можат да бидат потполно разберени, сегашниот момент е во оптимална состојба. Концептот обично е проширен за да го вклучи и ставот на надеж за подобри идни услови коишто исто така се оптимални.[1] Поширокиот концепт на оптимизмот е сфаќањето дека сè од природата, минатото, сегашноста и иднината, функционира со законите за оптимизација по примерот на принцпот на Хамилтон на оптимизација во областа на физиката. Ова сфаќање, иако е критикувано од контра ставовите како што се песимизам, иделизам и реализам, доведува до состојба на умот којшто верува дека сè е онака како што треба да биде и дека иднината исто така ќе биде добра. Вообичаен идиом којшто се користи за илустрирање на оптимизам наспроти песимизам е чаша полунаполнета со вода, каде што оптимистот вели дека ја гледа чашата како полуполна, но песимистот ја гледа чашата како полупразна.

Зборот првично е изведен од латинскиот оптимум, што значи „најдобро“. Да бидеш оптимист во буквална смисла на зборот во крајна линија значи дека го очекуваш најдобриот можен исход од било која дадена ситуација. Ова обично во психологија е наведено како диспозициски оптимизам.

Меѓутоа истражувачите понекогаш поимот го операционализираат во зависност од нивното истражување. На пример, Мартин Селиџмен и неговите колеги истражувачи го дефинираат во рамки на експланаторниот стил којшто е основан на начинот на кој ги објаснуваме настаните во животот. Како и за било која лична одлика, постојат неколку начини за да се оцени оптимизмот како што се разни форми на тестот за ориентација во животот, за оригиналната дефиниција на оптимизам, или прашалникот со атрибутивен стил наменет да го тестира оптимизмот од аспект на експланаторен стил.

Додека наследноста на оптимизмот во голема мера е дискутабилна, повеќето истражувачи се согласуваат дека изгледа до некој мал степен тоа е биолошка особина но, исто така, сметаат дека оптимизмот има поголема врска со факторите на животната средина што во голема мера го прави научена особина. Исто така се сугерира дека оптимизмот може да изгледа наследна особина бидејќи тој всушност е манифестација на комбинирани особини кои претежно се наследни, како интелигенцијата, темпераментот и алкохолизмот. Оптимизмот исто така може да биде поврзан со здравјето.

Експланаторен стил

[уреди | уреди извор]

Експланаторниот стил е различен, иако е поврзан со потрадиционалната, потесна дефиниција на оптимизам. Овој поширок концепт е основан на теоријата дека оптимизмот и песимизмот се извлекуваат од одредениот начин на кој луѓето ги објаснуваат настаните. Постојат три димензии во рамките на типични објаснувања кои вклучуваат внатрешно наспроти надворешно, стабилно наспроти нестабилно и глобално наспроти специфично. Оптимистичните оправдувања спрема негативните искуства се припишуваат на факторите надвор од себеси (надворешни), не е веројатно да се случат доследно (нестабилни) и се ограничени специфични животни домени (специфични). Позитивните искуства би биле оптимистички означени како спротивното: внатрешни, стабилни и глобални. Има многу дебати за односот меѓу експланаторниот стил и оптимизмот. Некои истражувачи тврдат дека воопшто не постои голема разлика; оптимизмот е само лаички термин за она што научниците го нарекуваат експланаторен стил. Други тврдат дека ескпланаторниот стил е важен за својот концепт и не треба да биде компатибилен со оптимизам. Генерално се смета дека иако тие не треба да се користат заемно, диспозициониот оптимизам и ескпланаторниот стил барем се поврзани маргинално. На крајот на краиштата, проблемот е едноставен дека мора да се направи или да се дефинира „мост“ или дополнително разликување помеѓу овие концепти.

Филозофски оптимизам

[уреди | уреди извор]

Филозофите често го поврзуваат концептот на оптимизмот со името на Готфрид Вилхелм Лајбниц, којшто рече дека живееме во најдобриот од сите можни светови, или дека Господ го создал физичкиот универзум кој се однесува според законите на физиката, коешто Волтер славно го исмеа во неговиот сатиричен роман „Кандид“. Филозофскиот песимизам на Вилијам Годвин покажа можеби дури и повеќе оптимизам отколку Лајбниц. Тој се надеваше дека општеството на крајот ќе ја достигне состојбата каде што причината за мир би ги заменила сите насилства и сила, дека умот на крајот би можел да направи разлика за неговото потчинување, и дека разузнувачите би можеле да ја откријат тајната на бесмртноста.

Панглосианизам

[уреди | уреди извор]

Терминот „панглосианизам“ го опишува неоснованиот оптимизам од типот на примерот на верувањата на Панглос од „Кандид“ на Волтер коишто се спротивни со песимизмот и акцентот на добрата волја на неговиот сопатник Мартин. Фразата „панглосианиски песимизам“ се користи за да се опише песимистичкиот став, бидејќи ова е најдобриот од сите можни светови, дека е невозможно било што да се подобри. Парадигмата на панглосианизмот е термин скован од страна на Стивен Џеј Гулд и Ричард Левонтин да се однесува на идејата дека сè е специјално прилагодено да одговара на специфичните намени. Наместо тоа, тие тврдат дека несреќи и преадаптација (употреба на старите функции за нови цели) играат важна улога во процесот на еволуција. Некои други научници сепак ја тврдат импликацијата дека е бламирање тоа што многу (или повеќето) адаптионисти се панглосианисти. Зошто луѓето веруваат во чудни нешта: псевдонаука, суеверие и други забуни од нашето време, Мајкл Шермер го поврзува Франк Џ. Типлер со Панглос, ликот на Волтер, за да покаже како паметните луѓе се лажат себеси. Шермер ја истражува психологијата на научниците и деловните мажи кои се откажале од нивните кариери во нивната потрага да ги емитуваат нивните паранормални верувања. Во неговото последно поглавје, додадено во ревидираната верзија, Шермер објаснува дека „паметните луѓе“ можат да бидат поподложни на верувањето во чудни нешта.

Оптимализам

[уреди | уреди извор]

Оптимализмот, како што е дефиниран од страна на Никола Решер, смета дека овој универзум постои бидејќи е подобар од алтернативите. Оваа филозофија е компатибилна со атеизам додека не ја исклучи можноста за божество, ниту пак бара такво нешто. Психологот за позитивна психологија Тал Бен-Шахар користи оптимализам да означи подготвеност за прифаќање неуспех додека останува убеден дека ќе има успех, позитивен став којшто е во спротивност со негативниот перфекционизам. Перфекционизмот може да се дефинира како постојан компулзивен нагон кон недостижни цели и вреднување само врз основа во рамките на остварувањето. Перфекционистите ги одбиваат реалностите и ограничувањата на човечките способности. Тие не можат да прифатат неуспеси, одложувајќи го секое амбициозно и продуктивно однесување во страв од повторен неуспех. Оваа невротичност може дури да доведе до клиничка депресија и ниска продуктивност. Како алтернатива на негативниот перфекционизам Бен Шахар предложува усвојување на оптимализам. Оптимализмот овозможува неуспех во извршување на некоја цел и го очекува тоа додека трендот на активноста ќе се стреми кон позитивното дека не е неопходно секогаш да се победува при стремежот за постигнување цели. Оваа основа во реалноста го спречува оптималистот да биде совладан во лицето на неуспехот. Оптималистите ги прифаќаат неуспесите и исто така учат од нив коешто ги охрабрува во натамошна потрага за достигнувања. Д-р Тал Бен-Шахар верува дека оптималистите и перфекционистите покажуваат посебни различни мотиви. Оптималистите имаат тенденција да се со посвојствени, внатрешни желби, со мотивација да научат. Додека пак перфекционистите се повисоко мотивирани од потребата постојано да се докажуваат себеси.









ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BF%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy