Content-Length: 164952 | pFad | http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0

Спарта — Википедија Прејди на содржината

Спарта

Координати: 37°4′55″N 22°25′25″E / 37.08194° СГШ; 22.42361° ИГД / 37.08194; 22.42361
Од Википедија — слободната енциклопедија

37°4′55″N 22°25′25″E / 37.08194° СГШ; 22.42361° ИГД / 37.08194; 22.42361

Спарта
Σπάρτα
6 век п.н.е.–195 п.н.е.
Територијата на античка Спарта.
Територијата на античка Спарта.
Главен градСпарта
Говорени јазициДорско-грчки
Вероисповед
Политеизам
Уредувањеолигархија
Историски периодКласична антика
• Основана
6 век п.н.е.
546-371 п.н.е.
• Престанала да постои
195 п.н.е.
Претходници
Наследници
Темното доба на Грција
Римската Република
Ахајска лига

Спарта (дорски: Σπάρτα атички: Σπάρτη) — град-држава во Стара Грција, ситуирана на реката Еврота во јужниот дел на Пелопонез. Од 650 п.н.е. таа прераснала во доминантна воена сила во регионот, и како таква била признаена за целосен водач на комбинираните грчки сили за време на Грчко-Перскиските војни. Меѓу 431 и 404 п.н.е., Спарта била противникот на Атина за време на Пелопонеската војна. До 362 п.н.е., улогата на Спарта како доминантна воена сила завршила. Спарта со своето славно минато е предмет на восхит за светот; обожувањето и восхитот кон Спарта е наречен Лаконофилија.

Положба, население и социјална структура

[уреди | уреди извор]

Спарта се наоѓала на јужниот дел на Пелопонез, во областа Лаконија низ која тече реката Еврота. Кон крајот на XIX век п.н.е. на Пелопонез се доселиле Дорците кои го создале градот Спарта, кој за кратко време се издигнал и ги потчинил соседните општини и станал држава. Според името на градот и државата почнала да се нарекува Спарта. Во спарта населението се делело на слободно — спартијати и периеки, и неслободно — хелоти- (робови). Спартијатите биле господаречка класа и ги имале сите права, не плаќале даноци и не се занимавале со никаков производствен труд, бидејќи сметале дека трудот е понижувачки. Периеките биле слободни луѓе, но немале политички права. Тие се занимавале со земјоделство, занаетчиство и трговија и морале да плаќаат данок на спартијатите. Хелотите биле робови, сопственост на државата и немале никакви права.

Државно уредување на Спарта

[уреди | уреди извор]

Спарта биле робовладетелска аристократска монархија на чие чело стоеле двајца кралеви-наследници чија власт била ограничена (само во војна не). Највисок орган на власт бил советот на старешини — герузија, составен од 28 доживотно избрани старешини со навршени 60 години. Решенијата на советот ги спроведувало во дело посебно тело составено од 5 члена — ефорат. Тоа тело вршело надзор над работата на советот на старешините. Член на тоа тело можел да стане само Спартанец со навршени 30 години, а биле избирани на една година. Во Спарта постоело и народно собрание составено од сите Спартанци, кое се состанувало еднаш месечно.

Спартанско воспитување

[уреди | уреди извор]
Мермерна статуа на хоплит (V век п.н.е.), Археолошки музеј на Спарта, Грција.

Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката сила на војниците, а Спартанците воделе исклучително голема грижа за физичкото воспитување на своите деца. Од седмата до осумнаесеттата година сите машки деца биле одземани од родителите, и биле воспитувани во специјални државни училишта — гимназии. Во гимназиите, децата биле обучувани за што поголема физичка издржливост и моќ, биле учени да не чувствуваат страв од непријателот и да чувствуваат неизмерна омраза кон робовите. Наставата се состоела од куси прашања и куси одговори, што е познато како Лаконизам, бидејќи на војникот според Спартанците не му било потребно да зборува долго и убаво. По завршувањето на военото училиште децата стапувале во војска во која служеле до својата 60 година. Благодарение на таквото сурово воспитување, Спартанците станувале храбри и издржливи борци, големи патриоти. На сличен начин биле воспитувани и женските деца, за да станат способни да раѓаат здраво поколение. Со ваквиот воспитен систем, Спартанците создале цврста воена организација и брзо го потчиниле соседното население. Спарта станала најсилна држава на Пелопонез. Другите држави околу неа слабееле и гледајќи како Спарта се засилува, почнале да се плашат да не бидат покорени од неа, и затоа почнале да бараат да станат нејзини сојузници. Така, во VI век п.н.е. бил создаден Пелопонески сојуз во кој раководна улога имала Спарта; таа била апсолутен хегемон во сојузот.

Спарта како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Спарта се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:

  1. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 145.








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy