Прејди на содржината

Васил Тоциновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Тоциновски
Роден 22 август 1946(1946-08-22)(78 г.)
Стојаково, НР Македонија, ФНРЈ
Занимање писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач

Васил Тоциновски (роден на 22 август 1946 во Стојаково, Гевгелиско) — македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач. Тој е еден од најплодните современи македонски автори[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Како добитник на Рациновата стипендија во 1969 г. дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. На истиот факултет ги завршил постдипломските студии по македонска книжевност, во 1984 г. магистрирал на тезата „Драмскиот писател Богдан Сираков“, а во 1989 г. ја одбранил докторската дисертација „Атанас Раздолов - живот и дело“. Дваесет години работел во Телевизија Скопје (1969-1989).

Работел како водител на телевизискиот дневник, уредник, главен и одговорен уредник на Втората програма (1981-1984) и на секторот за училишна, образовна и научна програма (1985-1988). Автор е на сценарија на педесетина документарни филмови и серии емитувани на програмите на тогашна ЈРТ (Југословенска Радио Телевизија) и на многубројни програми и фестивали во светот. Остварил меѓународна соработка и престој во Советскиот Сојуз, Италија, Германија, Словачка, Романија и Бугарија.

Бил в.д. директор на македонскиот Институт за фолклор (1989-1992). Работи како научен соработник на Институтот за македонска книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2008 г. сè до неговото пензионирање во 2014 г. работел како редовен професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска.

Бил главен и одговорен уредник на најстарото македонско книжевно списание за литература, култура и уметност „Современост“.[2]

Васил Тоциновски е потписник на 57 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство, соавтор е на 17 енциклопедии, зборници, прирачници и учебници за средното образование, во земјата и странство публикувал 317 книжевно-историски студии и 431 рецензии за автори и дела од домашната и светската книжевност. Неговите трудови се преведувани на: германски, италијански, англиски, словачки, хрватски, српски, бугарски, словенечки, албански, полски, турски, француски, руски, романски и др.

Пред македонската и светската јавност е познат повеќе како научен работник, истражувач на македонската литературна историја. Се занимава со македонскиот XIX век и периодот меѓу двете светски војни. Особен придонес има во откривањето на непознати страници од историјата на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во тој правец има големи заслуги во откривањето на животната судбина и книжевното дело на дводомните писатели од македонско потекло, т.е. Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Васил Тоциновски е автор на повеќе дела од областа на поезијата, прозата, книжевната историја, есеи, хуморески, коментари, рецензии и монографии.

Белетристика

[уреди | уреди извор]
  • „Тајна во сонот“ (поезија, 1972).
  • „Настан во автобусот“ (хуморески, 1974).
  • „Птици во кругот“ (раскази, 1978).
  • „Отворена врата“ (поезија, 1979).
  • „Ден за игра“ (поезија, 1981).
  • „Свилена буба“ (хуморески, 1982).
  • „Гласот што се чека“ (раскази, 1983).
  • „Криенка“ (поезија за деца, 1985).
  • „Отвори четири очи“ (раскази за деца, 1986).
  • „Мегдан за игра“ (роман за деца и млади, 1989).
  • „Златокосото дете“ (роман за деца, 1992).
  • „Трета казна“ (раскази, 1990).
  • „Ден потоа“ (роман за млади, 2001).
  • „Ѕвони двапати“ (раскази за деца, 2002).
  • „Легенди и преданија“ (книга за деца и млади, 2003).
  • „Некои чудни бои“ (стихозбирка за деца, 2004).
  • „Легенди и преданија“ (книга за деца и млади, второ изменето издание, 2004).
  • „Златна книга на поезијата за деца“ (2004).
  • „Златна книга на прозата за деца“ (2004).
  • „Златна книга на легенди и преданија“ (книга за деца, 2004).
  • „Tijelo za grijeh“ (2009).
  • „Приказни од градинка“ (раскази за деца, 2010).
  • „Победници“ (раскази за деца и млади, 2010).
  • „Sušačko popodne“ (раскази, 2010).
  • „Затворен ковчег“ (поезија, 2011).
  • „Сушачко попладне“ (раскази, 2012).
  • „Затворен ковчег“ (стихозбирка)
  • „Некои златни времиња“ (стихозбирка)
  • Еден миг живот“ (стихозбирка, 2023)

Книжевно-историски студии

[уреди | уреди извор]
  • „Моќ на поетската реч“ (книжевна наука, 1980).
  • „Живот и сцена“ (монографија, 1987).
  • „Светлина и текови“ (книжевно-исориски студии, 1987).
  • „Зборот куршум и динамит“ (монографија која воедно е и неговиот докторат, 1990).
  • „Поет изгнаник“ (монографија, 1990).
  • „Збор на времето“ (есеи и критики, 1993).
  • „Жаров бунтар и буревесник“ (монографија за Михаил Сматракалев, 1994).
  • „Македонски литературен кружок, Софија, 1938-1941“ (документи со негов избор, превод, редакција и белешки, 1995).
  • „Низ книжевниот континуитет“ (книжевно-историски студии, 1996).
  • „Коле Неделковски“ (монографија, 1997).
  • „Судбини на откорнатикот“ (книжевно-историски студии, 1998).
  • „Трагачи по вистината“ (книжевно-историски студии, 1998).
  • „Тројца кружочници“ (студии, 1998).
  • „На македонски теми од Михаил Сматракалев“ (избор, предговор и превод, 1999).
  • „Возбуда по зборот“ (книжевно-историски студии, 2000).
  • „Род и пород“ (монографија, 2001).
  • „Време минато и сегашно“ (книжевно-историски студии, 2002).
  • „Тајни и трајни пораки“ (книжевно-историски студии, 2003).
  • „Гемиџиски пораки“ (книжевно-историски студии, 2004).
  • „Со живот за живот“ (книжевно-историски студии, 2005).
  • „Нашите тајни страници“ (книжевно-историски студии, 2005).
  • „Преводите на мадедонскиот 19 век“ (монографија, 2005).
  • „Пролетни бури“ (монографски студии, 2006).
  • „Скришни нешта“ (студии за автори и дела од современата македонска книжевност, 2006).
  • „Волшебности на зборот“ (книжевни есеи, рецензии и коментари, 2006).
  • „Времето го нема“ (книжевни есеи и рецензии, 2007).
  • „Златниот клас“ (книжевно-историски студии, 2007).
  • „Коренот“ (книжевно-историски студии, 2008).
  • „Кон трајните вредности“ (книжевни есеи, рецензии и коментари, 2008).
  • „Расказот на македонскиот 19 век“ (монографија, 2009).
  • „Кон Арарат“ (монографија, 2009).
  • „Предвесници“ (книжевно-историски студии, 2010).
  • „Мост од ѕуница“ (книжевни критики и есеи, 2011).
  • „Умни книги“ (есеи и рецензии за литература за деца и млади, 2012).
  • „Враќање нема“ (монографија, 2012).
  • „Столетни опстојби“ (книжевно-историски студии, 2012).
  • „Пурпурни дождови“ (книжевни критики, 2013).
  • „Берачи на ѕвезди“ (книжевни студии, 2013).
  • „Варна на мојата младост“(книжевно-историски студии, 2015).
  • Лов на елени (книжевно-историски студии, 2015)[3]
  • Крсте Мисирков, Здружение на новинарите на Македонија, 1976.
  • Медал „Заслуга за народот“ на Претседателството на СФРЈ, 1980.
  • Гоце Делчев, за особено значајни остварувања од интерес на Републиката во областа на науката, за трудот Зборот куршум и динамит, 1991.
  • Деветоноемвриска награда, на Собранието на општина Титов Велес, за книгата Поет изгнаник, 1991.
  • Награда за најдобра книга од домашен автор на Културно - просветната заедница на Македонија, 1992.
  • Ванѓа Чашуле, награда за превод на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи во Тетово, 1994.
  • Климент Охридски, за особено значајни остварувања во културата и уметноста од интерес на Република Македонија, 1995.
  • Награда на Авторската агенција на Македонија на 26-тата Меѓународна средба на кижевните преведувачи во Тетово,за делото Страници од мојата биографија на Антон Великов, 1997.
  • Димитар Митрев, награда за критика и есеистика на Друштвото на писателите на Македонија, за трудот „Коле Неделковски“,1998.
  • Златно перо, за долгогодишна посветеност на книжевниот превод на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи во Тетово, 2001.
  • Награда за литература за деца и младинци на Здружението на издавачите и книжарите на Р Македонија, за книгата „Ѕвони двапати“, 2002.
  • Гемиџии, награда за животно дело на Советот на општина Велес, 2005.
  • Плакета во знак на признание за придонесот во афирмацијата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2006.
  • Златен прстен, за книжевен опус на Фондацијата Македонија презент, 2008.
  • Плакета во знак на признание за придонесот во афирмацијата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2008.
  • Прва награда за краток расказ на редакцијата на списанието Тренд, 2008.
  • Книжевно перо, за проза Сушачко поподне и за деца и млади Снегуљица на дар, 2010.
  • Книжевно перо, за препевот од македонски на хрватски јазик на изборот Читање на ненапишаното од Христо Петрески, 2011.
  • Универзитетот Св. Кирил и Методиј по повод пензионирањето му доделува Повелба во знак на признание за неговиот придонес во развојот и унапредувањето на наставно - образовната и научна дејност на Универзитетот, 2011.
  • Плакета на Урбан Институтот за придонес во ширењето на македонската култура во земјата и во странство, 2012.
  • Книжевно перо, за Мост од ѕуница - на Хрватското книжевно друштво за најдобра книга есеи, 2012.
  • Благодарница за остварени резултати кои придонеле за промовирање и афирмација на Универзитетот во Риека, 2012.
  • Прозни мајстори за „Сушачко попладне“, 2013.[4]
  • Благодарница за остварени резултати кои придонеле за афирмација на Универзитетот во Риека, 2013.
  • Книжевно перо, за придонес во книжевноста и културата (за животно дело), 2014.
  • Книжевно перо, за „Побиједници“ за книга на годината од областа на детската литература, 2014.
  • Благодарница за несебично залагање, придонес и афирмација на Заедницата на Македонците во Р Хрватска, 2014.
  • Благодарница за придонес и афирмација на списанието за литература, култура и уметност Современост како негов главен и одговорен уредник, 2014.
  • Струшко слово, за придонес во примената, развојот и афирмацијата на македонскиот литературен јазик во Македонија и во светот, 2015.
  • Струшко изгрејсонце, за книгата Победници која се доделува за книга за деца и млади од македонски автор, 2015.[5]
  1. „Васил Тоциновски“. Мацедониум. 2008.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 262 - 263.
  3. „Лов на елени“, 2015
  4. „Наградата „Прозни мајстори" за Алаѓозовски, Крајчев и Тоциновски“. 24. 2 јануари 2013.
  5. „Наградата „Струшко изгрејсонце" за Васил Тоциновски“. Идивиди. 17 август 2015.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy