Прејди на содржината

Мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мечки
Период: ран миоцен - денес
Кафеава мечка (Ursus arctos)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мечки
фон Валдхајм, 1817
Родови

Ailuropoda
Ursus
Tremarctos

Мечките (науч. Ursidae) — семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.

Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.

Биологија

[уреди | уреди извор]

За разлика од останатите животни кои спаѓаат во редот Ѕверови (Carnivora), забите на мечките се адаптирани за исхрана која е составена претежно од растително потекло. Имаат широки очници (кучешки заби), и рамни катници. Компзицијата на забите е варијабилна дури и помеѓу мечки од ист вид. Ова ни укажува дека мечките се сѐ уште во процес на еволуција од месојади во животни кај кои во искраната доминираат растенијата.

Презимување

[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.

Класификација

[уреди | уреди извор]
Кафеава мечка Ursus arctos
Азиска црна мечка Ursus thibetanus, во Вроцлавската зоолошка градина, Полска
Сончева мечка Helarctos malayanus
Џиновска панда Ailuropoda melanoleuca

Семејството Ursidae е утврдено од Јохан Фишер фон Валдхајм (Johann Fischer von Waldheim, 1771-1853) во 1817 година.

Мечката како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Мечката во народното творештво

[уреди | уреди извор]
  • „Зошто мечката ја преспива зимата“ — африканска приказна.[1]
  • „Детето и мечката“ — влашка народна приказна.[2]
  • „Лисицата, мечката и сиромавиот“ — унгарска народна приказна.[3]
  • „Мечката, свињата и лисицата“ (српски: Међед, свиња и лисица) - српска народна приказна.[4]
  • „Како се излажала мечката“ (српски: Како се медвјед преварио) - српска народна приказна.[5]

Мечката како мотив во книжевноста

[уреди | уреди извор]
  • „Железно крзно“ - расказ на рускиот писател Иван Бунин.[6]
  • „Мечешка приспивна песна“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[7]
  • „И мајките грешат“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[8]
  • „Среќа во несреќа“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[9]
  • „Лавот и мечката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[10]
  • „На Медо му згорчи медот“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[11]
  • „Мецана“ — песна на Васил Куноски.[12]
  • „Песна за болната баба меца“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[13]
  • „Медо Медокрадец“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[14]
  • „Добро дело“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[15]
  • „На слава кај мечката“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[16]
  • „Мечки“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[17]

Мечката како мотив во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Сајмон Смит и неверојатната мечка што танцува“ (англиски: Simon Smith And The Amazing Dancing Bear) - песна на американската поп-рок музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1972 година.[18]
  • „Сакам да бидам мечка“ (англиски: I Wanna be a Bear) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[19]
  1. Крилатиот лав (црнечки приказни). Детска радост, Скопје, 1954, стр. 12-14.
  2. Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 41-42.
  3. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 104-106.
  4. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 248-250.
  5. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 426.
  6. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 33-35.
  7. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 25.
  8. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 82-83.
  9. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 107.
  10. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 91-92.
  11. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 13-14.
  12. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 43.
  13. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 13-14.
  14. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 15.
  15. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 52.
  16. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 34.
  17. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 20.
  18. Randy Newman ‎– Sail Away (пристапено на 23.1.2017)
  19. YouTube, Descendents - Milo Goes to College (Full Album)(пристапено на 31.5.2017)
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy