Лариса (месечина)
Лариса од „Војаџер 2“ | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Харолд Рејтсема, Вилијам Хабард, Лери Лебофски и Дејвид Толен[1] |
Откриено | 24 мај 1981 |
Ознаки | |
Наречена по | нимфата Лариса |
S/1989 N 2 S/1981 N 1 | |
Орбитални особености[2][3] | |
Епоха 18 август 1989 | |
73 548,26 км | |
Занесеност | 0,001393 ± 0,00008 |
0,55465332 ± 0,00000001 д | |
Наклон |
|
Месечина на | Нептун |
Физички особености | |
Димензии | 216 × 204 × 168 км (± ~10 км)[4][5] |
Среден полупречник | 97 ± 5,4 км[3] |
118.236,98 км2[6] | |
Зафатнина | ~3,5×106 км3 |
Маса | ~4,2×1018 кг (проц.)[а 1] |
Средна густина | ~1,2 г/см³ (проц.)[8] |
~м/с2[а 2] | 299,075|
~7.6 км/с[а 3] | |
синхрон | |
нула | |
Албедо | 0,09[4][8] |
Температура | ~51 K (сред. проц.) |
21,5[8] |
Лариса (или Нептун VII) — внатрешна месечина на Нептун. Наречена е по нимфата Лариса, љубовница Посејдон (Нептун) во старогрчката митологија и истоименичка на градот во Тесалија.
Откривање
[уреди | уреди извор]Телото е откриено на 24 мај 1981 г. од екипа составена од Харолд Рејтсема, Вилијам Хабард, Лери Лебофски и Дејвид Толен при случајни набљудувања на ѕвезденото прикривање.[9] Месечината ја добила привремената ознака S/1981 N 1, а откритието е објавено на 29 мај истата година.[10] Леталото „Војаџер 2“ во 1989 г. повторно ја забележало месечината, од што се видело дека таа е единственото тело во нејзината орбита,[11] по што ја добила дополнителната ознака S/1989 N 2 на 2 август 1989 г.[12] Од соопштението Стивен Синот може да се заклучи дека забележувањето се случило некаде пред 28 јули. Трајното име го добила на 16 септември 1991 г.[13]
Особености
[уреди | уреди извор]Лариса е четврта по големина меѓу Нептуновите месечини и има неправилен (несферен) облик покриен со кратери, без траги од геолошка изменетост. Веројатно е дека таа, како другите месечини повнатре од Тритон, е збировит отпад составен од парчиња од првобитните Нептунови месечини, кои се судриле поради растројувања од Тритон наскоро по нејзиниот зафат во многу занесена првична орбита.[14]
Месечината има речиси кружна орбита и лежи под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, така што таа бавно се врти навнатре под дејство на плимно забавување и со време може да се судри со планетата или да се распарчи во планетарен прстен откако ќе ја премине својата Рошова граница под дејство на плимно растегнување, слично како судбината на Тритон.
Истражување
[уреди | уреди извор]Телото е посетено еднаш, од леталото „Војаџер 2“.[15] Сондата направила фотографии на кои се гледаат многуте кратери на површината.
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Проценетата маса се води по претпоставена густина од 1,2 г/см³ и зафатнина од 3,5 ×106 км3 добиени од подробен модел на обликот според Стук (1994).[7]
- ↑ Површинската гравитација изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот: Gm/r2.
- ↑ Втората космичка брзина изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: √2Gm/r.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Larissa In Depth“. solarsystem.nasa.gov/. Архивирано од изворникот на 2021-09-24. Посетено на 3 септември 2020.
- ↑ Jacobson, R. A.; Owen, W. M., Jr. (2004). „The orbits of the inner Neptunian satellites from Voyager, Earthbased, and Hubble Space Telescope observations“. Astronomical Journal. 128 (3): 1412–1417. Bibcode:2004AJ....128.1412J. doi:10.1086/423037.
- ↑ 3,0 3,1 Showalter, M. R.; de Pater, I.; Lissauer, J. J.; French, R. S. (2019). „The seventh inner moon of Neptune“ (PDF). Nature. 566 (7744): 350–353. Bibcode:2019Natur.566..350S. doi:10.1038/s41586-019-0909-9. PMC 6424524. PMID 30787452. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-02-22. Посетено на 2021-06-27.
- ↑ 4,0 4,1 Karkoschka, Erich (2003). „Sizes, shapes, and albedos of the inner satellites of Neptune“. Icarus. 162 (2): 400–407. Bibcode:2003Icar..162..400K. doi:10.1016/S0019-1035(03)00002-2.
- ↑ Williams, Dr. David R. (22 јануари 2008). „Neptunian Satellite Fact Sheet“. NASA. Посетено на 13 декември 2008.
- ↑ „Larissa In Depth“. solarsystem.nasa.gov/. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 3 септември 2020.
- ↑ Stooke, Philip J. (1994). „The surfaces of Larissa and Proteus“. Earth, Moon, and Planets. 65 (1): 31–54. Bibcode:1994EM&P...65...31S. doi:10.1007/BF00572198.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 18 октомври 2010. Посетено на 11 октомври 2011.
- ↑ Reitsema, H. J.; Hubbard, W. B.; Lebofsky, L. A.; Tholen, D. J. (1982). „Occultation by a Possible Third Satellite of Neptune“. Science. 215 (4530): 289–291. Bibcode:1982Sci...215..289R. doi:10.1126/science.215.4530.289. PMID 17784355.
- ↑ Marsden, Brian G. (29 мај 1981). „S/1981 N 1“. IAU Circular. 3608. Посетено на 26 октомври 2011.
- ↑ Smith, B. A.; Soderblom, L. A.; Banfield, D.; Barnet, C.; Basilevsky, A. T.; Beebe, R. F.; Bollinger, K.; Boyce, J. M.; Brahic, A. (1989). „Voyager 2 at Neptune: Imaging Science Results“. Science. 246 (4936): 1422–1449. Bibcode:1989Sci...246.1422S. doi:10.1126/science.246.4936.1422. PMID 17755997. [on page 1435]
- ↑ Marsden, Brian G. (2 август 1989). „Satellites of Neptune“. IAU Circular. 4824. Посетено на 26 октомври 2011.
- ↑ Marsden, Brian G. (16 септември 1991). „Satellites of Saturn and Neptune“. IAU Circular. 5347. Посетено на 26 октомври 2011.
- ↑ Banfield, Don; Murray, Norm (октомври 1992). „A dynamical history of the inner Neptunian satellites“. Icarus. 99 (2): 390–401. Bibcode:1992Icar...99..390B. doi:10.1016/0019-1035(92)90155-Z.
- ↑ „Larissa Facts“. factsjustforkids.com. Посетено на 3 септември 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лариса (месечина) на Ризницата ?
- Профил на Лариса на порталот „Истражување на Сончевиот Систем“ на НАСА (англиски)
- Познатите месечини на Нептун — Скот Шепард (англиски)
|
|
|