Прејди на содржината

Кох-и-Нoр

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кох-и-Нор во предниот крст на круната на кралицата Марија.

Кох-и-Нoр (персиски : كوه نور, Планина на светлината; понекогаш и Кох-и-Нур, Кух-е Нур или Кох-и-Нур ) е дијамант од 105,6 карати со тежина од 21,6 грама, некогаш најголемиот дијамант во светот. Се верува дека Кох-и-Нор потекнува од индиската држава Андра Прадеш, заедно со другиот голем дијамант, неговиот близнак, Дарја-и-Ноор (Море на светлината). Дијамантот им припаѓал на бројни хинду, могулски, ирански, авганистански, сики и британски владетели кои жестоко се бореле за него, често земајќи го како воен плен по воените конфликти.

Во 1850 год. Британската источноиндиска компанија го конфискувала дијамантот од Далип Синг,последниот махарџа на империјата на Сиките, по што скапоцениот камен станал дел од кралскиот накит на кралицата Викторија кога таа во 1877 година станала царица на Индија. Традиционално, дијамантот го носел името Сјамантака-мани, а подоцна и Маднајак („Кралот на скапоцените камења“), пред да Надер-шах во XVIII век, го преименувал во „Кох-е нур“, откако ја освоил Индија. Скапоцениот камен моментално е дел од круната на кралицата Елизабета Втора, која е изложена во Лондонската кула.

Според легендата, Кох-и-Нор се смета за најстар сочуван дијамант, односно дијамант чија историја најдолго може да се следи. Најстарата приказна за дијамантот наводно е митот стар 5000 години кога во еден санскритскиот еп се спомнува џиновски скапоцен камен. Според индиската митологија, дури и хинду боговите се скарале за некој голем скапоцен камен. Меѓутоа, денес не може да се потврди дали Кох-и-Нор навистина е еден од споменатите драгоцености или неговото потекло е нешто помладо. Денес, преовладува тезата дека дијамантот потекнува од рудникот Колур, во близина на денешната област Гунтур, во провинцијата Андра Прадеш во модерна Индија . [1] [2]

Историја

[уреди | уреди извор]
Илустрација на Кох-и-Нур од Жан-Батист Таверние .
Надир Шах на Пауновиот трон (околу 1850 год.)

Според дневникот на Алаудин Кхалји од династијата Кхалји на делхискиот султанат, тој се здобил со голем дијамант откако ги освоил кралствата на јужна Индија на почетокот на 14 век. Подоцна, Кох-и-Нор бил дел од украсот на светски познатиот Пауновиот трон во Делхи, каде што бил сместен во окото на паунот. Кога персискиот владетел Надер Шах во 1739 год. го освоил Делхи, дијамантот станал негова сопственост. Според легендата, една куртизана од харемот му кажала на Надер Шах дека дијамантот бил во турбанот на могулскиот владетел. За време на прослава, Шахот ја искористил информацијата и му предложил на могулот да ги разменат турбаните. Во тоа време, размената на турбани се сметало за гест на вечно пријателство и братство, така што одбивањето било тешка навреда. Откако го добил турбанот (и дијамантот), шахот се вели дека радосно извикал Кох-и Нор! [3] и на тој начин му го дал името на дијамантот. Пред 1739 год. името Кох-и-Нор не се споменувало никаде.

Во 1747 год., Надер шах бил убиен, а дијамантот завршил во ризницата на регионот Пенџаб, во рацете на авганистанскиот владетел Ахмад Шах Дурани. Кога Британската империја во 1849 год. го припоила регионот, дијамантот завршил во сопственост на британската источноиндиска компанија како компензација за англо-сикиските војни. Не долго по тој настан, на 3-ти јули 1850 година, дијамантот и бил даден на кралицата Викторија по повод 250 годишнината од основањето на компанијата и со тоа преминал во рацете на британската круна, на која и припаѓа и денес.

Проклетството на Кох-и-Нор

[уреди | уреди извор]
Кралицата Викторија била првиот сопственик на Кох-и-Нур кој не доживеал несреќа.

Се верува дека Кох-и-Нор со себе носи проклетство (Проклетството на Кох-и-Нор) што влијае на мажите кои го носат, но не и на жените. Секој владател кој го имал дијамантот на себе или го изгубил тронот или му се случила некаква трагедија. Кралицата Викторија станала првиот монарх што го носел скапоцениот камен без да му се случи несреќа. По неа, Кох-и-Нор бил дел од кралскиот накит или на англиска кралица или на кралицата консорт и никогаш не го носел машки владетел (крал или крал консорт).

Приказните за постоењето на проклетство поврзано со Кох-и-Нор се појавуваат уште во стариот хинду текст, кое е и првото спомнување на дијамантот: „ Оној што го има овој дијамант ќе го има светот, но и сите негови несреќи. Само Господ, или жена, можат да го носат со мирна душа.“

Светска изложба

[уреди | уреди извор]
Илустрација на Кох-и-Нур претставена на јавноста на Светскиот саем во 1851 година пред да се исече.

Јавноста имала можност да го види познатиот Кох-и-Нор за време на Светската изложба поставена во 1851 година во лондонскиот Хајд Парк . Дописникот на Тајмс го опишал настанот вака:

Кох-и-Нур е секако круната на целата изложба во овој момент. Се чини дека има некаков мистериозен интерес за него, а сега кога толку многу се вложи во неговата заштита и проверка, толпата се зголемува, додека полицајците стационирани на двата влеза имаат голема мака да ја смират нетрпеливата толпа. Во текот на вчерашниот ден,во редици од по 200 луѓе кои чекаа и по неколку саата да го видат, сепак и покрај се дијамантот не успева да задоволи. Без разлика дали поради несовршениот рез или тешкотијата за ефикасно користење на светлината или поради неподвижноста на самиот скапоцен камен, кој треба да ротира околу својата оска, само мал број посетители успеваат да ги фатат сјајните зраци што скапоцениот камен ги рефлектира кога се гледа од одреден агол.

Дијамантот подоцна бил повторно изложен во засенчена кутија за да има подобро осветлување. Сепак, јавноста и тогаш не била ентузијастичка, па дијамантот бил продаден во 1852 година и повторно исечен, само една година по изложбата. Во Британија, Кох-и-Нор станал дел од колекцијата на музејот поврзан со Индија, но бил одвоен од сите други експонати.

Дел од кралскиот накит

[уреди | уреди извор]
Кралицата Александра го носела и познатиот дијамант како дел од нејзината нова круна.

Разочарувањето од изгледот на скапоцениот камен не бил невообичаен, затоа во 1852 год., под личен надзор на сопругот на Викторија, принцот Алберт, и со техничка подршка на Џејмс Тенант, Кох-и-Нор бил исечен во Амстердам [4] и од тогашните 186 1/16 карати (37,21 g) бил сведен на сегашните 105.602 карати (21,61 g) со цел да се зголеми неговата осветленост. И покрај обемните консултации, планирања и трошоците од речиси 8.000 фунти, кои ја намалија тежината на скапоцениот камен за огромни 42%, принцот Алберт не бил задоволен од резултатот. По враќањето во Лондон, дијамантот станал дел од брошот што кралицата често го носела. Во почетокот тој се чувал во замокот Виндзор, за разлика од останатиот кралски накит, кој се наоѓал во Лондонската кула . [5]

По смртта на кралицата Викторија, дијамантот бил вграден во новата дијамантска круна на кралицата Александра, со која била крунисана при крунисувањето на нејзиниот сопруг, кралот Едвард VII., синот на Викторија. Кралицата Александра била првата англиска кралица што го носела скапоцениот камен како дел од круната, традиција што ја продолжиле нејзините наследници, кралицата Марија, сопруга на Џорџ V и кралицата Елизабета, сопруга на Џорџ VI.

Претенденти

[уреди | уреди извор]

Официјална Индија изјавила дека дијамантот ѝ припаѓа нејзе и дека е незаконски земен и затоа треба да им биде вратен. [6] Кога кралицата Елизабета Втора ја посетила Индија по повод 50-годишнината од независноста во 1997 година, барањето за враќање на дијамантот било уште поизразено, а на 21 февруари 2013 година кога британскиот премиер Дејвид Камерон бил во посета на Индија, тој изјавил дека дијамантот нема да биде вратен во Индија и дека таквиот потег би бил нелогичен.

  1. „Large And Famous Diamonds“. Minelinks.com. Посетено на 2009-08-10.
  2. Deccan Heritage, H. K. Gupta, A. Parasher and D. Balasubramanian, Indian National Science Academy, 2000, p. 144, Orient Blackswan, ISBN 81-7371-285-9
  3. Iradj Amini, уред. (July 20, 2002). „KOH-I-NOOR“. United States: Encyclopædia Iranica - Online Version. Посетено на 2012-08-22.
  4. Dunton, Larkin (1896). The World and Its People. Silver, Burdett. стр. 144.
  5. Dunton, Larkin (1896). The World and Its People. Silver, Burdett. стр. 27.
  6. „Indian MPs demand Kohinoor's return“. BBC News. 2000-04-26. Посетено на 2009-08-10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy