Милвоки Бакс
Милвоки Бакс | ||||
---|---|---|---|---|
Конференција | Источна | |||
Дивизија | Централна | |||
Основан | 1968. | |||
Историја | Милвоки Бакс (1968-денес) | |||
Арена | Фајсерв Форум | |||
Град | Милвоки, Висконсин | |||
Бои на екипата | [1][2][3] | |||
Сопственик | Весли Иденс, Марк Ласри, Џејми Динан, Мајк Фашители[4] | |||
Тренер | Мајк Буденхолцер | |||
Титули | ||||
Повлечени броеви | 1, 2, 4, 8, 10, 14, 16, 32, 33 | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Милвоки Бакс (анг. Milwaukee Bucks) е американски кошаркарски клуб од Милвоки, Висконсин. Моментално се натпреварува во НБА лигата како член на Источната конференција.
Клубот е основан во 1968 година и од своето основање го носи ова име. Поранешниот сенатор и стопанственик Херб Кол бил долгогодишен сопственик на тимот, но на 16 април 2014 година, група предводена од милијардерите и хеџ фонд менаџери Вес Иденс и Марк Ласри се согласила да го купи мнозинскиот сопственички процент на клубот од Кол, продажба која била одобрена од сопствениците на НБА и нејзиниот Управен одбор еден месец подоцна на 16 мај.[5] Досега во својата историја Бакс имаат освоено две титули во НБА во сезоните 1970-1971 и 2020-2021, три конференциски титули (1971, 1974, 2021) и 16 дивизиски титули (1971–1974, 1976, 1980–1986, 2001, 2019-2021). Карим Абдул Џабар и Јанис Адетокунбо се единствените двајца играчи на Бакс кој ја добиле наградата Најкорисен играч во НБА (3 пати Абдул-Џабар и двапати Адетокунбо).
Милвоки Бакс најчесто играат во зелени дресови и зелени шорцеви. Својте домашни натпревари клубот ги игра во арената Фајсерв Форум која е отворена во август 2018.
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален Состав
[уреди | уреди извор]Име | Години | Држава | Височина | Позиција |
---|---|---|---|---|
Грејсон Ален | 26 | САД | 1.93м | бек |
Јанис Антетокумпо | 27 | Грција | 2.11м | Крилен Центар |
Танасис Антетокумпо | 29 | Грција | 1.98м | крило/Крилен центар |
ДеАндре Бембри | 27 | САД | 1.96м | бек/крило |
Пет Конагтон | 29 | САД | 1.96м | бек |
Џорџ Хил | 35 | САД | 1.93м | плејмејкер |
Џру Холидеј | 31 | САД | 1.91м | бек/крило |
Серж Ибака | 32 | Република Конго | 2.08м | Крилен центар/Центар |
Брук Лопес | 33 | САД | 2.13м | Центар |
Сандро Мамукелашвили | 22 | Грузија | 2.06м | Центар/Крилен центар |
Весли Метјувс | 35 | САД | 1.96м | бек |
Крис Мидлтон | 30 | САД | 2.01м | крило |
Џордан Нвора | 23 | Нигер | 2.03м | крило |
Боби Портис | 27 | САД | 2.08м | Крилен центар |
Линдел Вигинтон | 23 | Канада | 1.85м | бек |
Повлечени броеви
[уреди | уреди извор]- 1 Оскар Робертсон, Б, 1970-74
- 2 Џуниор Бриџман, К, 1975-84 i 1986-87
- 4 Сидни Монкриф, Б, 1979-89
- 14 Џон МекГлоклин, Б, 1968-76
- 16 Боб Лениер, Ц, 1980-84
- 32 Брајан Винтерс, Б, 1975-83
- 33 Карим Абдул-Џабар, Ц, 1968-75
Први пикови
[уреди | уреди извор]Први пикови на Милвоки Бакс | ||||
---|---|---|---|---|
Година | Бр. | Играч | Позиција | Период |
1969 | 33 | Луи Алсиндор | Ц | 1969–1975 |
1977 | 54 | Кент Бенсон | Ц | 1977–1980 |
1994 | 13 | Глен Робинсон | К | 1994–2002 |
2005 | 6 | Ендрју Богут | Ц | 2005–2012 |
Титули
[уреди | уреди извор]Титули | Години | |
---|---|---|
НБА титули | 2 | 1971, 2021 |
Конференциски титули | 3 | 1971, 1974, 2021 |
Титули во Дивизијата | 16 | 1971, 1972, 1973, 1974, 1976, 1980, 1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 2001, 2019, 2020, 2021 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ NBA Media Ventures, LLC (13 април 2015). "Bucks Unveil New Visual Identity". Соопштение за печат. посет. 14 април 2015 г
- ↑ „New Logo“. Bucks.com. NBA Media Ventures, LLC. 13 април 2015. Посетено на 14 април 2015.
- ↑ „Milwaukee Bucks Reproduction Guideline Sheet“. NBA Properties, Inc. Посетено на 22 декември 2017.
- ↑ „Milwaukee Bucks President and Owner Herb Kohl Introduces New Team Ownership and Announces $100 Million Gift for Arena“. Bucks.com. NBA Media Ventures, LLC. 16 април 2014. Посетено на 15 јули 2015.
- ↑ Charles F. Gardner, Don Walker (May 16, 2014). „NBA approves sale of Milwaukee Bucks“. Milwaukee Journal Sentinel. Посетено на May 17, 2014.