Гесло на Европската Унија
Геслото на Европската Унија (ЕУ) е латинскиот израз In varietate concordia, слободно преведено на македонски како Обединети во различноста.
Ова гесло е инспирирано е од верзијата на латински јазик, осмислена од Ернесто Теодоро Монета, Италијанец добитник на Нобеловата награда: In varietate concordia односно In varietate unitas. Геслото е усвоено во 2000 година и е еден од најновите симболи на Европската Унија, заедно со химната и знамето на Европа. Геслото е официјално преведено на сите 24 официјални јазици на Европската Унија.
Водечката мисла во овој случај е дека преку Европската Унија, Европејците се обединиле да работат за мир и просперитет, збогатени од многуте различни култури, традиции и јазици на континентот.[1]
Следуваат официјалните преводи на геслото на 24-те официјални јазици на ЕУ:
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The EU motto“. European Union (англиски). 16 јуни 2016. Посетено на 2 јануари 2021.