Џон Ленон
Џон Ленон | |
---|---|
Џон Ленон и Јоко Оно во 1980 година | |
Основни податоци | |
Родено име | Џон Винстон Ленон |
Роден(а) | 9 октомври 1940 Ливерпул, Англија |
Потекло | Ливерпул, Велика Британија |
Починал(а) | 8 декември 1980 (возраст 40) Њујорк, САД |
Жанр(ови) | Рок/Поп |
Занимање/ња | пејач, текстописец, гитарист, поет, уметник, активист |
Инструменти | Гитара, Хармоника, Пијано, Бас |
Години на активност | 1957 – 1975, 1980 |
Продукциска куќа/ќи | Parlophone, Capitol, Apple, Vee-Jay, EMI, Geffen |
Мрежно место | JohnLennon.com |
Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) (9 октомври 1940 — 8 декември 1980) — познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, глумец и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесеттиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесеттиот век.
Негова жена била Јапонката Јоко Оно од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.
Во 2002 година, според анкетата 100 најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон бил рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласило Ленон за 38. најголем музичар на сите времиња на својата листа „Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха“. На истата листа, Битлси го зазеле првото место.
Во 1969 година, заедно со другите членови на „Битлси“, Ленон го добил Орденот на Британската Империја, но четири години подоцна го вратил орденот, наведувајќи неколку причини: вмешаноста на Британија во војната во Нигерија, поддршката што Британија ѝ ја давла на САД во војната во Виетнам и лошиот комерцијален успех на неговата песна „Студена мисирка“ (Cold Turkey).[1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џон Ленон“ на Ризницата ? |
- Официјалната страна на Џон Ленон
- Страница на Би-Би-Си за Џон Ленон
- Џон Ленон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Џон Ленон како уметник Архивирано на 13 ноември 2007 г.
- ФБИ документи за Џон Ленон
- Дискографија на Џон Ленон Архивирано на 21 ноември 2007 г.
- "Кој го уби Џон Ленон", песна на Елис Пол.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Боуви одби да стане витез, Брандо ги бојкотира Оскарите“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 22.