Content-Length: 107266 | pFad | http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC

Фовизам — Википедија Прејди на содржината

Фовизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Деланеј, 1906, L'homme à la tulipe (Portrait de Jean Metzinger), масло на платно, 72.4 x 48.5 cm. Изложено во 1906 во Салон Аутом (Париз) заедно со портретот на Деланеј од Џин Матзингер.

Фовизмот е уметничка група основана во 1905 година во Париз. Фовизмот е првата уметничка револуција во XX век. Фовистите се мала група на истомисленици сликари како Анри Матис, Морис де Вламенк и Андре Дерен кои во 1905 година изложувале свои слики во Парискиот есенски салон. Еден новинарски критичар го искористил изразот "-{Les Fauves}-" (во превод „диви ѕверови“) за овие уметници (како иронично подбивање). Оттогаш тоа е име на целата сликарска група.

Главното обележје на фовистичката уметност е жестокост на бојата и деформација на ликовите. На сликите на уметниците од оваа група очигледна е и намерната отсутност на законот на перспектива. Тоа предизвикало голем скандал поради што и го добиле името „диви ѕверови“ . Фовизмот не била поврзана уметничка група. Тие уметници само еднаш имале заедничка изложба. Нивната уметност подоцна ќе има влијание врз германскиот експресионизам.









ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy