Прејди на содржината

Јоаким Јохансон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јоаким Јохансон на Шведскиот опен во Бастад, 10 јули 2008 година.

Јоаким Јохансон (роден на 1 јули 1982 година) е поранешен професионален тенисер од Шведска во машка конкуренција. Тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на САД во 2004 година, освоил 3 титули во поединечна конкуренција, а највисокиот пласман во кариерата му бил на 5то место и тоа во февруари 2005 година.

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Јохансон е роден во градот Лунд, а моментално живее во Седертелје, Шведска. Неговиот татко, Леиф Јохансон, исто така бил тенисер и ја претставувал Шведска во Дејвис купот во 1970-тите години. Јоаким го носел прекарот „Пим Пим“, кој го имал уште од најрани години. Имено неговиот постар брат го изговарал Јоаким како „Јоапим“ што подоцна се претворило во „Пим Пим". Во 2005 година Џени Калур станала негова девојка, но во август 2008 година се разделиле.[1] Сестрата на Лејтон Хјуит , Џеслин Хјуит, била негова нова девојка цели пет години, од 2000 до 2005 година.[2] Тој моментално е оженет со Јохана Вестерберг, шведски професионален играч на голф која настапува на европските турнири за дами. Со неа Јоаким има и едно дете.

Јоаким нема никаква роднинска врска со колегата и шведски тенисер Томас Јохансон.

Тениска кариера

[уреди | уреди извор]

2000–2003 година

[уреди | уреди извор]

Јохансон за прв пат се натпреварувал на натпревар од ранг на професионален турнир на Шведскиот опен во 2000 година, каде што се повлекол од натпреварот против Маркус Хипфл. Подоцна тој ја остварил својата прва победа на настанот Челинџер турнир во Шведска, победувајќи го Александар Пеја. Се натпреварувал на Отвореното првенство на Сканија во Стокхолм во 2000 година, но загубил од Бохдан Улихрач.

Во 2001 година Јохансон се фокусирал на Челинџерс турнирите и затоа се натпреварувал само на еден АТП - турнир и тоа на Отвореното првенство во Стокхолм во 2001 година, губејќи од Андреас Винчигера. Сепак, тој стигнал до две полуфиналиња на фјучрсот, во Велика Британија и Нов Зеланд и две финалиња на турнири во Германија и Австрија. Првиот фјучрс турнир го освоил во Австралија, победувајќи го Тод Пери.

Во 2002 година, Јохансон победил на три тениски фјучерси во Полска, Австрија и во Шведска и стигнал до финалето во Полска. Подоцна го победил својот прв натпревар на ниво на АТП турнири, на неговиот домашен турнир на Отвореното првенство во Стокхолм во 2002 година против Алберт Портас, но потоа загубил од Фабрис Санторо.

Во 2003 година Јохансон го одиграл својот прв натпревар на Грен слем турнирот на Австралија Опен во 2003 година, губејќи од американецот Марди Фиш. Потоа ја претставувал Шведска против Австралија во Дејвис купот, но загубил од Вејн Артурс. По овој турнир настапил на турнирот во Њупорт губејќи од Зак Флешман. Во својот прв настап на УС Опен тој повторно загубил од Марди Фиш. Јохансон се натпреварувал уште еднаш, односно по четврти пат на Отвореното првенство во Стокхолм во 2003 година, каде стигнал до своето прво четвртфинале каде го победил својот прв противник од топ 30 светски играчи во моментот 25от Фернандо Гонсалес во второто коло, пред да загуби во третото коло од Дејвид Сангвинети. Во 2003 година тој освоил два турнири од Челинџер серијата и стигнал до две финалиња од истата серија.

2004 година

[уреди | уреди извор]

2004 година претставувала голем пробив за Јохансон. На неговиот прв турнир на Адидас Интернационал во 2004 година, тој ја остварил својата прва победа над играч кој се наоѓал помеѓу првите 10 играчи на АТП листата. Тоа бил Рајнер Шутлер кој во моментот бил на 6то место. Подоцна загубил од Арно Клемент. Продолжил со своите настапи и својата прва Гренд слем победа на Австралија Опен во 2004 година ја остварил против Александар Поп, веднаш и втората против Алберто Мартин, пред да загуби од тогашниот светски играч број 3 Хуан Карлос Фереро и тоа во четири сета. Подоцна во 2004 година Јохансон се натпреварувал на турнирот Сибел опен каде загубил во четвртфиналето од подоцнежниот победник Енди Родик. Јохансон ја продолжил својата добра форма со освојување на својата прва АТП титула на Крогер Сент Јуд во 2004 година каде до патот во финалето ги победил Џејмс Блејк, Марди Фиш, а во финалето и германецот Николас Кифер. Сепак, неговата добра серија била нарушена, победувајќи на само два натпревари на следните седум турнири. Двете победи му биле против Марк Филипусис и сонародникот Робин Седерлинг. Неговите порази продолжиле и на стартот на Отвореното првенство во Франција во 2004 година против Фернандо Вердаско. Имал и нови порази од хрватот Марио Анчиќ и Хуан Монако. По овие порази Јохансон заминал на Вимблдон 2004, каде загубил во 4то коло од Флоријан Мајер, откако ги победил Арно Клемент, Марди Фиш и Јонас Бјоркман. Стигнал до своето прво четвртфинале од Мастерс серијата на Мастерсот во Канада во 2004 година каде загубил од сонародникот Томас Јохансон. Неговата најголема победа во кариерата ќе дојде на Отвореното првенство на САД во 2004 година, кога предизвикал огромна изненаденост победувајќи го бранителот на титулата од минатата година американецот Енди Родик во четврт финалето во пет сета. Невообичаеност во овој натпревар било тоа што Родик освоил дури 24 поени повеќе од Јохансон, но сепак на крајот бил поразен. Јохансон подоцна го загубил натпреварот од полуфиналето против Лејтон Хјуит. Тој ја завршил годината со четири последователни четвртфинални натпревари и тоа на Гранд при турнирот во Лион во 2004 година, губејќи од идниот шампион Робин Седерлинг, купот на Кремљ во Москва 2004, Мастерсот во Мадрид 2004 и Отвореното првенство во Стокхолм во 2004 година. Јохансон ја завршил годината како 12ти играч на светот.

Измачен од повреди (2005–2007)

[уреди | уреди извор]

Јохансон ја започнал 2005 година со успех победувајќи на Аделаида Интернационал, против Тејлор Дент во финалето во два сета, а на Австралија опен 2005 година, стигнал до четвртфиналето губејќи од Андре Агаси со 7–6, 6–7, 6–7, 4–6. Победил на турнирот Опен 13 каде успеал да го победи Иван Љубичиќ во финалето, по што го прескокнал во топ 10 тенисери и се нашол на 9то место. Сепак, тој остварил победи во само пет натпревари на неговите претстојни 12 турнири. Победил на Светскиот тениски турнир АБН АМРО во 2005 година, во Дејвис купот и на турнирот на Есторил опен 2005 година. На Вимблдон успеал да постигне само една победа. Јохансон по овие слаби резултати решил да го оперира рамото во јули 2005 година, со што бил принуден остатокот од годината да го паузира.

Во 2006 година тој напорно вежбал за да ја поврати својата физичка кондиција и да се рехабилитира од операцијата. Тренирал заедно со тренерот Агне Бергвал и со шведските атлетски ѕвезди Каролина Клуфт, Сузана и Џени Калур. И покрај тоа што играл само половина година, тој завршил на крајот на 45то место. Во февруари 2006 година, Јоаким играл на SAP Open во Сан Хосе, но заработил уште една повреда. Потоа, тој бил принуден да ги прескокне турнирите во Индијан Велс и Мајами до почетокот на второто негово враќање во јули 2006 година со играње на Челинџер и Фјучрс турнири.

Во октомври 2006 година, Јохансон направил триумфално враќање на АТП турнирот на Стокхолм опен. Иако со вајлд - карта,во првото коло го победил Дејвид Сангвинети, додека го второто коло изненадувачки го победил и првиот носител и светски рекет број два Рафаел Надал. Во тој натпревар, Јохансон сервирал 17 асови и најавил враќање во врвот на светскиот тенис. Таа победа ја нарекол најголемата победа во својата кариера. Јохансон се квалификувал во полуфиналето на турнирот пред да загуби од петтиот носител Јарко Ниеминен во три сета. На неговиот следен турнир, Мастерсот во Мадрид, Јохансон загубил уште натпревар и тоа во второто коло, претходно победувајќи го петтиот носител Николај Давиденко во првото коло во три сета. Тој, сепак, бил принуден да се повлече од следниот натпревар поради инфекција на грлото.

Во 2007 година, Јохансон се натпреварувал само на 4 турнири, и тоа на турнирот на Аделаида Интернационал, каде стигнал до полуфиналето и загубил од Новак Ѓоковиќ, потоа на Австралија Опен 2007 година се повлекол во првото коло во кое играл со Гилермо Гарсија-Лопес при резултат 1–1 во гемови во првиот сет. Потоа, Јоаким заминал на операција на десното рамо која се случила на 23 февруари во Милано. Не се враќал на тениските терени сè до септември кога играл на Дејвис купот против САД (со Родик на отворањето). Тој само еднаш го загубил својот сервис во три сета од Американецот, кој во моментот бил на 5то место во светот. По Дејвис купот, тој одиграл еден турнир на Отвореното првенство во Стокхолм во 2007 година, победувајќи го Карлос Берлок во првото коло, пред да се повлече во второто коло поради болест против подоцнежниот победник Иво Карловиќ.

2008 – денес (пензија и враќање)

[уреди | уреди извор]

Јохансон се повлекол од професионалниот тенис на 1 февруари 2008 година поради неговата постојана повреда на рамото.[3] Тој рекол дека „нема друга опција“ освен да се откаже. Но, на 3 октомври 2008 година тој објавил дека ќе се врати во светот на тенисот и дека неговата повреда на рамото е санирана. Добил вајлд-карта за да се натпреварува на Отвореното првенство во Стокхолм во 2008 година.[4] Јохансон го означил своето враќање победувајќи го Николас Махут во првото коло пред да загуби од Дејвид Налбандијан во второто коло.

Во 2009 година, тој се натпреварувал на турнирите Челинџерс серијата стигнувајќи до полуфиналето во Измир, Турција пред да се повлече против Андреа Стопини поради повреда. Потоа добил влез со вајлд-карта на Малезија опен и направил изненадувачка победа над Лејтон Хјуит во првото коло пред да загуби од Ришар Гаске во второто коло. Подоцна се натпреварувал на Отвореното првенство на Стокхолм во 2009 година, повторно со вајлд-карта. Ги победил Петер Лучак и Хуан Монако, но потоа загубил од Томаз Белучи во третото коло.

Во 2010 година, Јохансон го одиграл својот прв натпревар во таа година и тоа во поединечна конкуренција за време на натпреварот во Дејвис Купот против Аргентина, кој го загубил во четири сета одЛеонардо Мајер.

Тој добил вајлд-карта на Челинџер турнирот на интернациналниот тениски турнир во Бергамо Трофео Трисмока 2011 година. Играл во Дејвис купот против Русија. Во октомври 2013 година, Јохансон најавил мини враќање за да се квалификува за Отвореното првенство на Стокхолм во 2013 година. Директорот на турнирот Томас Јохансон му доделил вајл-карта за квалификациите и во нив Јоаким најпрво го победил светскиот рекет број 450 Ерик Чвојка во првото коло и потоа светскиот рекет број 142, Матијас Бахингер во второто коло. Тој го победил Алехандро Фала во првото коло од главниот турнир, но сепак загубил од Милош Раониќ во второто коло од главната фаза..

Тој го држел рекордот за најмногу сервирани асови во еден натпревар со 51 ас против Андре Агаси во 4то коло на Австралија Опен во 2005 година (овој натпревар Јохансон го загубил во четири сета). На прес-конференцијата по натпреварот, Јохансон рекол дека чувствувал дека можел да сервира уште подобро.[5][6] Иво Карловиќ го израмнил рекордот на 21 јуни 2005 година на Вимблдон против Даниеле Брачиали, а на Отвореното првенство на Франција во 2009 година, Карловиќ сепак успеал овој рекорд да го собори со 55 ас сервиси и тоа против Лејтон Хјуит во првото коло, но на крајот го загубил натпреварот во пет сета. Јохансон сè уште држел рекорд - најмногу асови сервирани во натпревар од 4 сетови (51) до јули 2014 година, кога Џон Иснер го урнал тој резултат на Вимблдон (Иснер сервирал неверојатни 52 асови во 4 сета, но исто така загубил во тој натпревар).

Финалиња во кариерата на АТП

[уреди | уреди извор]

Поединечна конкуренција 3 (3 победи)

[уреди | уреди извор]
Победник-Легенда (пред/пост 2009)
Гренд слем турнири (0)
Мастерс куп во тенис /Финале на светската турнеја на АТП (0)
Мастерс серија на АТП /
АТП светска турнеја Мастерс 1000 (0)
Златна меѓународна серија на АТП / АТП светска турнеја 500 серија (1/0)
АТП меѓународна серија /
АТП светска турнеја 250 серија (2/0)
настапи на разлини подлоги
Тврда (3/0)
Земја (0/0)
Трева (0/0)
Тепих - синтелон (0/0)
Резултат Поб./Пор. Датум Турнир Површина Противник Резултат
Победи 1–0 февруари 2004 година Мемфис, Соединетите Американски Држави Тврда Германија Николас Кифер 7–6, 6–3
Победи 2–0 Јануари 2005 година Аделаида, Австралија Тврда САД Тејлор Дент 7–5, 6–3
Победи 3–0 февруари 2005 година Марсеј, Франција Тврда Хрватска Иван Љубичиќ 7–5, 6–4

Двојки (парови): 2 (1 победа, 1 пораз)

[уреди | уреди извор]
Резултат В/Л Датум Турнир Површина Партнер Противниците Резултат
Пораз 0–1 Јуни 2005 г Хале, Германија Трева Русија Марат Сафин Швајцарија Ив Алегро

Швајцарија Роџер Федерер
5–7, 7–6 (8–6), 3–6
Победа 1–1 јули 2005 година Бастад, Шведска Земја Шведска Јонас Бјоркман Аргентина Хосе Акасусо

Аргентина Себастијан Прието
6–2, 6–3

Временска рамка за изведба поединечни натпревари

[уреди | уреди извор]
Турнир 2000 година 2001 година 2002 година 2003 година 2004 година 2005 година 2006 година 2007 година 2008 година 2009 година 2010 година 2011 година 2013 година Победа-загуба во кариерата
Австралија опен апстиненција апстиненција апстиненција 1 коло 3 коло 4 коло апстинеција 1 коло апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција 5–4
Француски опен апстиненција апстиненција апстиненција квалификации 1 коло 1 коло апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција 0–1
Вимблдон апстиненција апстиненција апстиненција квалификации 1 коло 4 коло 3 коло апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција 5–2
УС Опен апстиненција апстиненција апстиненција 1 коло полу финале апстиненција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција апстинеција 5–2
Победи-порази на Грен слем 0–0 0–0 0–0 0–2 10–4 5–2 0–0 0–1 0–0 0–0 0–0 0–0 0–0 15–9
Рангирање на крајот на годината 773 390 219 95 11 54 193 350 771 365 889 554 694 N/A
  1. „ITF Profile“. Архивирано од изворникот на 2020-10-20. Посетено на 2021-11-23.
  2. „Hewitt v Johansson a family affair“. The Age. Australia. 11 September 2004.
  3. „Injury forces Johansson to quit“. BBC Sport. 1 February 2008.
  4. „Pim-Pim calls it quits“. Yahoo! News. 1 February 2008.
  5. TENNIS: Agassi survives ordeal by aces as Johansson serves record 51[мртва врска]
  6. Post-match interview

 Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy