Зракоперки
Зракоперки Период: доцен силур - денес | |
---|---|
Платиче (Rhodeus sericeus) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Наткласа: | Коскени риби |
Класа: | Зракоперки Klein |
Поткласи | |
Зракоперки (науч. Actinopterygii) — група на коскени риби кои се познати и под името актинопи. Оваа група содржи околу половина од сите ‘рбетници и околу 96% од сите живи риби. Денешните зракоперкови риби се одликуваат со присуството на зрачно распоредени ковчиња во перките (оттука и името), потоа единечна грбна перка, затворен сетилен канал во дентарната коска, посебно ткиво наречено ганоин и неколку други анатомски својства. Околу 40% од живите зракоперкови риби живеат исклучително во слатките води. Другите населуваат најмногу морски, соленикави или комбинирани живеалишта.
Фосилните податоци укажуваат на тоа дека зракоперковите риби се речиси стари како и доцниот силур (пред околу 420 милиони години). Фосилните зракоперкови риби се доста распространети, со што претставуваат најмногубројни фосили на ‘рбетници со целосен скелет. Многу помали групи на раните зракоперкови риби, како пикнодонтите, семионотиформите и палеонисциформите, се изумрени веќе десетици милиони години. Други зракоперкови групи, како Cheirolepiformes, се изумрени веќе речиси илјадници милиони години. Врз основа на фосилните податоци, најглавната диференцијација на оваа класа започнала во доцниот мезозоик.
Таксономија
[уреди | уреди извор]На оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
Систематиката на зракоперковите риби (како и секоја друга систематика) — во постојан флукс. Меѓутоа, зракоперковите се класифицираат на следниот начин:
- Поткласа Chondrostei
- Ред Многуперки (Polypteriformes), вклучувајќи го бихирот (нилската многуперка) и јажестата риба
- Ред Кечигови риби (Acipenseriformes), вклучувајќи ја есетрата и кечигата
- Поткласа Neopterygii
- Инфракласа Holostei
- Ред Оклопни штуки (Lepisosteiformes)
- Ред Амии (Amiiformes)
- Инфракласа Целокоскени риби (Teleostei)
- Надред Коскојазични риби (Osteoglossomorpha)
- Ред Osteoglossiformes
- Ред Hiodontiformes, вклучувајќи ги месечевото око и златното око
- Надред Elopomorpha
- Ред Elopiformes, вклучувајќи ја рибата-дама и тарпонот
- Ред Albuliformes, спаѓаат коскорибите
- Ред Notacanthiformes, вклучувајќи ги халосаурите и боцкавите јагули
- Ред Јагуловидни риби (Anguilliformes), вистинските јагули
- Ред Торбоусти (Saccopharyngiformes), вклучувајќи ја торбоусната јагула
- Надред Харингообразни риби (Clupeomorpha)
- Ред Харинговидни риби (Clupeiformes), каде спаѓаат харингата и сардината
- Надред Ostariophysi
- Ред Gonorynchiformes, каде спаѓаат млечните риби
- Ред Шарановидни риби (Cypriniformes), тука припаѓа мрената, златната рипка итн.
- Ред пастрмкокраповидни, каде спаѓаат пастрмкокраповиите, пираните, секирчињата итн.
- Ред Gymnotiformes, вклучувајќи ја електричната јагула и рибите-ножеви
- Ред Сомовидни риби (Siluriformes)
- Надред Protacanthopterygii
- Ред Лососовидни риби (Salmoniformes), каде спаѓаат лососот и пастрмката
- Ред Штуковидни риби (Esociformes), со најпознатиот претставник штуката
- Ред Osmeriformes, каде спаѓаат осмеридите и галаксидите
- Надред Stenopterygii
- Ред Ateleopodiformes, the jellynose fish
- Ред Stomiiformes, including the bristlemouths and marine hatchetfishes
- Надред Cyclosquamata
- Ред Aulopiformes, including the Bombay duck and lancetfishes
- Надред Scopelomorpha
- Ред Myctophiformes, including the lanternfishes
- Надред Lampridiomorpha
- Ред Lampriformes, including the oarfish, opah and ribbonfishes
- Надред Polymyxiomorpha
- Ред Polymixiiformes, the beardfishes
- Надред Paracanthopterygii
- Ред Percopsiformes, including the cavefishes and trout-perches
- Ред Batrachoidiformes, the toadfishes
- Ред Lophiiformes, including the anglerfishes
- Ред Gadiformes, including cods
- Ред Ophidiiformes, including the pearlfishes
- Надред Acanthopterygii
- Ред Mugiliformes, the mullets
- Ред Atheriniformes - гавуновидни
- Ред Beloniformes, including the flyingfishes
- Ред Cetomimiformes, the whalefishes
- Ред Cyprinodontiformes, including livebearers, killifishes
- Ред Stephanoberyciformes, including the ridgeheads
- Ред Beryciformes, including the fangtooths and pineconefishes
- Ред Zeiformes, including the dories
- Ред Gobiesociformes, the clingfishes[1]
- Ред Gasterosteiformes including sticklebacks, pipefishes, seahorses
- Ред Syngnathiformes, including the seahorses and pipefishes[2]
- Ред Synbranchiformes, including the swamp eels
- Ред Tetraodontiformes, including the filefishes and pufferfish
- Ред Pleuronectiformes, the flatfishes
- Ред Scorpaeniformes, including scorpionfishes and the sculpins
- Ред Perciformes 40% of all fish including anabantids, bass, cichlids, gobies, gouramis, mackerel, perches, scats, whiting, wrasses
- Надред Коскојазични риби (Osteoglossomorpha)
- Инфракласа Holostei
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ In ITIS, Gobiesociformes is placed as the suborder Gobiesocoidei of the order Perciformes.
- ↑ In Nelson and ITIS, Syngnathiformes is placed as the suborder Syngnathoidei of the order Gasterosteiformes.