Жан Ешноз
Жан Ешноз Jean Echenoz | |
---|---|
Жан Ешноз во 2016 | |
Роден(а) | 26 декември 1947 Оранж (Воклиз), Франција |
Националност | Француски |
Занимање | Писател |
Жан Ешноз (француски: Jean Echenoz, 26 декември 1947) — француски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ешноз е познат како скромен човек кој не сака да зборува за себе. На пример, кога во 1989 година го замолиле да ја опише својата биографија, тој испратил текст со следнава содржина: „Жан Ешноз, роден на 4 август 1946 година во Валансијан. Студирал органска хемија во Лил, а контрабас во Мец. Доста добар пливач.“ Меѓутоа, тој е роден една година подоцна, и тоа во Воклиз, во Оранж. Добар дел од детството поминал во психијатриската клиника во која работел татко му. Студирал социологија и градежништво.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Опишувајќи го своето творештво, Ешноз изјавил дека „пишува географски романи, како што другите пишуваат историски романи“. Според Пјер Лепап од весникот „Монд“, во сите свои дела Ешноз се претставува како картограф на своето време, на неговите земјотреси, катастрофи, имагинарни предмети, сништа, и на неговото долго одлизгување вон границите на реалното. Првиот роман, „Гриничкиот меридијан“, го објавил во 1969 година, во 1983 година ја освоил наградата „Медисис“ за романот „Чироки“, а за романот „Заминувам“ во 1999 година го добил најпрестижното француска книжевно признание, Гонкуровата награда.[2]