Content-Length: 226147 | pFad | http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%80_%D0%B8_%D0%9B%D0%BE%D0%B0%D1%80

Ер и Лоар — Википедија Прејди на содржината

Ер и Лоар

Координати: 48°20′N 01°25′E / 48.333° СГШ; 1.417° ИГД / 48.333; 1.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ер и Лоар
Eure-et-Loir
департман
Управата на департманот во Шартр
Управата на департманот во Шартр
Знаме на Ер и ЛоарГрб на Ер и Лоар
Местоположба на Ер и Лоар во Франција
Местоположба на Ер и Лоар во Франција
ДржаваФранција
РегионЦентар-Долина на Лоара
ПрефектураШартр
ПотпрефектураШатоден
Дре
Ножан ле Ротру
Управа
 • Прет. на Ген. советАлберик де Монголфје (УМП)
Површина
 • Вкупна5.880 км2 (2,270 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно432.967
 • Густина74/км2 (190/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Број28
Окрузи4
Кантони15
Општини373

Ер и Лоар (француски: Eure-et-Loir) — департман во регионот Центар-Долина на Лоара, северозападна Франција. Наречен е по реките Ер и Лоар кои течат низ него.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ова е еден од првобитните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. согласно законот усвоен претходната година. Создаден е од делови на дотогашните покраини Орлеане (Бос) и Мен (Перш), но и делови од Ил де Франс (Друе, Тимере, Долина на Авр, Ирепоа).

Денешниот департман Ер и Лоар ја опфаќа средишната територија на галскиот народ Карнути, чија престолнина била во Аутрикум (Шартр). Припадниците на овој народ биле следбеници на друидската вера и се среќавале на годишен друидски собор во местото Шума на Карнутите. Во северниот дел на департманот живеел помалку познатиот народ, Дурокаси, чија престолнина била во Дре.

Географија

[уреди | уреди извор]

Ер и Лоар го зафаќа главниот дел на земјоделскиот крај Бос, а управно е во состав на регионот Центар-Долина на Лоара. Се граничи со департманите Лоар и Шер, Лоаре, Есона, Ивлин, Ер, Орн и Сарта.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Земјоделство

[уреди | уреди извор]

Департманот има многу развиено земјоделство, особено во областа Бос. Ова подрачје е најголемиот производител на жито, маслодајна репка и грашок во Франција.[1] Земјоделското стопанство во голема мера е зависно од регулираноста на пазарите на земјоделски култури. Житото во голема мера е најзастапена култура; зафаќа 40 % од обработливото земјиште и учествува со 29 % од земјоделското производство.

Индустрија

[уреди | уреди извор]
  • Производно подрачје „Козметичка Долина“ — околу Шартр — најважен центар на парфимеријата и козметиката во Франција. Опфаќа 200 претпријатија со вкупен обрт од 2,5 милијарди евра и преку 30.000 вработени. Застапени се марки како „Герлен“, „Пако Рабан“, „Лолита Лемпицка“, „Жан Шарл де Јастелбажак“ и „Жан Пол Готје“.
  • Производно подрачје „Полефарма“ на фармацевтската индустрија околу Дре[2] Застапени се претпријатија како „Ипсен“, „Ново Нордиск, „Лаборатоар Експансјанс“, „ЛЕО Фарма“, „Етифарм Фамар“, „Норжин“, „Нипро“, „Синерлаб / Софартекс“ и „Сератек“. Ова подрачје произведува 50 % од лекарствата во Франција и вработува 30.000 луѓе.
  • преработка на прехранбени производи претставена од здружението „Агродинамик“: Ебли во Шатоден и Андрос во Оно.
  • производство на мебел претставено од здружението „Першебоа“.
  • производство на гума и пластика претставено од здружението „Еластопол“.
  • седиште на производителот на лифтови „Окте“ во Шатонеф во Тимере[3]

Енергетика

[уреди | уреди извор]

Департманот е предводник во обновливата енергетика. Го зазема второто место во земјата по производството на струја од ветерни електрани и првото место во сончевото електропроизводство.

Посетителски места

[уреди | уреди извор]
  • Шартрска катедрала („Пресв. Богородица“) со величествените витражи.
  • Цркви: „Св. Петар“ (Сен Пјер) во Дре, Св. Дионисиј (Сен Дени) (Тури)
  • Кралската капела во Дре
  • Ѕвонарникот во Дре
  • Опатија Св. Флорентин во Бонвал
  • Замоците Ане, Шатоден, Мајбоа, Ментенон, Монтињи (во Клоа на Лоара), Монтињи на Авр, Шарбониер (во Отон ди Перш), Свети Јован (во Ножан ле Ротру), Вилпјон (во Оржер во Бос), Реверсо (во Вов)
  • Регионален парк Перш

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Земјоделска комора на Ер и Лоар
  2. Кодел: Одбор за стопански развој на Ер и Лоар
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 2018-07-09.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]










ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D1%80_%D0%B8_%D0%9B%D0%BE%D0%B0%D1%80

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy