Прејди на содржината

Луксембург (град)

Координати: 49°36′42″N 06°07′48″E / 49.61167° СГШ; 6.13000° ИГД / 49.61167; 6.13000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Луксембург
Stad Lëtzebuerg
Општина
Панорама на градот Луксембург
Панорама на градот Луксембург
Грб на Луксембург
Map of Luxembourg with Луксембург highlighted in orange, the district in dark grey, and the canton in dark red
Map of Luxembourg with Луксембург highlighted in orange, the district in dark grey, and the canton in dark red
Координати: 49°36′42″N 06°07′48″E / 49.61167° СГШ; 6.13000° ИГД / 49.61167; 6.13000
Држава Луксембург
ОкругЛуксембург
КантонЛуксембург
Управа
 • ГрадоначалникКсавиер Бетел
Површина
 • Вкупна51,46 км2 (19,87 ми2)
Ранг4. од 116
Најг. вис.&10000000000000402000000402 м
 • Ранг56. од 116
Најм. вис.&10000000000000230000000230 м
 • Ранг45. од 116
Население (2009)
 • Вкупно88,586
 • Ранг1. од 116
 • Густина1,700/км2 (4,500/ми2)
 • Ранг2. од 116
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
LAU 2LU00011001
Мреж. местоvdl.lu
Градот Луксембург: неговите стари реони и утврдувањата
светско наследство на УНЕСКО
Luxembourg Castle — The reconstructed Fort Thüngen, formerly a key part of Luxembourg City's fortifications, now on the site of the Mudam, Luxembourg's museum of modern art.
Тингенска тврдина — денес обновена за разгледување, порано клучен дел на утврдувањата на градот Луксембург, сега место на Мудам, музејот за современа уметност на Луксембург.
Критериумкултурно: iv
Навод699
Запис1994 (18. заседание)

Градот Луксембург (луксембуршки: Lëtzebuerg, германски: Luxemburg), исто така познат како Град Луксембург (луксембуршки: Stad Lëtzebuerg, француски: Ville de Luxembourg, германски: Stadt Luxemburg), е општина со градски статус и главен град на Големото Војводство Луксембург. Се наоѓа на вливот на реките Алзет и Петрус во јужен Луксембург. Градот ги содржи историскиот Луксембуршки замок, основан од Франките во раниот среден век, околу кога се развила населба.

Градот Луксембург се наоѓа во срцето на Западна Европа, околу 213 километри од Брисел, 372 километри од Париз, 209 километри од Келн и 65 километри од Мец во североисточна Франција.[1]

До 2010, општината Град Луксембург имала население од 100.000, што е речиси трипати повеќе од втората најнаселена општина. Градското метрополитенско население, вклучувајќи ги и соседните општини Есперанж, Сандвајлер, Штрасен и Валферданж, е 103,973.

Во 2009, Луксембург го имал третиот највисок БДП по глава на жител од $79.600[2], бидејќи градот има развиена банкарство и е административен центар. Во 2011, светското истражување Мерсер на 221 град, Луксембург бил на првото место по личната безбедност, додека на 19-то според квалитетот за живот.[3] Во него се седиштата на неколку институции на Европската Унија, вклучувајќи ги Европскиот суд, Европскиот ревизиски суд и Европската инвестициона банка.

Историја

[уреди | уреди извор]
Стариот град на Луксембург, ноќе

Во римскиот период, утврдена кула ги чувала премините на двата римски патишта, кои се сретнувале на местото на Луксембург. Преку договорот за размена со опатијата на Свети Максимин во Трир во 963, Зигфрид I од Ардените, близок роднина на кралот Луј II од Франција и императорот Отон Велики, се здобил со феудална земја на Луксембург. Зигфрид го изградил неговиот замок, наречен Lucilinburhuc („мал замок“), на Бок Fiels („камења“), спомнат за првпат во гореспоменатиот договор за размена.

Во 987, Егберт (надбискуп на Трир) посветил пет олтари во Црквата на Синот Божји (денес Црква Свети Михаил). Раскрсницата на римскиот пат бил близу црквата, потоа се појавил пазар, околу кога се развил градот.

Градот, поради неговата локација и физичка географија, низ историјата бил места од стратешко воена значење. Првите утврдувања биле изградени уште во 10-от век. На крајот на 12-от век, градот се проширил западно околу новата Црква Свети Никола (денес катедралата Богородична црква), новите ѕидини биле изградени, кои вклучувале површина од 5 хектари. Околу 1340, под владеењето на Јован Слеп, биле изградени нови утврдувања кои стоеле до 1867.

Панорама на реонот Холерих

Во 1443, Бургундите под Филип Добриот го освоиле Луксембург. Луксембург станал дел од Бургундија, а подоцна и во шпанското и австриското царство (погл. Шпански Ниски Земји и Шпански пат) и под хабсбуршка администрација, замокот Луксембург постојано бил зајакнуван, па така во 16-от век, Луксембург бил еден од најсилните утврдувања во Европа. Потоа, Бургундите, Шпанците, Французите, повторно Шпанците, Австријците, повторно Французите и Прусите го освојувале Луксембург.

Во 17-от век, биле изградени првите каземати; првично, Шпанија изградила 23 километри тунели, почнувајќи во 1644.[4] Овие биле продолжени под француско владении од маршалот Вобан и биле зголемени повторно под австриско водство во 1730-тите и 1740-тите.

Во текот на Француските револуциони војни, градот бил окупиран од Франција на двапати: првпат, на кратко во 1792–3 и потоа, по седуммесечна опсада.[5] Луксембург издржал толку долго од Французите, па така францускиот политичар и воен стратег Лазар Карно го нарекол Луксембург „најдобра тврдина на светот, освен Гибралтар“, давајќи му го прекарот на градот: 'Гибралтар на Северот'.[5]

Сепак, на крајот автрискиот гарнизон се предал и како последица, Луксембург бил анектиран од Француската Република, станувајќи дел од департманот Форетс, со Луксембург како негова префектура. До 1815, Парискиот договор, кој ги прекинал Наполеоновите војни, Луксембург бил во рамките на пруска воена контрола, како дел од Германскиот Сојуз, иако суверенитетот преминал на династијата Оранје-Наау, во личен сојуз со Обединетото Кралство Холандија.

Одразот на општинската зграда на медиатека

По Луксембуршката криза, Лондонскиот договор од 1867 барал од Луксембург да ги расклопи своите утврдувања во Градот Луксембург. Нивното уривање траело 16 години и чинело 1,5 милиони златни франци и барало уништување на повеќе од 24 километри подземни одбрани и 4 хектари на каземати, батерии, касарни, итн.[6] Исто така, прускиот гарнизон морал да се повлечи.[7]


Кога, во 1890 Големиот војвода Вилхелм III умрел без да има машки наследници, Големото војводство преминало во холандски раце и независнаа линија под Големиот војвода Адолф. Така, Луксембург, кој дотогаш бил независен само теоретски, станал вистински независна држава, а Градот Луксембугр повратил некои од значењата, кој ги изгубил во 1867, станувајќи главен град на целосно независна држава.

И покрај најдобрите напори на Луксембург да остане неутрална во Првата светска војна, бил окупиран од Германија на 2 август 1914. На 30 август, Хелмут фон Молтке го преместил неговото седиште во Градот Луксембург, поблиску до неговите армии во Франција, во подготовка за брза победа. Меѓутоа, победата никогаш не се случила и Луксембург бил седиште на високата германска команда и наредните четири години. На крајот на окупацијата, Градот Луксембург бил сцена за обид на комунистичка револуција; на 9 ноември 1918, Комунистите објавиле социјалистичка република, но траела само неколку часа.[8]

Во 1921, градските граници биле во голема мера проширени. Општините Ајх, Хам, Холерих и Ролингергрунд биле припоени кон градот Луксембург, правејќи го градот најголема општина во државата (позиција која ќе ја држи до 1978).

Во 1940, Германија повторно го окупирала Луксембург. Нацистите не биле подготвени да им дозволат на самоуправа на Луксембуржаните и постепено го интегрирале Луксембург во Третиот Рајх неформално со приложување на државата администрација на соседната германска покраина. Градот Луксембург бил ослободен на 10 септември 1944.[9] Градот бил бомбардиран од германскиот топ со долг дострел Фау-3 во декември 1944 и јануари 1945.

По војната, Луксембург ставил крај на својата неутралност и станал еден од основачите на неколку меѓувладини и интервладини институции. Во 1952, градот станал седиште на Високата власт на Европската заедница за јаглен и челик. Во 1967, Високата власт била споена со комисиите на другите европски институции; иако Градот Луксембург повеќе не бил седиште на ЕЗЈЧ, бил домаќин некои заседанија на Европскиот Парламент до 1981.[10] Луксембург останал седиште на секретаријатот на Европскиот Парламент, како и на Европскиот суд, Европскиот ревизиски суд и Европската инвестициона банка. Неколку департмани на Европската Комисија исто така се наоѓаат во Луксембург.

Географија

[уреди | уреди извор]

Топографија

[уреди | уреди извор]
Луксембург гледан од сателит
Клисурите - Мост Адолф

Градот Луксембург се наоѓа во јужниот дел на Луксембуршкото плато, голема песочна формација од рана јура, која го формира срцето на Гутланд, ниската и рамна површина, која ги покрива двете третини на земјата.

Центарот на градот зазема живописно место во тесните долини на реките Алзет и Петрус, чиј влив е во градот Луксембург. Над 70 метри длабоката клисура исечена од клисурите се протегаат многу мостови и вијадукти, вклучувајќи ги мостот Адолф, мостот Голема Војвотка Шарлота и Пасарела. Иако, градот Луксембург не е особено голем, неговиот распоред е комплексен, бидејќи градот е поставен на неколку нивоа, различните ридови и двете клисури.

Општината Град Луксембург покрива површина од 51 км², или 2% од вкупната површина на Големото Војводство. Ова го прави градот четврта најголема општина во Луксембург и далеку најголема урбана површина. Градот Луксембург не е особено густо населен, околу 1.500 луѓе по км²; големи површина на Градот Луксембург се паркови, пошумени области или места на важното наследство (делумно под заштита на УНЕСКО), а исто така и големи површина на обработливо земјиште на градските граници.

Реони во градот Луксембург

[уреди | уреди извор]

Градот Луксембург е поделен во дваесет и четири квартови, кои ја покриваат општината во целост. Квартовите одговараат на поголемите соседства и предградија на градот Луксембург, иако неколку историски окрузи, како Боневоа, се поделени помеѓу два кварта.

Со оглед на неговата латитуда, градот Луксембург има блага океанска клима, обележена со многу врнежи, ладни и свежи зимски температури и умерени лета. Умерена до голема облачност е присутна во повеќе од две треини од годинаа.

Климатски податоци за Luxembourg, Luxembourg
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 2.3
(36.1)
4.2
(39.6)
8.0
(46.4)
12.1
(53.8)
16.8
(62.2)
19.9
(67.8)
22.0
(71.6)
21.0
(69.8)
18.2
(64.8)
13.0
(55.4)
6.6
(43.9)
3.3
(37.9)
12.3
(54.1)
Прос. ниска °C (°F) −2.3
(27.9)
−1.8
(28.8)
0.6
(33.1)
3.3
(37.9)
7.1
(44.8)
10.2
(50.4)
12.0
(53.6)
11.8
(53.2)
9.3
(48.7)
5.7
(42.3)
1.2
(34.2)
−1.3
(29.7)
4.7
(40.5)
Прос. врнежи мм (ин) 71.2
(2.803)
61.7
(2.429)
70.0
(2.756)
61.2
(2.409)
81.2
(3.197)
82.2
(3.236)
68.4
(2.693)
72.3
(2.846)
70.0
(2.756)
74.6
(2.937)
83.2
(3.276)
79.6
(3.134)
875.6
(34.472)
Прос. бр. врнежливи денови 18.3 15.0 16.6 15.5 16.0 14.6 12.5 13.5 12.6 14.4 16.4 16.9 182.3
Извор: Светска метеоролошка организација (ОН) [11]

Локална влада

[уреди | уреди извор]
Градското собрание Луксембург е срцето на општинската администрација и ги вдомува канцелариите на општинскиот совет и градоначалникот.

Според луксембуршкиот Устав, локалната влада е во центарот на градскиот општински совет. Составен од дваесет и седум членови (фиксирано од 1964), секој избран на секои шест години во втората недела од октомври и стапува на функција на 1 јануари следната година,[12] советот е најголем од сите општински совети во Луксембург. Градот денес се смета за упориште на демократската партија (DP),[13] која е трета најголема партија во државата. Моментално, Демократската партија е најголема партија во советот, со единаесет советници.[14]

Градската администрација е предводена од градоначалникот, кој е водач на најголемата партија на општинскиот совет. По општинските избори на 9 октомври 2011, 38-годишниот Ксавиер Бетел од ДП бил избран како градоначалник на Луксембург на 24 ноември 2011.[15][16] Градоначалникот го води кабинетот, во кој ДП формираше коалиција со Зелените.[17] За разлика од другите градови во Луксембург, кои се ограничени на најмногу четири échevins, на Луксембург му се дадено можни шест échevins во неговиот collège échevinal.[18]

Национална влада

[уреди | уреди извор]

Градот Луксембург е седиште на луксембуршката влада. Семејството на Големото војводство Луксембург живее во Колмар-Берг.

Европски институции

[уреди | уреди извор]

Градот Луксембург е седиште на неколку институции на Европската Унија, вклучувајќи ги Европскиот суд, Европската Комисија, секретаријатот на Европскиот Парламент, Европскиот ревизиски суд и Европската инвестициона банка. Поголемиот дел од овие институции се наоѓаат во реонот Кирхберг, на североистокот на градот.

И покрај релативно малите димензии на градот, има неколку познати музеи: неодамна обновениот Национален музеј за историја и уметност (MNHA), Историски музеј на градот Луксембург, новиот Музеј за современа уметност (Мудам) и Националниот природонаучен музеј (NMHN). Самиот град Луксембург е на списокот за светско наследство на УНЕСКО, на сметка на историската значење на неговите утврдувања.[19] Во прилог на двата главни театри, Grand Théâtre de Luxembourg и Théâtre des Capucins, тука се и импресивната нова концертна сала, Филхармонијата, како и конзерваториумот со голема публика. Уметничките галерии ги вклучуваат Вила Вобан, Казино Луксембург и Ам Тунел.[20]

Луксембург бил првиот град двапати прогласен за европска престолнина на културата. Првиот пат бил во 1995. Во 2007, европска престолнина на културата[21] бил граничната површина составена од Големото војводство Луксембург, Рајнска област-Пфалц и Сар во Германија, областа Валонија и германскиот дел од Белгија, како и областа Лорена во Франција. Настанот бил обид да се промовира подвижноста и размената на идеи, минувајќи ги границите во сите облста, физички, психолошки, уметнички и емоционално.

Градот Луксембург е исто така познат по неговата широк избор на ресторана и кујни, вклучувајќи четири Мишелин означени објекти.[22]

Места на интерес

[уреди | уреди извор]
Луксембуршките американски гробишта и споменик

Местата на интерес ги вклучуваат неоготската Богородична црква, утврдувањата, Дворецот на големиот војвода, Споменик на сеќавањето воен споменик, камените ѕидини, опатијата Нојминстер, Place d'Armes, мостот Адолф и градското собрание. Градот е дом на Луксембуршкиот универзитет и Радио Луксембург.

Луксембуршките американски гробишта и споменикот за Втората светска војна се наоѓаат во рамките на градот Луксембург, кај Хам. Овие гробишта се последното почивалиште на 5.076 американски војници, вклучувајќи го и генералот Џорџ Смит Патон. Постои, исто така, и споменик на 371 Американец, чии остатоци никогаш не бил препознаени или идентификувани.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Луксембург се наоѓа во срцето на Европа во „Златниот триаголник“ помеѓу Франкфурт, Париз и Амстердам. Поради тоа е поврзан со неколку автопати и меѓународни правци.

Железничката станица во Луксембург

Јавен превоз

[уреди | уреди извор]

Луксембург има мрежа од 25 автобуски линии оперирани од неколку приватни компании. Постои и бесплатна линија која ја поврзува главната железничка станица, „Joker Line“ за повозрасните и градски ноќни линии. Градот поседува 5 слободни паркинзи, кои се наоѓаат на влезните точки во Луксембург. Овие паркинг простори се поврзани со автобуската мрежа со цел да се охрабрат луѓето да патуваат во градот со автобуси.

Постои и предлог за изградба на трамвајска мрежа.[23]

Железница

[уреди | уреди извор]

Луксембург има една железничка станица, која е исто така терминал за сите три линии во Големото Војводство. Таа е поседувана од државата Луксембург и од луксембуршката железничка компанија. Поврзана е со германската, белгиската и француските железничка мрежа преку неколку возови на секој час. Станицата е исто така поврзана со француската мрежа на брзи возови (со обезбедени врски до Париз и Стразбур) и до Базел и Цирих во Швајцарија преку два дневни меѓународни возови.

Аеродром

[уреди | уреди извор]

Луксембург е опслужуван од единствениот меѓународен аеродром во државата: Меѓународниот аеродром Луксембург Финдел (кодови: IATA: LUX, ICAO: ELLX). Се наоѓа во општината Сандвејлер, 6 километри од градот. Поврзан е со центарот на градот преку автобус, но се планираат и железнички и трамвајски врски. Аеродромот е главна база за двата луксембуршки авиопревозника, Luxair и Cargolux.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Луксембург е член на унијата на градови КватроПол, заедно со Трир, Сарбрикен и Мец (соседните држави: Германија и Франција).

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Луксембург е збратимен со:

Држава Град Покраина/Регион Од
Обединето Кралство Обединето Кралство[24] Податотека:Camden arms.png Камден, Лондон Англија 2007
Франција Франција Мец Лорена
Русија Русија Тамбов Област Тамбов 2012

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • (француски)Kreins, Jean-Marie (2003). Histoire du Luxembourg (3. изд.). Paris: Presses Universitaires de France. ISBN 978-21-3053-852-3.
  • (француски)Thewes, Guy (2003). Les gouvernements du Grand-Duché de Luxembourg depuis 1848 (PDF) (Édition limitée. изд.). Luxembourg City: Service Information et Presse. ISBN 2-87999-118-8. Посетено на 2006-07-06.
  1. „Разлики помеѓу градовите“. Американски департман за земјоделство. Архивирано од изворникот на 2005-03-26. Посетено на 2006-07-23.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на 2011-12-03.
  3. „Квалитет за живот по градови 2011 – Истражување Мерсер“, Мерсер. Retrieved 29 ноември 2011.
  4. „Тврдина“. Туристичко биро на град Луксембург. Посетено на 2006-07-23.
  5. 5,0 5,1 Kreins (2003), p. 64
  6. „Список на светско наследство - Луксембург“ (PDF). УНЕСКО. 1 октомври 1993. Посетено на 2006-07-19.
  7. (француски) Лондонски договор, 1867, Член IV. GWPDA. Посетено на 2006-07-19.
  8. Луксембург. WorldStatesman.org. Посетено на 2006-07-23.
  9. Thewes (2003), p. 121
  10. „Alcide De Gasperi Building“. Centre Virtuel de la Connaissance sur l’Europe. 16 јуни 2006. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2006-07-23.
  11. „Временски информации - Град Луксембург“. Архивирано од изворникот на 2011-12-27. Посетено на 2011-12-03.
  12. (француски) „Attributions du conseil communal“. Ville de Luxembourg. Архивирано од изворникот на 2009-01-14. Посетено на 2007-09-21.
  13. (француски)Hansen, Josée (8 October 1999). „Cliff-hanger“. Lëtzebuerger Land. Архивирано од изворникот 2007-08-16. Посетено на 2007-09-21.
  14. (француски)„Composition du conseil communal“. Ville de Luxembourg. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-09-21.
  15. „Ксавиер Бетел - нов градоначалник на Луксембург“ Архивирано на 18 септември 2012 г., Wort.lu, 10 октомври 2011. Retrieved 30 октомври 2011.
  16. „Ксавиер Бетел стана нов градоначалник на главниот град“ Архивирано на 11 јануари 2013 г., Wort.lu, 24 ноември 2011. Retrieved 29 ноември 2011
  17. (француски)„Composition du collège échevinal“. Ville de Luxembourg. Архивирано од изворникот на 2009-01-14. Посетено на 2007-09-21.
  18. (француски)„Organisation des communes - Textes Organiques“ (PDF). Code administratif Luxembourgeois. Service central de législation. 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-26. Посетено на 2007-09-21.
  19. „Култура во Луксембург“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-12-03.
  20. "Art et Culture" Архивирано на 18 декември 2011 г., Ville de Luxembourg (француски)
  21. „Луксембург и Поголемиот регион, Европска престолнина на културата 2007“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-03. Посетено на 2011-12-03.
  22. http://www.lequotidien.lu/le-pays/29391.html Архивирано на 23 ноември 2011 г. "Guide Michelin 2012: Le Luxembourg perd des étoiles", Le Quotidien, 21 November 2011. (француски) Retrieved 22 November 2011.
  23. „Трамвај Луксембург“
  24. „Збратимени градови во Велика Британија“. Збратимена асоцијација Дорсет. 11 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2007-12-29. Посетено на 2007-09-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy