Двориште (Велешко)
Двориште | |
Координати 41°34′42″N 21°50′10″E / 41.57833° СГШ; 21.83611° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Градско |
Област | Клепа |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1420 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29020 |
Надм. вис. | 459 м |
Двориште на општинската карта Атарот на Двориште во рамките на општината | |
Двориште на Ризницата |
Двориште — село во Општина Градско, во средишното Повардарие,[2] централна Македонија. Денес нема жители.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Клепа, меѓу планинските села во југозападниот дел на општината. Седиштето Градско е источно од Двориште, во плодната долина на Вардар.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Двориште е населено уште од доцната антика, зашто сведочи наоѓалиштето Кале (или Клепа) источно од селото.[4]
Во XIX век Двориште било чисто македонско село во нахијата Клепа од Велешката каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дворишти (Dvorishti) имало 24 домаќинства со 106 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дворишта имало 150 жители, сите Македонци христијани.[5][7]
На почетокот на XX век жителите на селото веќе потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дворишта (Dvorichta) имало 120 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][8]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Дворишта (Dvorišta) како македонско христијанско село.[5][9]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[10]
Селото почнало масовно да се раселува некаде во 1960-тите и е сосема напуштено во 1980-тите. Така, во 1961 година најпрво броело 34 жители Македонци, за после многу брзо да се исели. Последно во 1981 година имало само 2 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Двориште немало жители.[3] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | 120 | 33 | 19 | 34 | 3 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Двориште било македонско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:
- Староседелци: Илијовци (7 к.)
- Доселеници: Матовци (9 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од селото Водоврати; Најдовци (1 к.) доселени биле во 1885 година од селото Долно Чичево; Мацини (1 к.) доселени биле во 1898 година од селото Долно Чичево.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Кале (или Клепа) — градиште од доцноантичко време
Личности
[уреди | уреди извор]- Камен Лазаров — револуционер, влешки војвода на ВМРО
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес.[15]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 92. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ 3,0 3,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 75. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 182 - 183.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|