Танго музика
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Танго Музика — вид на музика приспособена за стандардни танци во 2/4 и 4/4 такт создадено од европските доселеници во Аргентина и Уругвај. Традиционално се свири во секстет попознат како оркеста типика на две виолини, пијано, контрабас и два бандонеона (вид хармоника), додека во пораните форми на ансамбли понекогаш се придружувале и флејта, кларинет и гитара. Тангото може да се свири со придружба на вокал или пак да е исклучиво инструментално. Најпознато е ширум светот придружувано од танцот танго.[1]
Потекло
[уреди | уреди извор]Иако денешните форми на танго музика се развиле во Аргентина и Уругвај во средината на 19 век, постојат и снимени извори за постоењето на тангото од XVIII и XIX век во Шпанија и Куба. Во сите извори се истакнува влијанието од тогашните африкански заедници и нивните специфични ритми додека за тангото клучна улога во неговото дефинирање играат инструментите и техниките, слични на salon music, донесени од европските доселеници во 20 век кои ќе придонесат многу за тангото во подоцнежниот развој. Првиот снимен танго звук е од француската национална гарда во Париз а го снимил Ангел Вилолдо. Во ова време во Аргентина сè уште не постоело студио за снимање па поради тоа Вилолдо морал да снима во францускиот главен град. Многумина веруваат дека тангото е родено во Буенос Аирес каде доселениците од Европа се забавувале свирејќи . Првата генерација на танго музичари е СТАРАТА ГАРДА. Кон крајот на 19 век оваа мешавина од салон, европска и африканска музика се слушала низ оваа метропола во која имало100 000 мажи повеќе од жени. Првично била омилена во круговите на гангстерите и разбојниците кои ги посетувале борделите. Танцот кој произлегува од оваа толку богата музика бил создаден во тоа опкружување во која се нагласува машкоста предизвикувајќи олуја од емоции и агресивност. Музиката се свирела во трио на инструменти како флејта, гитара и виолина или бандонеон кој дошол кон крајот на 19 век а механичкиот музички инструмент вергл популаризирал одреден број на песни. Главниот виновник за популаризацијата на бандонеонот е Едуардо Аролас кој заедно со Висенте Греко го стадардизирал танго секстетот во кој учествувале пијаното, контрабасот, двете виолини и двата бандонеона. Како и другите форми на популарна музика и тангото се создава меѓу долната класа на луѓе а неговото влијание е неприфатливо од ситуираните Аргентинци кои сакале да го спречат ширењето. И покрај сето исмевање некои луѓе од погорната класа како писателот Рикардо Гиралдез биле големи обожаватели.Тој играл улога во популаризацијата на тангото кое го освоило светот до крајот на Првата светска војна и напишал поема посветена на тангото (Танго) vo koja ja опишува музиката како „севпивачка љубов на тиранин кој љубоморно го чува својот доминант врз жените покорно предадени како послушни ѕверови. Младиот Герардо Матос Родригес од Уругвај ја компонира најпознатата танго песна наречена Ла Кумпарсита како марш создадена во 1916 година.
Аргентинските корени на тангото
[уреди | уреди извор]Покрај глобалното влијание споменато погоре раниот вид на танго произлегува од пајадата (поезија придружувана со музика), милонгата од Пампас, и аргентинското кандомбе. Во Аргентина милонгата постои уште од средината на 18 век а првиот пајадор запаметен е Сантос Вега. Корените на милонгата се наоѓаат во Пампа со силно африканско влијание особено локалната кандомбе (поврзано со современото кандомбе во Буенос Аирес). Се верува дека првото кандомбе се развивало во Аргентина со доаѓањето на првите робови во земјата.
Иако зборот танго за да го опише танцот/музиката бил употребуван уште од 1823 година во Хавана, Куба, првиот пишан извор во кој се патентира овој поим потекнува од 1866 година во статија во еден од дневните весници каде се цитирани делови од песната Ла Кокета (аргентиско танго).Во 1876 година танго-кандомбе песната Ел Меренгенге станала многу позната по доживеаниот успех на афро-аргнтинскиот карневал одржан во февруари истата година. Отсвирена на гитара, виолина и флејта со придружба на афро-аргентинските кандомбе тапани. Ова се смета за клучната точка на раѓањето и развојот на тангото.
Првиот танго состав се состои од двајца афро-аргентинци, афроамериканецот Касимиро Алкорта кој свири на виолина и мулатот Синфоросо на кларинет. Тие заедно изведувале мали концерти во Буенос Аирес уште од почетокот на седумдесеттите години на 19 век. Касимиро е автор на Entrada Prohibida (Забранет пристап) а со тоа го потпишал за браќата Теисере, Ла јапа и Конча сусиа која подоцна била изменета и потпишана од Ф.Канаро под името Кара сусиа (валкано лице). Неблагодарно е да се напомене дека ова дуо е автор и изведувач на повеќе танго песни кои се потпишани како анонимни. Пред почетокот на 20 век познати изведби на танго песни биле :"El queco" (анонимна, изведена од кларинетисото Лино Галеано 1885),"Señora casera" (анонимна 1880), "Andate a la recoleta" (анинимна 1880),"El Porteñito" (изведена од Спаниард Габриел Диез 1880),"Tango Nº1" (Jose Machado - 1883), "Dame la lata" (Juan Perez, 1888),"Que polvo con tanto viento" (анонимна 1890),"No me tires con la tapa de la olla" (A.A. 1893), "El Talar" (Prudencio Aragon – 1895). Најпрвата снимка на целосна музичка танго изведба на која за жал не е познат авторот е "La Canguela" (1889) која се наоѓа во музејот во градот Скоре Росарио. Од друга страна пак првата официјално издадена танго песна е "El entrerriano" која била пуштена во етерот во 1896 година а издадена две години подоцна од страна на афро-аргентинецот Розендо Мендизабал. Во преминот на старото танго гриоло (милонга од Пампас со примеси од афро-аргентинското кандомбе и Хабанера) и тангото од Старата Гарда се свиреле песните: : Ángel Villoldo ("El choclo", 1903) ("El Pimpolla", 1904), ("La Vida del Carretero", 1905) y ("El Negro Alegre", 1907), de Gabino Ezeiza ("El Tango Patagones", 1905), y de Higinio Cazón ("El Taita", 1905). Првото танго снимено од оркестар е Дон Жуан чиј автор е Ернесто Понзио а го извел оркестарот на Винсент Греко.
1920 и 1930 година, Карлос Гардел
[уреди | уреди извор]Започнyвајќи во Франција популарноста на тангото драстично се популаризирала во Европа. Суперѕвездата Карлос Гардел кој подоцна станал секс симбол на своето време го донел тангото на сцената презентирајќи го на нова публика, особено на онаа во Соединетите држави, покажувајќи ја неговата сензуална страна дотогаш невидена на филмското платно. Во дваесеттите години на 20 век од долнокласните бордели тангото преминува во почитувана форма на музика и танц. Музичарите како Роберто Фирпо и Франциско Канаро ја заменуваат флејтата со контрабасот додека текстовите остануваат типично мачо во кои ги обвинуваат жените за безбројните скршени срца преку движењата кои се прилично сексуални и агресивни. Карлос Гардел бил главниот виновник за преминувањето на тангото од нискокласна ганстерска музика во почитуван среднокласен танц. Тој потпомогнал и во настанувањето на танго пеењето во дваесеттите години на 20 век и како таков станал еден од најпопуларните танго изведувачи на сите времиња. Тој го создал Златното време на тангото
Гарделовата смрт донела нов бран на движења во тангото каде се судриле традиционалистите Родолфо Биаџи и Хуан Дариенцо наспроти современиците Анибал Троило и Карлос ди Сарли.
Златното време на тангото
[уреди | уреди извор]Златната доба на танго музиката и танцот воглавно припаѓа на периодот од 1935 до 1952 година . Едни од најпопуларните и највлијателните оркестри се оние на Хуан Дариенцо, Фрабциско Канаро и Анибал Троило. Дариенцо бил познат по името "Rey del compás"(Кралот на битот) поради неговите упорни и непрекинати ритми кои можат да се слушнат на повеќе снимки. За таквиот пристап кон музиката доказ ни е песната "El flete". Раните изведби на Канаро се воглавно и најбавните но и налесни за танцување и поради тоа се најчесто свирени на танцовите забави (милонги). Еден таков класичен пример е "Milonga Sentimental".
Во почетокот на ова Златно време но и подоцна оркестрите на Освалдо Пуглиезе иКарлос ди Сарли придонеле за снимање на повеќе песни. Ди Сарли е познат по нежниот, елегантен звук во кој јасно се слушаат жиците и пијаното над бандонеонот. Овој збук особено се препознава во песните "A la gran muñeca" и"Bahía Blanca" (името на неговиот град). Првите снимени звуци на Пуглиезе не биле нешто поразлични од оние на другите оркестри но тој е оној кој создал комлексен, богат а понекогаш и дисхармоничен звук кој може да се слушне во неговите авторски дела како "Gallo ciego", "Emancipación" и "La yumba. Подоцнежниот звук на Пуглинезе бил наменет за публика но не за танцување иако е често искористувана за сценска кореографија поради драматичниот потенцијал а понекогаш свирена и на милонгите кои траеле сè до доцните часови.
Танго нуево
[уреди | уреди извор]Понатамошниот развој на тангото го предводел Астор Пјацола со Adiós nonino која станала една од влијателните танго изведби по Гарделовата El día que me quieras . Во педесеттите години на 20 век Пјацола свесно започнал да создава поакадемска форма на танго со нови звуци оттргнувајќи се од неговата класична форма и потсмевајќи се на старите создавачи на тангото. Во седумдесеттите години во Буенос Аирес се создава цврста врска помеѓу џез музиката и тангото. Лито Небиа и Сигло XX биле особено познати во овој правец на создавање. Во седумдесеттите и осумдесеттите вокалниот октет Буенос Аирес 8 снимил повеќе класични танго песни со изменети ангажмани односно со покомплексни хармонии и џез влијание но исто така снимиле и албум со композициите на Пјацоала. Од таканаречената пост- Пјацола генерација (1980-) излегле Дино Салуци, Родолфо Медерос, Густаво Бејтелман и Хуан Хосе Мосалини. Следбениците на Пјацола го развиле звукот на танго-нуеве експериментајќи со џезот и класиката.
Нео Танго
[уреди | уреди извор]Развивањето на тангото не запира тука. Следните примери не се во полето на споменатото танго нуево бидејќи ваквата класификација е направена од денешна гледна точка отколку во текот на развојот. Новите трендови се опишуваат како електро танго и танго-спој каде влијанието на електро звуците е достапно од многу суптилно до прилично доминантно. Тангето и Карлос Либедински даваат добар пример за внесувањето на суптилни електро танго звуци .Нивната музика сè уште дише во комплексните ритмички и мелодични преплеткувања и со тоа ја задржува неговата уникатност.
Готан проџект е групата оформена во Париз 1999 година од музичарите Филип Коен Солал, Едуардо Макароф и Кристоф Милер. Тие ги имаат издадено албумите Vuelvo al Sur/El capitalismo foráneo (2000), La Revancha del Tango (2001), Inspiración Espiración (2004), and Lunático (2006) . Тие ги спротивставуваат електро елементите и битот над типичните танго моменти. Многу танчери обожаваат да танцуваат на нивната музика иако повеќе почитувачи на традиционалното танго го гледаат како целосно кршење на стилот и традицијата.Сепак елементите во музиката на Готан се покомплексни од повеќето други песни создадени подоцна кои припаѓаат на електро танго звукот.
Bajofondo Tango Club со нивниот албум "Supervielle" даваат посилен електро призвук отколку оној на Готан. Нивните битови се подоминантни и поправилни.Иако ритамот е помалку комплексен од вообичаеното танго чувството не е изоставено. Други такви примери сеHybrid Tango,Tangophobia Vol. 1,Tango Crash( со големо џез влијание),Latin Tango од Родриго Фавела ( тука се вклучуваат класични и модерни елементи),NuTangoTango Fusion Club Vol. 1 од творецот на милонгата наречена "Tango Fusion Club" во Минхен, Германија,Felino од норвешката група Electrocutango and "Electronic Tango". In 2004, музичката куќа World Music Network исто така издава колекција од танго музика насловена под името: The Rough Guide to Tango Nuevo.
Музичко влијание
[уреди | уреди извор]Тангото станало значаен дел од репертоарите на повеќе музичари. Еден од првите класични изведувачи кој го практикувал ова е баритонот Џорџ Шамин кој соработувал заедно со бандонеистот Оливие Манори. Оттогаш изведувачите al Tango,Yo-Yo Ma, Martha Argerich,Daniel Barenboim,Gidon Kremer,Plácido Domingo i Marcelo Alvarez не престанале да изведуваат и снимаат тангос. Некои композитори на класична музика како Isaac Albéniz España(1890), Erik Satie Le Tango perpétuel (1914), Igor Stravinsky Histoire du Soldat (1918), John Cage Perpetual Tango (1984), John Harbison in "Tango Seen from Ground Level" (1991), and Milton Babbitt in "It Takes Twelve to Tango" (1984) не престануваат да компонираат тангоси.Влијанието на Пјацола врз современите композитори на танго било многу големо. "Tango Mortale" и Arcadianab Thomas Adès е прекрасен пример за тоа како и оркестрарската изведбаl Totentango од Matthew King.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „AFP: Argentina, Uruguay bury hatchet to snatch tango honor“. web.archive.org. 2014-02-27. Архивирано од изворникот на 2014-02-27. Посетено на 2024-01-16.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)