Content-Length: 136240 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/BirdLife_International

BirdLife International — Википедија Прејди на содржината

BirdLife International

Од Википедија — слободната енциклопедија
Birdlife International
Видзаштита, добротворност
Основано1993 (1993)
СедиштеКембриџ, Англија
Клучни личности
Италија Марко Ламбертини (извршен директор)
Јапонија Принцеза Такамадо (почесен претседател)
Доход22.987.810 британска фунта (2019) Уреди на Википодатоците
Вработени
251 (2019) Уреди на Википодатоците
Мреж. местоhttp://www.birdlife.org/

BirdLife International е глобално партнерство на природозаштитни организации кое има за цел да ги запази и заштити птиците, нивните живеалишта и глобалната биоразновидност, и за таа цел работи со месните населенија за да се постигне одржливо искористување на природните ресурси. Ова е најголемото партнерство на природозаштитни организации во светот, со преку 100 организации членки од земји на сите континенти. Како такво, BirdLife е врховниот орган за контрола на состојбата на птиците, нивните живеалишта и проблемите со кои се соочуваат.

Застапник на BirdLife во Македонија е Македонското еколошко друштво[1]

Историјат

[уреди | уреди извор]

Организацијата BirdLife International е основана во 1922 г. од американските орнитолози Т. Гилберт Персон и Жан Теодор Делакур како „Меѓународен совет за заштита на птиците“ (англ. International Council for Bird Preservation). Сегашното име го добила во 1993 г.

Регионални активности

[уреди | уреди извор]

BirdLife води заштитни програми во разни региони од светот: Африка Архивирано на 24 јули 2013 г., Северна, Средна и Јужна Америка Архивирано на 14 октомври 2013 г., Азија Архивирано на 14 октомври 2013 г., Европа и Средна Азија Архивирано на 18 јули 2013 г., на Блискиот Исток Архивирано на 24 јули 2013 г., во Океанија Архивирано на 6 јули 2013 г. и на Карибите Архивирано на 20 јули 2013 г..

Глобални програми

[уреди | уреди извор]

Во рамките ана секој регион, организацијата спроведува глобални програми: „Глобална програма за морски птици“ Архивирано на 20 јули 2013 г., „Спречување на изумирања“ Архивирано на 20 јули 2013 г., „Патишта на летање“ Архивирано на 13 август 2013 г., „Климатски промени“ Архивирано на 5 септември 2013 г., Шуми на надежта, „Оспособување на месното население“ Архивирано на 4 јули 2013 г. и „Важни птичји подрачја“ Архивирано на 1 мај 2011 г..[2]

Списание

[уреди | уреди извор]

Организацијата го издава тримесечникот World Birdwatch со новости и стручни написи за птиците, нивните живеалишта и нивната заштита во светот.

Црвен список

[уреди | уреди извор]

BirdLife International е органот надлежеб за птици во составувањето на црвениот список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN). Според испитувањата од 2012 г, во светот има 1.313 видови птици што се во некаква опасност од изумирање (т.е. во категориите „Критично загрозени“, „Загрозени“ и „Ранливи“). Ова изнесува 13% од вкупно 10.064 видови на птици во светот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Партнери на BirdLife: Македонија Архивирано на 2 мај 2013 г. (англиски)
  2. англ. Global Seabird Programme, The Birdlife Preventing Extinctions Programme, Flyways Programme, Climate Change Programme, Forests of Hope Programme, Local Empowerment Programme и Important Bird Areas Programme.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Македонски организации

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/BirdLife_International

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy