Content-Length: 139847 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%B0%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0

Штаерска — Википедија Прејди на содржината

Штаерска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Штаерска (гер. Steiermark, слов. Štajerska) е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот јужен дел. Зафаќа површина од 16.392 квадратни километри и тука живеат околу 1.211.000 жители (2013). Главен град е Грац.

Штаерска го зазема средниот и југоисточниот дел на Австрија. Се граничи со:

Географија

[уреди | уреди извор]

Со површина од 16.392 квадратни километри, Штаерска е втора по големина покраина во Австрија. Според релјефот, покраината се дели и тоа јужниот и источниот дел е во склоп на Панонската Низина, а средишниот и северниот дел е во склоп на планинскиот венец на Алпите. Климата е претежно континентална, само во повисоките делови е планинска. Водите ги застапуваат многу реки и леднички езера, меѓу кои најпозната е реката Мура, која течи во средишниот дел на покраината.

Грунер Сее
Грац, главен град на Штаерска

Население

[уреди | уреди извор]

Со над 1,211 милиони жители и густина на населеност од 74 жители/км2 Штаерска е четврта по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и број на Словенци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција.









ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%B0%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy