Славој Жижек
Славој Жижек | |
---|---|
Славој Жижек во Ливерпул, 2008 г. | |
Роден(а) | 21 март 1949 Љубљана, НР Словенија, ФНРЈ |
Школа | хегелијанство психоанализа марксизам |
Претежна дејност | онтологија · теорија на филмот психоанализа идеологија · теологија марксизам |
Влијаел врз
|
Славој Жижек (словенечки: Slavoj Žižek; р. 21 март 1949) — словенечки филозоф и критичар на културата[1] кој работи во традициите на хегелијанството, марксизмот и Лакановата психоанализа. Има придонесено за развојот на политичката теорија, теоријата на филмот и теоретската психоанализа. „Еден од најпознатите јавни интелектуалци на светот“, според Џон Н. Греј[2], се смета дека „Жижек е денес она што Жак Дерида беше во осумдесеттите: омилен мислител за младата европска интелектуална авангарда“.[3]
Жижек работи како виш истражувач на Институтот за социологија и филозофија при Универзитетот во Љубљана, Словенија, а и како професор на Европската Постдипломска школа.[4] Како визитинг професор предавал и на Универзитетот во Чикаго, Универзитетот Колумбија, Лондонскиот Конзорциум, Универзитетот Принстон, Универзитетот во Њујорк и низа други. Во моментов е интернационален директор на Институтот за општествени науки Биркбек при Лондонскиот универзитет и претседател на Здружението за теоретска психоанализа од Љубљана.[5]
Жижек користи примери од популарната култура да ја објасни теоријата на Жак Лакан и користи Лакановата психоанализа, хегеловска филозофија и марксистичка критика на економијата за да ги толкува и зборува за совреемените општествени феномени, меѓу кои финансиската криза која започна во 2007 г. Во 2008 година во интервју со Ејми Гудман се опишал себеси како „комунист во квалификувана смисла“, а во 2009 г. како „радикален левичар“.[6][7]
Жижек е атеист. Има изјавено дека не ја смета религијата за непријател туку за едно од полињата на борба. Тој исто така се има нарекувано и „христијански материјалист“. Тој верува дека универзалистичкиот аспект на христијанството треба да се секуларизира во милитантнен егалитаризам, наспроти „паганското сфаќање на судбина“[8] Овој универзализам тој го изведува од она за што верува дека е наводната христијанска смрт на Бог: Бог умрел на крстот и живее понатаму како „Светиот дух“, односно, во човечката заедница.[се бара извор]
Во 2006 г. Жижек напиша мислење објавено во Њујорк тајмс насловено „Атеизмот е наследство за кое вреди да се бориме“ и искажа поддршка за пропагирањето на атеизмот на континентот.[9] Има напишано повеќе дела за реинтерпретацијата на религиозното или теолошкото, како „Куклата и џуџето“, „За верувањето“ и „Кршливото апсолутно“.
Признание
[уреди | уреди извор]Жижек беше изгласан на 25 место во Анкетата за 100 врвни јавни интелектуалци во 2010.[10]
Библиографија
[уреди | уреди извор]Други цитирани дела
[уреди | уреди извор]- Canning, P. "The Sublime Theorist of Slovenia: Peter Canning Interviews Slavoj Žižek" in Artforum, Issue 31, March 1993, pp. 84–9.
Критички вовед за мислата на Жижек
[уреди | уреди извор]- Christopher Hanlon, "Psychoanalysis and the Post-Political: An Interview with Slavoj Žižek." New Literary History 32 (Winter, 2001).
- Tony Myers, Slavoj Žižek (London: Routledge, 2003).
- Sarah Kay, Žižek: A Critical Introduction (Cambridge: Polity, 2003).
- Ian Parker, Slavoj Žižek: A Critical Introduction (London: Pluto Press, 2004).
- Matthew Sharpe, Slavoj Žižek, a little piece of the Real (London: Ashgate, 2004).
- Rex Butler, "Slavoj Žižek: Live Theory" (London: Continuum, 2005).
- Jodi Dean, Žižek's Politics (London: Routledge, 2006).
- Walter A. Davis, "Slavoj Zizek, or the Jouissance of the Abstract Hegelian" in Death's Dream Kingdom (London: Pluto Press, 2006).
- Adam Kotsko, Žižek and Theology (New York: T & T Clark, 2008).
- Marcus Pound, Žižek: A (Very) Critical Introduction (Interventions) (Grand Rapids: Eerdmans, 2008).
- Adrian Johnston, Žižek's Ontology: A Transcendental Materialist Theory of Subjectivity (Evanston: Northwestern University Press, 2008).
- Adrian Johnston, Badiou, Žižek, and Political Transformations: The Cadence of Change (Evanston, Northwestern University Press, 2009).
- Dominik Finkelde, Slavoj Žižek zwischen Lacan und Hegel. Politische Philosophie, Metapsychologie, Ethik (Wien: Turia + Kant, 2009).
- Paul A. Taylor, Žižek And The Media (Cambridge: Polity Press, 2010).
- Raoul Moati (ed.), Autour de S., Žižek, Psychanalyse, Marxisme, Idéalisme Allemand, Paris, PUF, "Actuel Marx", 2010
- Fabio Vighi, On Žižek’s Dialectics: Surplus, Subtraction, Sublimation, (Continuum, 2010).
- Matthew Sharpe and Geoff Boucher "Zizek's and Politics: A Critical Introduction" (Edinburgh University Press, 2010)
- Chris McMillan, "Žižek and Communist Strategy: On the Disavowed Foundations of Global Capitalism" (Edinburgh University Press, 2012)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „International Journal of Žižek Studies, home page“. Посетено на December 27, 2011.
- ↑ John Gray (July 2012). „The Violent Visions of Slavoj Žižek“. New York Review of Books. Посетено на 27 June 2012.
- ↑ O'Hagan, Sean (27 June 2010). „Slavoj Žižek: interview“. The Observer.
- ↑ „Slavoj Zizek Faculty Page at [[European Graduate School]] (Biography, bibliography and video lectures)“. European Graduate School. Посетено на 2010-09-23. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ Revija Problemi (30 October 2007), Society for Theoretical Psychoanalysis, Ljubljana, Slovenia Cultural Profiles Project
- ↑ Democracy Now! television program online transcript, 11 March 2008.
- ↑ „Slovenian Philosopher Slavoj Zizek on Capitalism, Healthcare, Latin American "Populism" and the "Farcical" Financial Crisis“. Democracynow.org. Посетено на 2010-08-13.
- ↑ I am a Fighting Atheist: Interview with Slavoj Zizek Архивирано на 6 септември 2011 г., Bad Subjects, February 2002.
- ↑ Zizek, Slavoj. Atheism is a legacy worth fighting for. New York Times. March 13, 2006.
- ↑ „Intellectuals“. Prospect magazine. 2009. Архивирано од изворникот на 2009-09-30. Посетено на 11 July 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Славој Жижек“ на Ризницата ? |
- Славој Жижек на Curlie (англиски)
- Факултетска страница на Жижек — EGS
- Славој жижек — Семрежна енциклопедија на филозофијата
- Статии со непотврдени изјави since November 2010
- Словенечки филозофи
- Марксистички филозофи
- Марксистички теоретичари
- Југословенски дисиденти
- Луѓе од Љубљана
- Родени во 1949 година
- Апсолвенти на Парискиот универзитет
- Членови на Словенечката академија на науките и уметностите
- Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет
- Афористи