Content-Length: 212064 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%81

Пол Сколс — Википедија Прејди на содржината

Пол Сколс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пол Сколс
Лични податоци
Полно име Пол Арон Сколс[1]
Роден на 16 ноември 1974(1974-11-16)(50 г.)
Роден во Олдам, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001710000001,71 м[2]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 12 мај 2013 (38 г.)
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–2013 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 499 (107)
Репрезентација
1993 Англија Англија 18 3 (0)
1997-2004 Англија Англија 66 (14)
Раководител на екипите
2011–2012 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед (Резерви)
2014 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед (Асистент)
2015 Салфорд Сити Салфорд Сити
2019 Олдам Атлетик Олдам Атлетик
2020 Салфорд Сити Салфорд Сити
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Пол Арон Сколс (роден на 16 ноември 1974 во Олдам) — англиски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Сколс целата своја кариера ја поминал во екипата на Манчестер Јунајтед, за која играл во периодот 1994-2013. Како производ на академијата на црвените ѓаволи, Сколс го направил своето деби за Манчестер Јунајтед во сезоната 1994-1995 под водството на менаџерот Сер Алекс Фергусон. Оттогаш тој станал еден од најстандардните играчи и освоил 25 титули со клубот, вклучувајќи 11 титули во Премиер лигата и две титули во Лигата на шампионите.[3][4][5] Во мај 2011 година, тој го најавил своето завршување на играчката кариера и ја преземал фунцијата тренер во резервниот тим, но во јануари 2012 се предомислил и се вратил во клубот играјќи уште околу година и половина до конечното пензионирање во мај 2013.[6][7] Вкупно за Манчестер Јунајтед одиграл 718 натпревари, со кои денес се наоѓа на третото место по бројот на настапи за клубот.

Сколс ја претставувал англиската репрезентација од 1997 до 2004 година, забележувајќи 66 настапи и учествувал на две светски (во 1998 и 2002) и две европски првенства (2000 и 2004). Сколс го најавил своето повлекување од репрезентативниот фудбал во август 2004 година, наведувајќи ги како поважни семејниот живот и клупската кариера во Манчестер Јунајтед.

По завршувањето на играчката кариера, Сколс работел како менаџер во Олдам Атлетик и Салфорд Сити.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Се смета за еден од најсилните централни играчи за врска во неговата генерација, почестен меѓу многумина и од Зинедин Зидан (кој го смета за „најдобриот играч за врска на нивната генерација и најтешкиот противник со кои се соочил“[8]) и од Чави (кој во 2011 година признал дека отсекогаш бил обожавател на англискиот играч за врска, сметајќи го за „најдобриот централен играч за врска во последните 15-20 години“)[9] Сколс бил комплетен играч за врска и покрај тоа што страдал од астма, болест што го принудувала да пие аеросол пред секој натпревар. Сколс созревал во универзален, жилав и разноврсен плејмејкер, способен да игра на која било позиција во средниот ред, често наизменично помеѓу дефанзивните, напаѓачките, надворешните и плејмејкерските улоги, поради неговата издржливост, визија, тимска работа и чувството за позиција. Тој поседувал извонреден опсег на додавања и често иницирал опасни напади по освојувањето на поседот на топката.[10]

Англија Манчестер Јунајтед

[уреди | уреди извор]
1995–1996, 1996–1997, 1998–1999, 1999–2000, 2000–2001, 2002–2003, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009, 2010–2011, 2012–2013
1995–1996, 1998–1999, 2003–2004
2008-2009, 2009-2010
1996, 1997, 2003, 2008, 2010
1998-1999, 2007-2008
1999
2008
  1. Hugman, Barry J. (2005). The PFA Premier & Football League Players' Records 1946–2005. Queen Anne Press. стр. 548. ISBN 1852916656.
  2. „Paul Scholes Profile“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 10 July 2011.
  3. „The big interview: Paul Scholes – "People blamed Sven for me quitting England, but I'd played on the wing for Man United and scored a lot of goals". FourFourTwo. 19 April 2017.
  4. Sealey, Louis (26 February 2017). „Thierry Henry: This Premier League legend was the best player I EVER faced“. metro.co.uk.
  5. „Francesco Totti turns 40: Football's greatest one-club men“. The Telegraph. 27 September 2016.
  6. „Sir Alex Ferguson's Old Trafford farewell in pictures“. BBC Sport. 12 May 2013.
  7. „Paul Scholes: Manchester United midfielder's career in pictures“. BBC Sport. 12 May 2013.
  8. Richard Tanner. „Zinedine Zidane: Paul Scholes was my toughest rival“ (англиски). Посетено на 18 март 2016.
  9. Sid Lowe (11 февруари 2011). „I'm a romantic says Xavi, heartbeat of Barcelona and Spain“ (англиски). The Guardian. Посетено на 22 септември 2015.
  10. „Who is better: Scholes or Gerrard?“. The Manchester Evening News. Посетено на 18 December 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%81

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy