Прејди на содржината

Вилксова Земја

Координати: 69°00′S 120°00′E / 69.000° ЈГШ; 120.000° ИГД / -69.000; 120.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилксовата Земја на карта на Антарктикот

Вилксова Земја (англ. Wilkes Land) е големо копнено подрачје на истокот на Антарктикот, на кое формално право полага Австралија како дел од Австралиска Антарктичката Територија, иако ова е полноважно само до истекот на Антарктичкиот договор. На предната страна областа излегува на јужниот Индиски Океан помеѓу Земјата на Кралицата Марија и Аделината Земја, и се протега од ‘ртот Хордерн (100°31' ИГД) до ‘ртот Пуркоа Па (136°11' ИГД). Подрачјето продолжува како отсечок во должина од 2600 км кон Јужниот Пол, и зафаќа површина од 2.600.000 км², главно замрзнато земјиште. Вилксовата Земја се дели на помали подрачја во облик на помали исечоци што водат до Јужниот Пол:

  1. Ноксова Земја: 100°31' ИГД - 109°16' ИГД
  2. Бадова Земја: 109°16' ИГД - 115°33' ИГД
  3. Сабринина Земја: 115°33' ИГД - 122°05' ИГД
  4. земја БАНЗАРЕ: 122°05' ИГД - 130°10' ИГД
  5. Клериева Земја: (Вилксов Брег) 130°10' ИГД - 136°11' ИГД

Во поширока смисла, Вилксовата Земја продолжува на исток до ‘ртот Алден (142°02' ИГД), зафаќајќи ја и Аделината Земја, на која полага право Франција.

Вилксовата Земја го носи името на американскиот поручник Чарлс Вилкс (подоцна контраадмирал) кој го истражил ова крајбрежје во периодот од 1838 до 1842 г. како дел од Американската истражувачка експедиција. Вилкс ја добил почеста откако го открил континенталниот раб што се протега 2.400 км долж брегот, така приложвајќи цврст доказ дека Антарктикот е континент. Оваа дефиниција го опфаќа подрачјето источно од 142°02' ИГД наречено Земја на Кралот Џорџ, кое Вилкс го забележал, но за кое подоцна се испоставило дека се наоѓа појужно од положбите што ги завел самиот Вилкс.

69°00′S 120°00′E / 69.000° ЈГШ; 120.000° ИГД / -69.000; 120.000

pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy