Рио Гранде ду Сул
Рио Гранде ду Сул |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Главен град (и најголем град) | Порто Алегре | |||||
Демоним | Гаучо | |||||
Влада | ||||||
- | Гувернер | Једа Крусиус | ||||
- | Заменик гувернер | Пауло Афонсо Феижо | ||||
Население | ||||||
- | 2006 , проценка | 10.963.216 (5-та) | ||||
- | 2005 , попис | 10.854.343 | ||||
- | Густина | 38.9/км2 (101/sq mi) (13-та) | ||||
БНП | 2006 , проценка | |||||
- | Вкупно | R$ 156.883.000.000 (4-та) | ||||
- | По глава на жител | R$ 14.310 (6-та) | ||||
ИЧР (2005) | 0.832 (high) (4-та) | |||||
Кратенка | BR-RS | |||||
Часовен појас | BRT (UTC-3) | |||||
- | Лето (DST) | BRST (UTC-2) |
Рио Гранде ду Сул (португалски: Rio Grande do Sul) — најјужната држава во Бразил. Во оваа држава се наоѓаат најјужните градови на федерацијата и градови силно влијание од европската култура и архитектура.
Географија
[уреди | уреди извор]Клима
[уреди | уреди извор]Екорегиони
[уреди | уреди извор]Неколку екорегиони се протегаат низ државава. Во северниот агол, помеѓу Сера до Мар/Сера Жерал и атлантикот, лежи јужната наставка на Сера до Мар брежни шуми, синџир вечно зелении тропски шуми се протега по северната брегова линија сè до државата Рио де Жанеиро. Парања-Параибска внатрешна шума лежи во јужниот дел шумите Араукариа.
Јужниот дел на државава е покриоен со Уругвајска савана или пампа, која се протега и во Уругвај, во долина наречена Сераш до Судесте (Југоисточна планинска верига.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на колонијалниот период, Рио Гранде ду Сул била место на крвави војни: спорот помеѓу Португалија и Шпанија за Колонија Сакраменто, и Гуаринитинската војна.
Гуаранитинска војна
[уреди | уреди извор](Main article: Гуарани војна)
Касплатинанска војна
[уреди | уреди извор](Main article: Аргентинско-Бразилска војна)
фарапош војна
[уреди | уреди извор](Main article: Татерска војна)
Заселување на Рио Гранде ду Сул било главна тема за португалците. Поради тоа Метрополитанската круна делела земја на доста пданици[1]
Во веќе доделената земја, одгледувањето на говеда било основната економска активност. Гуараните, под Језуитска управа, почнале да одгледуваат говеда во Миссоес[2].
Азорските запоседници, од друга страна, биле заинтересирани за одгледување на пченица, сè до почетокот на 19 век Рио Гранде ду Сул основно извезувала пченица[2].
Сепак, со започнувањета на производство на чаркеади покрај јужниот брег, отворило нови возможности, и од тогаш, наместо добитокот да се мести од Саун Пауло, може веќе да се продава и во регионот Пелоташ, и потоа да се транспортира по море до Сантош, Рио де Жанеиро и други бразилски држави.[3].
Сè до 1830, политичката нестабилност во Аргентина и Уругвај идела во прилог на производството на месо во Пелоташ. Но со воспоставувањето мир, тие станале конкуренција.[4], and by their use of free labour, instead of slavery[5]. Ова ескалирало во бунт во 1835.
Бунтов, познат како Фарапош Војна траел десет години. Бунтовниците повеќепати го напаѓале Порто Алегре, но од таму се изгонети во јуни 1836, од тогаш империјата ставила под контрола доста од крајбрежните територии. 1839 бунтовниците ја окупирале Санта Катарина, и ја прогласиле Република Јулиана. Скоро империјата ја вратила свијата власт.[6].
Провинцијава истрпела доста за време на војнава, но брзо се обновила, во главно поради новата нестабилност во Аргентина и Уругвај[7].
Конфликт со соседите
[уреди | уреди извор]Во средината на XIX век. Рио Гранде ду Сул циклично предизвикувал војна помеѓу соседите. Војни против Аргентина и Уругвај (симнувањето на Хуан Мануел Росас, аргентински диктатор, и Мануел Сеферионо Орибе и Вијана, Уругвајски претседател, 1852) и интервенцијата во Уругвај (симнувањето на Атанасио Круз Агуире, 1864), ова по себе довело до интервенцијата на Парагвај и војна на тројната алијанса. Во војната против Росас, 75% од бразилските трупи биле гаучоси.[8].
Парагвајска војна
[уреди | уреди извор](Main article: Војна на тројната алијанса)
За време на оваа долга и крвава војна против Парагвај, Рио Гранде ду Сул бил втор фронт. Но, во 1865-та Парагвајска дивизија навлегла во државава, окупирајки ја Уругвајана до 5 август. До 16 август, трупи на тројната алијанса ја опколиле Уругвајана, и до 17 септември, ултиматум бил доставен го Генерал Естигарибиа, командант на парагвајската дивизија, немајки можност за одбрана на местото парагвајците се предале под условност наредниот ден[9].
Доцна Империја
[уреди | уреди извор]Политичка агитација била доста застапена во Рио Гранде ду Сул, но не толку важна револуција се случила по договорот од Понче верде во 1845-та.
Револуцијата во 1893-та
[уреди | уреди извор]Во војнава револуционерите успеале да ги окупираат Санта Катарина и Парања, заземајки ја Коритиба, но биле победени поради недостиог на муниција.
Револуцијата во 1923-та
[уреди | уреди извор]Во 1923-та, граѓанска војна избила помеѓу поддржувачите на Државниот претседателc Боргеш де Медејрош и опозиционите приврзаници на Партијата за Слобода и Асис Бразил.
Револуцијата во 1930-та
[уреди | уреди извор]Во 1930-та, Државниот претседател Гетуљо Варгаш, по неуспешната изборна трка со проотивканддатот од Саун Пауло, Жулио Престеш, повел револт против федералната управа, и успеал да ја симне. Што довело ди негова диктатура во 1937.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според БИГС, 2008-ма, населението брои 11,103,000, со густина на населеност 38.53 ж/km2.
Урбанизација: 80.8% (2004); Национален прираст: 1.2% (1991-2000); Домаќинства: 3,464,544 (2005).[10]
Структура: 9,137,769 Бели (82.3%), 1,265,742 Пардо (11.4%), 655,077 Црни (5.9%), 44,412 Азијати или Домородци (0.4%).[11]
Луѓе со Португалско потекло предоминираат во крајбрежните области и во југот. Луѓе со Германско потекло предоминираат во долината Синош (Ново Хамбурго, Сао Леополдо, итн) и во делови од централните и западните области. Луѓе со Италијанско потекло предоминираат во планините (Серра Гауча, Каксиас до Сул, Бенто Гонсалвес, итн) и во делови од централните и западните региони. Постои бројно Полско и Украинско население низ државава.[12]
Луѓе со Африканско потекло се концентрирани во престолнината и во некои градови на југот, како Пелоташ и Рио Гранде. Во јужниот дел на државава исто така има и бројно Домородно население.
Регионот што денес е Рио Гранде ду Сул прво бил населен од Домородни народи, воглавно Гуарани и Каинганг.[13] Европејци почнале да се населуваат од 1627, воглавно Шпански Језуити. Португалски Језуити основале основале Индијански редуктори (населени места со цел асимилирање на домородци) во 1687 и задоминирале во регионов. Повеќето Индијанци од регионов преминале кон католицизам. Овие редукционизми биле уништени од страна на Бандеирантите (знаменосците) од Саун Пауло во 18 век, коишто сакале да ги поробат индијанците. Португалскиот град Рио Гранде ду Сул значајно се зголемил помеѓу 1748 и 1756, со доаѓањето на 2.000 имигранти од Азорите, Португалија. Црнците претставувале 50% од населението на ЈРГ во 1822. Оваа пропорција намалила на 25% во 1858 до само 5.2% во 2005..[14]
Германски имигранти прво пристигнале во Јужен Бразил во 1824. Првиот ницен град бил Саун Леополдо. .[15]
Италијански имигранти започнале да доаѓаат во ЈРГ во 1875. Повеќето биле сиромашни селани од Венето, Северна Италија, кои биле привлечени во Јужен Бразил заради можноста да имаат свои фарми.[16]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Индустрискиот сектор зазема 42.6%, следен од секторот за услуги со 41.1%. Земјоделието претставува 16.3% од БДП (2004).
Удел во бразилската економија: 6.7% (2005).
Ова е една од најпросперитетните бразилски држави, државава е позната по производството на жито, лозарство, ранчеви и цвојата индустрија. Главно извезува чевли, тутун, автомобили, жито, телешко месо, кожа (материјал) и хемиски производи.
Тривија
[уреди | уреди извор]Возила: 3,716,440 (март/2007); Мобилни телефони: 7.7 милиони (април/2007); Телефони: 2.6 милиони (април/2007); Градови: 496 (2007).[17]
Образование
[уреди | уреди извор]Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции
[уреди | уреди извор]- Универзитет Јужен Каксиас Site da UCS Архивирано на 16 јули 2009 г. (UCS));
- Универзитет Пасо Фундо Site da UPF (UPF);
- Федерален универзитет Рио Гранде ду Сул (UFRGS);
- Државен Универзитет Рио Гранде ду Сул (UERGS);
- Научен Федерален Универзитет на Порто Алегре (UFCSPA);
- Федерален Универзитет Пелоташ (UFPel);
- Католички Универзитет Пелоташ (UCPel);
- Федерален Универзитет Санта Марија (UFSM);
- Федерален Универзитет Пампа (UNIPAMPA);
- Лутерански Универзитет на Бразил (ULBRA);
- UNIVATES
- и други.
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Интернационални аеродроми
[уреди | уреди извор]Меѓународен аеродром Салгадо Фиљо, Со 37.6 илјади квадратни метри конструкција од четири нивоа, терминалот на аеродромов може да земе 28 големи авиони симултано. Дневна квота (полети и долети) 174.
Меѓународен аеродром Краемер сместене е во руралната зона Баџе, 60 км од Уругвајската граница и 380 км од Порто Алегре.
Сместен на границата со Аргентина (на Paso de los Libres (Преминот на Слободните)), Уругвајана се смета за главен внатрешен аеродром на Латинска Америка, благодарение на стратегиската положба помеѓу земмјите на Меркосур.
Автопати
[уреди | уреди извор]BR-101, BR-285, BR-290, BR-290.
Култура
[уреди | уреди извор]Рио Гранде ду Сул е абривеирана како една од државите со најбогата култура во Бразил. Музиката во Рио Гранде ду Сул е е мешавина од многу стилови (Прата ритми во основа), вклучувајќи Шамаме, Милонга, Полка и Чакарера. Жителите се познати по пијалакот чимараро, локална верзија на мате коешто се пие во соседните Уругвај и Аргентина.
Секој регион во државава си има своја културна приказна. Помеѓу пампаите, културата е сѐ уште под силно влијание на старите Гаучоси. Гаучо е термин којшто може да се користи за посочување на било кој роден во Рио Гранде ду Сул.
Други делови од државава имаат "пост-гаучо" култура, влијаена главно од Германски или Италијански имигранти.
Јазик
[уреди | уреди извор]Како и во цел Бразил, Португалскиот е основен, но, сепак во државава има некои свои особености. Изрази од Шпанско потекло се присутни, поради близоста на Аргентина и Уругвај и нивното заедничко Гуачо минато. Жителите на Рио Гранде ду Сул зборуваат португалски со шпански акцент..[се бара извор] Зборови од домородниот гварански јазик исто така ја соочинуваат локалната граматика. Има исто така и влијание од Германскиот и Италијанскиот.[се бара извор]
Туризам и рекреација
[уреди | уреди извор]Рио Гранде ду Сул има голем потенцијал во палеонтолошкиот туризам, со многу палеонтолошки знаменитости и музеи во геопаркот палеорота. Голем дел од централноста припаѓа на тријасот. Овде живееле Rhynchosaur, thecodont, exaeretodon, Staurikosaurus, Guaibasaurus, Saturnalia tupiniquim, Sacisaurus, Unaysaurus и други.
Екотуризамот е доста популарен во огрманените градови Грамадо и Канела; Нивната ладна клима привлекува доста туристи. Туризмот е исто така развиен и во вино регионите на државава, посебно во Каксиас до Сул и Бенто Гонсалвес. Пампасите од домородниот Блазилски етникум Гаучо се домашна и меѓународна љубопитност.
Поголеми градови
[уреди | уреди извор]Порто Алегре (престолнина), Каксиас до Сул, Пелоташ, Каноас, Санта Марија, Сао Леополдо, Нов Хамбург, Рио Гранде, Пасо Фундо, Озорио, Санта Крус до Сул, Ерехим, Граватај, Бенто Гонсалвес, Нова Прата, Уругванија, Сантана до Ливраменто, Грамадо, Игрежиња, Нов Петрополис, Канела и Баѓе.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Luddock, John. Notes on Rio de Janeiro and the Southern Parts of Brazil; cited by Love, Joseph, op. cit., p. 10.
- ↑ 2,0 2,1 Love, Joseph. Op. cit, p. 10
- ↑ Love, Joseph. Op. cit, p. 10-11
- ↑ Love, Joseph. Op. cit, p. 11
- ↑ Cardoso, Fernando Henrique. Capitalismo e Escravidão no Brasil Meridional
- ↑ Love, Joseph. Op. cit, p. 15
- ↑ Love, Joseph. Op. cit, p. 16, footnote
- ↑ Love, Joseph. Op. cit., p 16
- ↑ http://www.momentodeuruguaiana.com.br/menu/memoria/memoria187.htm[мртва врска]
- ↑ Извор: PNAD.
- ↑ (PDF) (португалски). Rio Grande do Sul, Brazil: IBGE. 2008. ISBN 85-240-3919-1 http://www.ibge.gov.br/home/estatistica/populacao/condicaodevida/indicadoresminimos/sinteseindicsociais2008/indic_sociais2008.pdf. Посетено на 2009-02-04. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „RS VIRTUAL - O Rio Grande do Sul na Internet - História - Colonização“. Архивирано од изворникот на 2008-09-27. Посетено на 2009-03-21.
- ↑ „Página do Gaúcho - Índios - Os grupos indígenas e sua distribuição“. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на 2009-03-21.
- ↑ „RS VIRTUAL - O Rio Grande do Sul na Internet - História - Colonização - Negros - A história dos gaúchos sem história“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2009-03-21.
- ↑ „Germans“. Архивирано од изворникот на 2007-07-16. Посетено на 2009-03-21.
- ↑ „Italians“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2009-03-21.
- ↑ Извор: БИГС.
Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Повеќе за Rio Grande do Sul на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- (англиски) Бразил
- (португалски) Официјална страница
- (англиски) Бразилски туристички портал Архивирано на 12 декември 2007 г.
|
|
|