Content-Length: 369223 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%B8_%D0%91%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%BF%D1%81

Чонси Билапс — Википедија Прејди на содржината

Чонси Билапс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чонси Билапс
Билапс со Пистонс во 2008
Билапс со Пистонс во 2008
Позицијаплејмејкер
Висина1,91 м
Тежина95 кг
Број4, 3 , 1,
Роден25 септември 1976(1976-09-25)(48 г.)
Денвер, Колорадо
НационалностСАД САД
ФакултетКолорадо (1995–1997)
Драфт1997 / Рунда: 1 / Пик: 3-ти overall
Избран од Бостон Бостон Селтикс
Проф. кариера1997–2014
Клубови
1997-1998Бостон Бостон Селтикс
1998-1999Торонто Торонто Репторс
1999-2000Денвер Денвер Нагетс
2000-2002Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
2002-2008Детроит Детроит Пистонс
2008-2011Денвер Денвер Нагетс
2011Њујорк Никс Њујорк Никс
2011-2013Л.А. Клиперс Л.А. Клиперс
2013-2014Детроит Детроит Пистонс
Репрезентација
САД САД
Инфо од: 29 ноември 2016.

Чонси Реј Билапс (роден на 25 септември 1976)[1] е поранешен американски кошаркар, кој играл 17 сезони во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

Како голема ѕвезда на колеџот на Универзитетот во Колорадо, тој бил избран како трет пик на Драфтот 1997 од Бостон Селтикс. Подоцна играл уште и за Торонто Репторс, Денвер Нагетс (во два наврати), Минесота Тимбервулфс, Детроит Пистонс (во два наврати), Њујорк Никс и Лос Анџелес Клиперс.

Билапс бил избран за МВП на НБА финалето 2004, во кое со неговиот Детроит Пистонс стигнал до својата единствена НБА титула во кариерата откако ги совладале фаворизираните Лос Анџелес Лејкерс со 4-1 во серијата.[2] Токму од навивачите на Пистонс го добил прекарот „Господинот за одлучувачки шут“ (Mr. Big Shot) заради својата способност да погоди кош во клучните моменти од натпреварот.[3] Билапс пет пати бил избран за НБА Ол-Стар натпреварите и бил член на најдобриот НБА тим трипати.

Во 2016 година, Детроит Пистонс во чест на Билапс го повлекле од употреба неговиот дрес со број 1.[4]

Средно училиште

[уреди | уреди извор]

Билапс одел во средното училиште Џорџ Вашингтон во Денвер. Бил четири пати член на Ол-стејт тимот, трипати добитник на наградата Колорадо Мистер Баскетбол и двапати најдобар играч на државата Колорадо. Во 1995 бил избран во Мекдоналд'с Ол Америка тимот, но не го одиграл натпреварот поради повреда на рамото. Подоцна таа повреда го следела и во текот на целата кариера.

Колеџ кариера

[уреди | уреди извор]

Билапс го избрал Универзитетот Колорадо, пред Канзас, Џорџија Тех и Оклахома Стејт, но не дипломирал, затоа што бил драфтуван веќе по неговата втора година. Во Колорадо Бафалос Билапс имал во просек 18,5 бода, 5,1 асистенција и 5,6 скокови по натпревар во неговите две сезони. Во сезоната 1996-1997 бил избран во најдобриот тим на својата конференција и во најдобриот тим на целата лига. Истата година Билапс ја предводел својата екипа до првата победа на НСАА турнирот во 28 години победувајќи ги Индијана Хозиерс со резултат 80-62, меѓутоа веќе во следното коло тие загубиле од Северна Каролина Тар Хилс со 56-73.

Во 2004 година Универзитетот Колорадо го наградиле Билапс за неговите придонеси за Бафалос, повлекувајќи го од употреба дресот со број 4., со кој тој играл, станувајќи петтиот играч во историјата на Универзитетот чиј дрес е повлечен од употреба.[5]

НБА кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци на кариерата

[уреди | уреди извор]

Билапс бил драфтуван како трет пик на НБА Драфтот 1997 од страна на Бостон Селтикс. Тој не се вклопувал во стратегијата на новиот тренер на Селтикс Рик Питино. Покрај тоа тренерот не знаел ни која е неговата позиција плејмејкер или бек, по што во последниот ден за размени во НБА сезоната 1997-1998 бил проследен во Торонто Репторс во замена за Ол-Стар бекот Кени Андерсон.[6]

Во Торонто после само 26 натпревари во кој имал просек од 11,3 бода 2,7 скокови и 3,3 асистенции бил трејдуван во Денвер Нагетс на 21 јануари 1999 во размена во која биле вклучени три тима Торонто, Денвер и Минесота Тимбервулфс. Минесота ги добила Дин Гарет и Боби Џексон од Денвер, Торонто Жељко Ребрача и Мајкл Вилијамс од Минесота како и правото на избор на 5-ти пик на драфотот 2000, а Билапс заедно со Тајсон Вилер биле пратени во Денвер од Торонто. Билапс имал солидна втора половина од регуларнот дел на сезоната постигнувајќи дотогаш највисоки за него во просек 13,9 бода по натпревар и бил стартер во повеќето натпревари на Нагетс. Меѓутоа година дена подоцна повторно бил разменет; овој пат се сели во Орландо заедно со соиграчите Рон Мерсер и Џони Тејлор. Меѓутоа за Меџик Билапс не одиграл ниту еден натпревар поради повреда, по што Орландо го отпуштиле раскинувајќи го договорот.

Во 2000 година Билапс како слободен агент потпишал договор со Минесота Тимбервулфс, како замена за почетниот плејмејкер Терел Брендон. Меѓутоа за време на сезоната 2001-2002 Брендон претрпел сериозна повреда на коленото по што Билапс добил шанса конечно да го направи својот пробив во НБА. Тој им помогнал на Тимбервулфс да победат во 50 натпревари од регуларниот дел на сезоната и да изборат место во плејофот каде биле поразени од Далас Маверикс уште во првата рунда, иако Билапс имал 22 бода во просек во серијата.

Детроит Пистонс (2002–2008)

[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што ја имал својата сезона на пробивот, Билапс станал слободен агент во летото 2002. Тој сакал да се врати во Минесота, но Тимбервулфс имале проблеми со преоптоварен салари-кеп и сакале да видат како Брендон ќе одговори по повредата на коленото.

Во јуни 2002 година, Билапс потпишал шестгодишен договор со Детроит Пистонс вреден 35 милиони долари, за да биде новиот почетен плејмејкер на тимот.[7] При потпишувањето за Пистонс, тој бил принуден да го избере дресот со број 1, бидејќи оној со бројот 4 кој го носел досега во кариерата во клубот бил повлечен, во чест на Џо Думарс. Билапс брзо стекнал почит кај навивачите на Пистонс и од колегите во клубот заради својата цврста одбрана и погодените шутеви во клучните моменти од натпреварите.

Во сезоната 2002-2003, Билапс му помогнал на Детроит да финишира на првото место во Источната конференција со скор од 50-32 во регуларниот дел од сезоната. Тој го заработил прекарот "Господинот за одлучувачки шут" во текот на регуларниот дел од сезоната за два настани. Најпрво на 9 март 2003 при негативен резултат за неговиот тим од 104-105 тој постигнал тројка на истекот на времето од натпреварот на домашен терен против Голден Стејт Вориорс, со кој му донел победа на својот тим од 107-105; Билапс постигнал 31 бод во тој натпревар. Вториот случај бил нешто повеќе од две недели подоцна, на 26 март кога Пистонс во продолжението против Атланта биле изедначени 99-99, сè додека Билапс не постигнал тројка со шут од половина на 0,5 секунди до крајот помагајќи им да победат во натпреварот; Билапс постигнал 22 бода. Во Плејофот 2003 година, Пистонс како први носители изненадувачки заостанувале со 3-1 во серијата против Орландо Меџик во првиот круг. Во петтиот натпревар, Билапс одиграл значајна улога постигнувајќи 15 бода и придонесувајќи за убедливата победа со 98-67. Во следниот натпревар Билапс постигнал 40 бода помагајќи му на Детроит уште еднаш да избегне елиминација и да дојде до седмиот натпревар. Во решавачкиот седми натпревар, Билапс постигнал 37 бода со кој Пистонс го решиле натпреварот во своја полза и ја добиле серијата со 4-3. Откако ја минале и Филаделфија Севентисиксерс со 4-2, Пистонс стигнале до финалето на Источната конференција во кое биле поразени од Њу Џерси Нетс со 4-0. Тренерот Рик Карлајл бил отпуштен во офсезоната и бил заменет со Лери Браун.

Билапс со Пистонс.

За време на регуларниот дел од сезоната 2004-2005, Билапс имал во просек 16,9 бода, 5,7 асистенции, 3,5 скока и 1,1 украдени топки по натпревар. Пистонс го подобриле својот скор од претходна сезона завршувајќи 54-28, но тоа било доволно само за освојување на третото место на истокот и третата носителска позиција во плејофот. Во првата рунда на плејофот Пистонс се сретнале со шестиот носител Милвоки Бакс. Откако двата тима оствариле по една победа во првите два натпревари, во натпреварот број 3 Билапс бил најдобар стрелец со 21 бод и го завршил погодувајќи 4 од 4 слободни фрлања во последните 31,2 секунди, со кој Детроит победиле со 95-85 и дошле до водство од 2-1 во серијата.[8] Откако го елиминирале Милвоки во 5 натпревари, во полуфиналето на конференцијата Пистонс се соочиле со минатогодишниот шампион на Истокот Њу Џерси Нетс, со желба за одмазда за ланскиот пораз во конференциското финале. Во вториот натпревар од серијата Билапс имал 28 бода колку што постигнал и соиграчот Ричард Хамилтон, но исто така Билапс остварил и дотогаш највисоки во неговата кариера во плејофот 13 асистенции со кој значајно помогнал за победата на Пистонс и водство во серијата од 2-0.[9] Меѓутоа, набргу потоа Нетс го израмниле резултатот во серијата на 2-2, а во петтиот натпревар Билапс постигнал тројка од половина терен на истекот на времето со која го изедначил резултатот и ги одвел Пистонс во продолженија; Детроит загубиле по три продолженија по што им била потребна победа и во двата преостанати натпревари за пласман понатаму. Конечно, серијата била решена во последниот седми натпревар во кој Билапс уфрлил 22 бода а Хамилтон 21 за убедлива победа на Пистонс од 90-69 со која ја добиле серијата со 4-3 и се пласирале во финалето на конференцијата втора година по ред. Во финалето на истокот Пистонс ги совладале Индијана Пејсерс (најдобриот тим на истокот во регуларниот дел на сезоната) со 4-2 и се пласирале во првото НБА финале на франшизата уште од 1990 година кога таканаречените "Лоши момчиња" ја освоиле титулата.

Во НБА финалето Билапс и неговите соиграчи ги совладале фаворизираните Лос Анџелес Лејкерс со 4-1, освојувајќи ја третата титула за Детроит Пистонс во клупската историја. Тој бил најефикасен играч кај Пистонс во првите два натпревари. За време на финалната серија Билапс имал просек по натпревар од 21 бод, 5,2 асистенции, 3,2 скокови и 1,2 украдени топки, како и шут од игра 50,1%, 47,1% за три бода, и 92,9% од линијата за слободни фрлања. По освојувањето на својата прва НБА шампионска титула Билапс бил награден и со признанието за МВП на финалето.[10] По доделувањето на наградата тој изјавил: "Секој го заслужува ова. Не само јас. Јас би сакал да го претворам во тринаесет парчиња и да им дадам на сите по малку."[11]

Следната сезона, Билапс бил избран во вториот НБА Ол-дефензив тим, заедно со соиграчот Тејшон Принс, додека друг тимски колега Бен Валас ја освоил наградата за Одбранбен играч на годината. Пистонс стигнале до НБА финалето втора година по ред, но во нивниот обид да ја одбранат титулата загубиле на последната препрека од Сан Антонио Спарс во седум натпревари.

Стив Френсис и Чонси Билапс за време на натпревар меѓу Орландо Меџик и Детроит Пистонс во 2006 година

Во 2006 година, Билапс бил капитен на тимот. Иако Пистонс го оствариле најдобриот рекорд во регуларниот дел на сезоната во историјата на франшиза завршувајќи 64-18, тие не успеале да стигнат до НБА финалето за првпат во три години.

На 11 јули 2007 година, Билапс потпишал четиригодишен договор со Пистонс вреден 46 милиони долари (во договорот стоело дека може да се продолжи соработката за уште година со годишна плата од 14 милиони долара).[12]

Во текот на натпреварот број 3 во плејофот против Орландо Меџик, Билапс го повредил коленото фрлајќи се за една топка. Поради таа повреда го пропуштил четвртиот натпревар од серијата, но Пистонс го совладале Орландо со резултат 90-89 и повеле со 3-1, откако Тејшон Принс погодил шут за победа на 8,9 секунди пред крајот на натпреварот.

Во текот на шестте години поминати во Детроит, Билапс одиграл две НБА финалиња и освоил една титула. Исто така, трипати играл на Ол-стар натпреварите, двапати бил во најдобриот тим на НБА лигата и двапати бил избран во вториот Ол-НБА одбранбен тим.

Враќање во Денвер Нагетс (2008–2011)

[уреди | уреди извор]
Билапс во дресот на Нагетс

На 3 ноемвра 2008 година Билапс заедно со Антонио Мекдајс и Шеик Самб заминал во Денвер Нагетс, како дел од размената за Ален Ајверсон.[13] Чонси го избрал дресот со број 7 во чест на квотербекот на Денвер Бронкос Џон Елвеј, поради тоа што неговите два омилени броја 1 и 4 веќе биле зафатени од Џеј Ар Смит и Кенион Мартин.[14] Своето деби за Денвер го направил на 7 ноември 2008 во победата над Далас Маверикс со 108-105. Тој постигнал 15 бода, а имал и 4 скока и 3 асистенции за 30 минути игра.[15]

Билапс во 2011

Со Билапс и Кармело Ентони Нагетс собориле многу рекорди на тимот. Со скор од 54-28 го изедначиле рекорд на франшизата по бројот на победи во една сезона. Нивниот старт со 27 победи и 14 порази бил најдобриот кој тимот го остварил во првиот дел од сезоната во историјата на клубот. Исто така тимот по првпат во историјата имал повеќе од 50 победи во две последователни сезони. Денвер бил првопласиран во северозападната дивизија и на тој начин биле поставени за втори носители на западната конференција. Во првото коло на плеј-офот ги совладале Њу Орлеанс Хорнетс во пет натпревари. Билапс поставил рекорд како прв играч на Нагетс кој успеал да постигне осум тројки во еден плејоф натпревар. На сите пет натпревари колку ги одиграл против Хорнетс погодил 19 тројки што исто така претстаува клупски рекорд на еден играч на Нагетс. Во оваа серија просечно бележел по 22,6 бода, 7,4 асистенции и 3,8 скокови. Во својата прва сезона го предводел Нагетс до финалето на западната конференција, за првпат во историјата на франшизата уште од 1985 година. За него тоа било седмо последователно конференциско финале и така тој им се приклучил на Меџик Џонсон, Мајкл Купер, Карим Абдул-Џабар и Курт Рембис кои го оствариле ова уште од периодот кога Бил Расел ги предводел Селтикс во педесеттите и шеесеттите години на дваесеттиот век.

Во сезоната 2009-2010 Билапс го носел дресот со број 1, исти број кој го носел и во Детроит Пистонс, откако Џеј Ар Смит кој го носел овој дрес го променил бројот и го зел дресот со број 5.[16] Во победата на Денвер над Њујорк Никс со 128-125, остварена на 27 новември 2009 година Билапс постигнал 32 бода, а неговиот соиграч Кармело Ентони постигнал 50 бода. Така станале дури третото дуо во историјата на НБА лигата кој на еден натпревар успеале да постигнат преку 30 и преку 50 бода. На 5 февруари 2010 година, Билапс ги постигнал највисоките во кариерата 39 бода во победата на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс. Од тие 39 бода, колку што ги постигнал, 27 бода уфрлил со шутеви за 3 бода. Регуларниот дел на сезоната 2009-2010 Билапс го завршил со највисоки во неговата НБА кариера во просек 19,5 бода по натпревар со кој му помогнал на Денвер да го освои четвртото место на западот. Во плејофот Денвер биле сопрени уште во првото коло од Јута Џез.

Њујорк Никс (2011)

[уреди | уреди извор]
Билапс (со топката) и Кармело Ентони во дресот на Њујорк Никс.

Иако јавно изразил желба да ја заврши кариерата во својот роден град Денвер, Билапс бил трејдуван во Њујорк Никс на 22 февруари 2011,[17] како дел од договорот за Кармело Ентони. Билапс бил „колатерална штета“ како што го нарекле многу новинари, затоа што Ентони сакал да игра во Никс, а Нагетс сакале да го трејдуваат пред него што стане слободен агент следното лето.[18] „Тоа беше нешто најтешко што морав да го направам“, рекол Билапс. „Морав да и објаснам на ќерќата дека тато е трејдуван и дека ќе мора да игра кошарка на другиот крај на државата. И објаснив дека тоа не е мој избор и дека не можев да направам ништо во врска со тоа. Едноставно морам да одам“. Тоа беше многу тажна сцена.[19]

Во првиот натпревар од плејофот против Бостон Селтикси Билапс го повредил коленото и поради таа повреда го пропуштил остатокот од плејофот.[20]

Набргу по елиминацијата на Никс од плејофот од страна на Бостон Селтикс Билапс изјавил дека би сакал да остане во Никс следната сезона. „Би сакал да пробам да направам нешто со овие момци“, рекол Билапс. „Не само да одиграм 30 натпревари по трејдот, туку да одиграм цела сезона, да добијам прилика добро да се запознаам со овие момци. Навистина би го сакал тоа“, изјавил Билапс.[21]

Меѓутоа во декември 2011 година, Њујорк Никс ја искористиле клаузулата за аменстија во договорот на Билапс, и со тоа завршил неговиот мандат во клубот.[22]

Лос Анџелес Клиперс (2011-2013)

[уреди | уреди извор]

Откако завршил неговиот престој во Никс, Билапс станал слободен агент. На 12 декември 2011 година, тој потпишал договор со Лос Анџелес Клиперс. Сепак, само два дена подоцна Клиперс го завршиле трејдот на суперѕвездата на Хорнетс плејмејкерот Крис Пол. Поради доаѓањето на Пол Билапс морал да ја промени позицијата и да се пресели од позицијата организатор на игра, на позицијата бек. На 7 февруари 2012 година, во натпревар против Орландо Билапс ја повредил Ахиловата тетива, поради што морал да ја заврши сезоната појавувајќи се само во 20 натпревари.[23] Билапс им помогнал на Клиперс да ги победат Мајами, Оклахома Сити, Орландо и градските соперници Лос Анџелес Лејкерс и да дојдат до солиден скор на стартот на сезоната од 19–9.[24]

На 13 јули 2012 година, Билапс го продолжил договорот со Клиперс за уште една годиша. Своето деби за сезона го направил на 28 ноември 2012 година, во натпревар против Минесота. Билапс бил ограничен на само 22 натпревари во текот на сезоната, бидејќи се соочувал со различни повреди,[25] вклучувајќи и болки во грбот и тетивата на левата нога.

Враќање во Детроит Пистонс (2013-2014)

[уреди | уреди извор]

На 16 јули 2013 година, Билапс се вратил во Детроит Пистонс потпишувајќи две годишен договор вреден 5 милиони долари.[26][27] Билапс требало да биде замена за почетниот плејмејкер на Пистонс Брендон Џенингс. Меѓутоа, многуте проблеми со коленото предизвиле да го пропушти поголемиот дел од сезоната 2013-2014, така што тој одиграл најмалку натпревари во неговата НБА кариера уште од сезоната 1999-2000 и одиграл сезона многу под неговите стандарди. Пистонс ја завршиле сезоната со 29-53, и не се квалификувале за плејофот.

На 30 јуни 2014 година, Пистонс најавиле дека нема да ја искористат тимската опција за продолжување на соработката Билапс за сезоната 2014-2015.[28]

На 9 септември 2014 година, Билапс го најавил своето повлекување од НБА по 17 години играње.[29] Билапс ја цитирал неговата здравствена состојба, како главна причина за неговото пензионирање, како што тој никогаш не се појавил во повеќе од 22 натпревари во последните три сезони во лигата.[30]

На 10 февруари 2016 година, Пистонс во чест на Билапс го повлекле од употреба дресот со број 1.[31]

Ол-стар натпревари

[уреди | уреди извор]

Во 2006 година Билапс бил избран да игра како резерва на Ол-стар натпреварот за тимот на источната конфернција, заједно со соиграчите Ричард Хамилтон, Рашид Валас и Бен Валас, додека тренерот на Детроит Пистонс, Флип Сандерс го предводел тимот од клупата. Во моментите кога тимот заостанувал во резултатот Сандерс решил да ги уфрли сите четворица во игра и блегодарение на нив Истокот успеал да се врати во натпреварот. На Ол-стар викендот 2006 Билапс учествувал и во натпреварот во шутирање тројки меѓутоа бил елиминиран уште во првата рунда откако постигнал само 12 бода.

На Ол-стар натпреварот 2007 повторно бил избран за резерва во тимот на источната конференција заедно со соиграчот Ричард Хамилтон иако во текот на сезоната пропуштил неколку натпревари поради повреда. Исто така учествувал во Шутинг старс компетишн (англиски: Shooting Stars Competition), заедно со бившата ѕвезда на Пистонс и тренер на Детроит Шок Бил Леимбир и кошаркарката на Шок Свин Кеш. Тимот на Детроит победил во натпреварувањето откако Билапс го погодил последниот шут од половина терен.

Во 2008 године повторно бил избран како резерва во тимот на Истокот, заедно со соиграчите Ричард Хамилтон и Рашид Валас, додека во 2009 година бил единствениот играч на Нагетс кој настапил на Ол-стар натпреварот.

Својот последен настап во НБА Ол-Стар натпреварите го имал во 2010 година, кога бил избран од страна на Дејвид Стерн како замена за повредениот Крис Пол.[32]

НБА статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]

Општи податоци

[уреди | уреди извор]

Статистика од 18 декември 2016

Регуларен дел од сезоната

[уреди | уреди извор]
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата
Ја означува сезона во која Билапс ја освоил титулата во НБА
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1997-1998 САД Бостон 51 44 25.4 .390 .339 .817 2.2 4.3 1.5 .0 11.1
1997-1998 Канада Торонто 29 26 31.7 .349 .316 .919 2.7 3.3 1.0 .1 11.3
1998-1999 САД Денвер 45 41 33.1 .386 .362 .913 2.1 3.8 1.3 .3 13.9
1999-2000 САД Денвер 13 5 23.5 .337 .171 .841 2.6 3.0 .8 .2 8.6
2000-2001 САД Минесота 77 33 23.2 .422 .376 .842 2.1 3.4 .7 .1 9.3
2001-2002 САД Минесота 82 54 28.7 .423 .394 .885 2.8 5.5 .8 .2 12.5
2002-2003 САД Детроит 74 74 31.4 .421 .392 .878 3.7 3.9 .9 .2 16.2
2003-2004 САД Детроит 78 78 35.4 .394 .388 .878 3.5 5.7 1.1 .1 16.9
2004-2005 САД Детроит 80 80 35.8 .442 .426 .898 3.4 5.8 1.0 .1 16.5
2005-2006 САД Детроит 81 81 36.1 .418 .433 .894 3.1 8.6 .9 .1 18.5
2006-2007 САД Детроит 70 70 36.2 .427 .345 .883 3.4 7.2 1.2 .2 17.0
2007-2008 САД Детроит 78 78 32.3 .448 .401 .918 2.7 6.8 1.3 .2 17.0
2008-2009 САД Детроит 2 2 35.0 .333 .286 .918 5.0 7.5 1.5 .5 12.5
2008-2009 САД Денвер 77 77 35.3 .420 .410 .900 3.0 6.4 1.2 .2 17.9
2009-2010 САД Денвер 73 73 34.1 .418 .386 .910 3.1 5.6 1.1 .1 19.5
2010-2011 САД Денвер 51 51 32.3 .438 .441 .923 2.5 5.3 1.0 .2 16.5
2010-2011 САД Њујорк 21 21 31.6 .403 .328 .902 3.1 5.5 .9 .1 17.5
2011-2012 САД Л.А. Клиперс 20 20 30.4 .364 .384 .895 2.5 4.0 .5 .2 15.0
2012-2013 САД Л.А. Клиперс 22 22 19.0 .402 .367 .938 1.5 2.2 .5 .0 8.4
2013-2014 САД Детроит 19 7 16.3 .304 .292 .833 1.5 2.2 .4 .1 3.8
Кариера 1043 937 31.6 .415 .387 .894 2.9 5.4 1.0 .2 15.2
Ол-Стар 5 0 19.0 .455 .320 .750 2.2 5.0 .4 .0 10.2
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2001 САД Минесота 3 0 8.7 .167 .000 1.000 1.7 .7 .0 .0 1.0
2002 САД Минесота 3 3 44.7 .451 .400 .700 5.0 5.7 1.0 .3 22.0
2003 САД Детроит 14 14 34.6 .374 .310 .933 3.4 4.7 .6 .1 18.0
2004 САД Детроит 23 23 38.3 .385 .346 .890 3.0 5.9 1.3 .1 16.4
2005 САД Детроит 25 25 39.4 .428 .349 .893 4.3 6.5 1.0 .2 18.7
2006 САД Детроит 18 18 39.2 .406 .340 .905 3.4 6.5 1.2 .1 17.9
2007 САД Детроит 16 16 40.6 .435 .389 .832 3.3 5.7 1.2 .1 18.6
2008 САД Детроит 15 15 32.0 .401 .375 .832 2.9 5.5 .8 .1 16.1
2009 САД Денвер 16 16 38.7 .457 .468 .906 3.8 6.8 1.3 .3 20.6
2010 САД Денвер 6 6 34.5 .446 .355 .881 2.3 6.3 1.0 .5 20.6
2011 САД Њујорк 1 1 35.0 .273 .333 1.000 2.0 4.0 .0 .0 10.0
2013 САД Л.А. Клиперс 6 6 19.2 .306 .353 .818 2.0 1.0 .2 .2 6.2
Кариера 146 143 36.4 .411 .366 .880 3.4 5.7 1.0 .2 17.3
  1. „Billups, Chauncey“. Current Biography Yearbook 2011. Ipswich, Massachusetts: H.W. Wilson. 2011. стр. 67–70. ISBN 9780824211219.
  2. Aschburner, Steve (November 3, 2008). „Back home after trade, Billups has something to prove with Nuggets“. Sports Illustrated. Архивирано од изворникот на 2012-11-02. Посетено на 2016-12-16.
  3. Friend, Tom (11 мај 2009.). „The Disposable Superstar“. Outside the Lines. ESPN.com. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Billups: 'I just wanted to be a champion'. Detroit News. Посетено на 2016-02-19.
  5. „One Chauncey Billups mural replaced at CU“. Архивирано од изворникот на 2017-12-23. Посетено на 2016-12-16.
  6. „Letter to My Younger Self | By Chauncey Billups“. The Players' Tribune. Посетено на 2016-02-17.
  7. „Pistons Sign Free Agent Guard Chauncey Billups“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. July 17, 2002. Посетено на 2009-05-20.
  8. [1]
  9. http://www.nba.com/games/20040507/NJNDET/recap.html
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-12-16. Посетено на 2016-12-16.
  11. [2]
  12. ESPN – Pistons keep Billups with four-year, $46M deal – NBA. Sports.espn.go.com (2007-07-11). Посетено на 2012-05-27.
  13. Hochman, Benjamin (November 3, 2008). „Nuggets ship Iverson to Detroit for Billups“. Denver Post.
  14. Graham, Pat (November 7, 2008). „No place like home for Denver native Billups“. Associated Press.[мртва врска]
  15. Dallas Mavericks vs. Denver Nuggets - Recap - November 07, 2008 - ESPN Архивирано на 6 март 2016 г., Пристапено 30 април 2013.
  16. http://www.nba.com/nuggets/roster Denver Nuggets official website
  17. „Knicks Acquire Four-Time All-Star Carmelo Anthony“. NBA.com. 22 февруари 2011. Посетено на 23 февруари 2011.
  18. Sources: New York Knicks complete deal for Carmelo Anthony - ESPN New York, Пристапено 30 април 2013
  19. „Carmelo Tends to Garden of Good and Evil“. FanHouse. 24 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-25. Посетено на 24 февруари 2011.
  20. Prada, Mike. „Chauncey Billups Could Miss Game 2 Of Celtics Vs. Knicks With Strained Knee“. Blog article. SB nation. Посетено на 10/21/2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  21. Begley, Ian. „Chauncey Billups: I want to come back“. ESPN. Посетено на 26 април 2011.
  22. Chauncey Billups waived by New York Knicks using amnesty clause - ESPN New York, Пристапено 30 април 2013.
  23. „Clippers' Billups Has Torn Achilles', Ending His Season“. The New York Times. February 7, 2012.
  24. Broussard, Chris. „Vinny Del Negro losing Clippers?“. ESPN The Magazine. Посетено на 2012-03-22.
  25. Bresnahan, Mike (2013-06-09). „Clippers' Chauncey Billups wins NBA's first 'best teammate' award“. Los Angeles Times.
  26. „Billups agrees to return to Pistons with two-year deal“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. July 11, 2013. Посетено на July 14, 2013.
  27. „Pistons Sign Free Agent Guard Chauncey Billups“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. July 16, 2013. Посетено на July 16, 2013.
  28. „Pistons not renewing Chauncey Billups' contract“. NBA.com. June 30, 2014. Посетено на June 30, 2014.
  29. Chauncey Billups Retires from NBA After 17-Year Career
  30. „Billups says 'it's time' in announcing retirement“. Посетено на 2015-04-01.
  31. Langlois, Keith (February 10, 2016). „Mr. Big Shot slides in next to Big Ben as Pistons honor another of NBA's most unique champions“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на February 10, 2016.
  32. „Billups to replace Paul in 2010 NBA All-Star Game“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Feb 3, 2010.
  33. 33,0 33,1 33,2 „Вкупно бодови, скокови и асистенции во НБА кариерата“. basketball-reference. Посетено на 21 декември 2016.
  34. 34,0 34,1 34,2 34,3 34,4 „Најдобро во НБА кариерата“. basketball.realgm.com. Посетено на 21 декември 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%B8_%D0%91%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%BF%D1%81

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy