Content-Length: 192733 | pFad | http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B5%D1%80

Мермер — Википедија Прејди на содржината

Мермер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блок од мермер
Ископување на мермер во рудникот Сивец во Прилепско
Мавзолејот Таџ Махал — целосно обложен со мермер
Порта „Македонија“ во Скопје, обложена со мермерот „Сивец“

Мермер[1][2] (од старогрчки: μάρμαρος = „бел, блескав камен“) или мрамор[3][4]метаморфна карпа составена од рекристализирани карбонатни минерали, претежно калцит или доломит. Се ископоува во каменоломи и наоѓа особена примена вајарството и архитектурата.

Од особена важност се наоѓалиштата на мермер во Македонија е Сивец (Прилепско) и Горна Баница (Гостиварско). „Сивец“ (наречен според ридот) е меѓу најпознатите и најбараните мермери на светот. Од него се изработени многу домашни и светски споменици и градби низ сите периоди. Еден пример од антиката се градбите во Хераклеја кај Битола.[5] Постојат повеќе наоѓалишта на мермер во разни краишта на Македонија.

Геолошко потекло

[уреди | уреди извор]

Овој вид карпи настануваат со метаморфизам кај седиментните карбонатни карпи, најчесто варовник или доломит. Метаморфизмот предизвикува променлива рекристализација на изворните карбонатни минерали. Исходната карпа најчесто е составена од преплетени карбонатни кристали. Главните наслаги и структури изворната карбонатна пракарпа (протолит) се изменети или се уништуваат.

Чисто белиот мермер се создава со метаморфизам на многу чист (сиромашен со силициум) варовничка или доломитна пракарпа. Карактеристичните виуги и жили кај шарените мермери се должат на разни минерални примеси како глина, мил, песок, железни оксиди или рожнец што биле првично присутни во зрната или слоевите во варовникот. Зелените шари се јавуваат поради серпентинот присутен во варовник богат со магнезиум или доломитниот камен со силициумски примеси. Големиот притисок и топлина на метаморфизмот ги прераспоредува овие елементи и ги дава шарите на мермерот.[6]

Употреба

[уреди | уреди извор]
Предмети од мермер во Ромблон, Филипини.

Белиот мермер е мошне застапен во вајарството, градежништвото и облагањето уште од антиката. Ова се должи на неговата мекост, релативна изотропија и еднообразност, како и релативната отпорност на кршење. Има низок показател на прекршување, што значи дека светлината ја пропушта во себе неколку милиметри пред да ја расее наоколу. Поради ова, мермерот има восочест изглед што му дава живост на она што е извајано од него.

Производство

[уреди | уреди извор]

Производството на мермер го предводат четири земји, со вкупен удел од 14 од произведениот мермер и украсен камен во светот. Најголем производител е Италија (20%), проследена од Кина (16%), Индија (10%) и Шпанија (6%). Останатите земји ја сочинуваат другата половина од мермерот, каде се вбројува и Македонија[7].

Рудници за мермери во Македонија

[уреди | уреди извор]

Варовниците и доломитите од кои се добив мермерот зафаќаат голем дел од територијата на Македонија, при што се издвојваат три региони: доломитски калцитски мермери на пелагонискиот масив, во западномакедонското подрачје и варовници и доломити во вардарската зона[8]. Едно од најпознатите наоѓалишта на мермер во Македонија е Сивец[8] кај Прилеп, според чиј висококвалитетен и изразито бел и мазен мермер е наречен и еден вид на мермери. Мермерите од Сивец имаат нагласена блоковитост и се со одлична белина што ги вбројува во едни од најквалитетните во Европа, па и во светот[8]. Експлоатацијата на мермери на територијата на Македонија се вршела воЧ „Мермерен комбинат“ - Прилеп, „Мермери“-Гостивар, „Мермери“-Кичево, Дебриште, Козјак, Марков Стап - Кавадарци и др., но главно на сиви, сиво-бели и црвени мермери[8]. Во денешни услови бели мермери се ескплоатираат од наоѓалиштето Бела Пола - Небрегово во околинатана Прилеп од страна на компанијата „Лазаридис“[8], како и во селото Вепрчани во Мариово. Кај селото Чаниште во Мариово од неодамна постои ископ на црвени и бели мермери. Постојат можности и за експлоатација на мермери кај Пласница, Лисичани, Цер, Бањица и др[8].

Мермерот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Млади мермерни џинови“ (Young Marble Giants) - британска рок-група.[9]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „мермер“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „мермер“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „мрамор“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „мрамор“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Боев, Блажо; Лепиткова, Соња (2008). Архитектонско-градежен камен (PDF). Штип: Универзитет „Гоце Делчев“. ISBN 978-9989-2766-6-8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-10.
  6. Основи на петрологијата[мртва врска] (македонски)
  7. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-11-10. Посетено на 2013-11-09.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Серафимовски, Тодор (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1267–1268. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  9. YouTube, Young Marble Giants - Colossal Youth -Full Album- HQ (пристапено на 31.1.2017)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B5%D1%80

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy