Прејди на содржината

Иван III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван III
Кнез на Москва
На престол22 јануари 1440 - 27 октомври 1505
ПретходникВасилиј I
НаследникВасилиј III
Жена
ДецаИван Иванович
Василиј Иванович
Јури Иванович
Дмитриј Иванович
Семјон Иванович
Андреј Иванович
Алена Ивановна
Теодосија Ивановна
Евдокија Ивановна
ТаткоВасилиј II
МајкаМарија Боровска

Иван III Василевич (руски: Иван III Васильевич) (роден на 22 јануари 1440 во Москва - починал на 27 октомври 1505 во Москва), познат и како Иван Велики бил кнез на Московското Кнежевство и „голем кнез на сите Руси“ (руски: Великий князь всея Руси), понекогаш нарекуван како „обединувач на сите руски земји“, тој тројно ја зголемил територијата на неговата држава, го реновирал московскиот Кремљ и ги поставил темелите на руската држава. Тој бил еден од најмладите руски владетели во историјата.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Иван Василевич е роден на 22 јануари 1440 година од страна на Марија Јарославна, ќерка на кнезот Јарослав Боровски, во екот на граѓанските војни помеѓу неговиот татко, големиот кнез Василиј II Слепиот и чичко му, Димитриј. Во 1446 година Василиј бил заробен и ослепен, а Иван некое време се криел во манастир, а потоа, исто така, бил фатен од противниците на својот татко. Тој бил верен од политички причини за Марија Борисовна, ќерка на големиот кнез на Твер, и во 1452 година се оженил за неа.

Во последните години од владеењето на татко му Иван Василевич добил одредено искуство во управувањето. Во 1452 година формално бил поставен на чело на походот против Галич Мерски на север, а во 1458 година учествувал во војна против Казанско ханство. По смртта на Василиј II на 27 март 1462 година Иван III станал голем кнез на Московското Кнежевство.

Во 1463 година Иван III го освоил Јарослав, а во следните неколку години водел неколку војни кои привремено го неутрализирале Казанското ханство. Во 1467 година неговата сопруга починала, оставајќи го со еден син, Иван Младиот. Во 1469 година тој добил понуда од римскиот папа да се омажи за Софија Палеологина која била ќерка на Тома, брат на последниот византиски цар Константин XI Драгаш, кој по падот на Цариград во 1453 година живел во Рим, заедно со своето семејство. Во 1472 година двајцата се венчавале во Москва, каде таа го прифатила името Софија.

Територијално проширување

[уреди | уреди извор]
Територијалното проширување во 1505

Според различни проценки, за време на владеењето на Иван III Московското Кнежевство ја зголемило својата територија повеќе од четири пати. Ова се случило на сметка на соседните руски кнежевства, како и на областите на исток, населени со угро-фински народи.

Еден од првите значајни чекори на Иван III е освојувањето на Новгород, кој од неколку века бил самоуправуван како аристократска република. Загрижени од порастот на кнежевството, жителите на Новгород склучиле сојуз со полскиот крал Кажимеж IV. Иван Василевич го искористил ова како основа да ги обвини за ерес од православието и во 1470 година започнал војна против Новгород. По неколку успеси на московските војници, Новгород бил принуден да склучи мир, откажувајќи се од сојузот со Полска и отстапувајќи значителен дел од своите територии во корист на Москва.

Во следните години Иван постојано барал повод за конечна послушност на Новгород. Во 1477 година тој започнал нова војна и на 14 јануари 1478 година го зазел градот. Востанијата во 1479-1488 година биле задушени со погубувања на видни аристокрти.

Останатите независни руски кнежевства бие потчинети со помалку напор. Ростов бил приклучен во 1474 година, а Твер во 1485 година.

Односи со Монголците

[уреди | уреди извор]

Во времето на Иван III кнежевството успеало да ја отфрли зависноста од Монголското Царство, која владеела два века. Во 1480 година, тој одбил да го плати редовниот данок на Ахмат Кан, владетел на Големата орда. Кога Монголците ги собирале своите сили и се упатиле кон Москва, Иван Василевич побегнал и во бегство бил додека ростовскиот епископ не го обвинил дека му било страв да се соочи со ордата.

Во октомври двете армии се сретнале една против друга на двата брега на реката Угра. Монголската војска го чекала доаѓањето на литванските сојузници. За разлика од Куликовската битка, Русите не се осмелиле да нападнат. Откако Кримското ханство, сојузник на Москва, започнало воени дејствија против Литванија, Ахмат Кан решил да се повлече.

Во 1481 година Ахмат Кан подготвил нов поход против Московското Кнежевство но бил нападнат и убиен од Ивак, хан на Ногајската орда. Во 1487 година Иван III дури успеал да го стави под вазална зависност Казанското ханство. Тој ги задржил сојузничките односи со другиот голем муслимански сосед, Кримско ханство. Преку неговиот владетел Менгли I Гирај тој воспоставил дипломатски односи со Отоманското Царство и во 1495 година во Цариград пристигнал првиот руски амбасадор.

Односи со Европа

[уреди | уреди извор]

Со зајакнувањето на кнежевството, тоа постепено стекнало голема слава во Европа. Освен со Ватикан, во тоа време биле воспоставени дипломатски врски со Светото Римско Царство, Унгарија, Молдавија.

Иван III склучил унија со данскиот крал Ханс, насочен против Шведска. Тој ја иградил во тврдината Ивангород, која се покажала како особено корисна во подоцнежната Руско-шведска војна.

Понатамошното проширување на московските права на запад било олеснето по смртта на Кажимеж IV во 1492 година. Новиот голем кнез на Литванија Александар бил доста нерешителен и се обидувал да се заштити од нападите на Москва женејќу се со Елена, ќерка на Иван III. Сепак агресивното однесување на дедо му продолжило и во 1499 година кога двете држави биле повторно во војна. Во 1500 година Литванците претрпиле пораз кај Ведроша, а во 1503 година Александар склучил мир, според кој ги отстапил Чернигов, Новгород Северски, Стародуб, Гоме, Брјанск, Торопец, Мценск итн.

Последни години

[уреди | уреди извор]
Успенскиот соборен храм

Управувањето на Иван III е поврзано со занчителна централизација на државата. Во текот на неговото владеење бил создаден устав аспоред кој кнезот немал повеќе потреба да се советува со болјарите околу некои битни прашања во земјата.

По 1485 година бил изграден Московскиот Кремљ. Таму биле изградени камбанаријата на Иван Велики, а во 1479 година и Успенскиот собор. По наредба на Иван III византискиот монах Максим Греко преведувал грчки и латински црковни книги на руски.

Последните години од владеењето на Иван III се поврзани со интриги околу неговото наследство. Под притисок на втората сопруга Софија првично за наследник бил одреден Димитриј кој бил подоцна отстранет. За наследник на престолот бил прогласен првиот син на Иван III од Софија, Василиј.

Иван III починал на 27 октомври 1505 година и бил погребан во Архангелската катедрала.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy