Content-Length: 203304 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/9_%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB

9 април — Википедија Прејди на содржината

9 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

9 април — 99-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (100-и во престапна година). Остануваат 266 денови до крајот на годината.

Настани:

1387  Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун.
1682  Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал — Луизијана.
1865  Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД.
1867  Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар.
1873  Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.
1909  Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
1928  Како дел од реформите кои ги започнал Ататурк, исламот престанал да биде државна религија во Турција.
1967  Првиот лет на Боинг 737.
2003  Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД.

Родени:

1336  Тамерлан — монголски владетел, еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото.
1821  Шарл Бодлер — француски поет.
1865  Ерих Лудендорф — германски офицер.
1906  Виктор Вазарели — унгарско-француски сликар.
1932  Карл Перкинс — американски пејач.
1933  Тихо Најдовски — македонски поет.
1933  Џан Марија Волонте — италијански глумец.
1933  Жан Пол Белмондо — француски глумец.
1933  Радојка Шверко — хрватска пејачка.
1954  Виолета Ачкоска — македонска историчарка.
1959  Љупчо Димовски — министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
1959  Киро Стојанов — римокатолички бискуп на Скопската бискупија.
1962  Мирсад Јонуз — македонски фудбалски голман и тренер.
1971  Жак Вилнев — канадски автомобилист, првак во трките на „Формула 1“.
1972  Жељко Ребрача — српски кошаркар.
1975  Роби Фаулер — англиски Фудбалер.
1979  Бујар Османи — министер за здравство на Република Македонија.
1985  Антонио Ночерино — италијански фудбалер.
1986  Николас Мес — белгиски велосипедист.
1986  Ивана Младеновска — македонска сликарка.
1987  Блез Матуиди — француски фудбалер.
1990  Кристен Стјуарт — американска глумица.
1994  Вуко Борозан — црногорски ракометар.

Починале:

915  Константинримски папа.
1024  Бенедикт VIII — римски папа.
1483  Едвард IVкрал на Англија.
1492  Лоренцо де Медичи — владетел на Фиренца.
1588  Паоло Веронезе — италијански сликар.
1626  Франсис Бекон — англиски филозоф и државник.
1942  Орде Чопела — македонски народен херој.
1951  Вилхелм Бјеркнес — норвешки метеоролог.
1959  Френк Лојд Рајт — американски архитект.
1962  Харолд Ламб, американски историчар.
1983  Александар Доброхотов — руски педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје.
1997  Стево Теодосиевски — македонски естраден уметник.
2014  Светлана Велмар Јанковиќ — српска писателка.

Празници:

Ден на македонските железничари
Ден на македонскиот фудбал








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/9_%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy