Прејди на содржината

Нанајци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нанајци
Алтернативни имиња:
Хеженци, Хежеци;
Голдци,[1] Самагирци

nanio, nabəi, nanai, kilən, χədʑən
Вкупен број
18,000 (проц.)
Подрачја со значајно население
Русија, НР Кина
Русија (Хабаровски крај, Приморски крај)12,160[2]
Кина НР Кина (Хејлунѓанг)5,354[3]
Јазици
Нанајски, руски (во Русија), мандаринско-кинески (во НР Кина)
Вероисповед
Тибетски будизам, Православие, Шаманизам
Сродни народи
Евенкци, Орокенци, Манџурци, Удегејци, останати Тунгуски народи, Монголци

Нанајцитетунгуски народ од Источна Азија и на рускиот Далечен Исток, кои традиционално живееле покрај Хејлунѓанг (Амур), Сонгуаѓанг (Сунгари) и реката Усури[1] на средноамурскиот слив. Предците на Нанајците биле Јурченците од најсеверната Манџурија (Надворешна Манџурија).

Нанајскиот/Хежескиот јазик припаѓа на манџурско-тунгуските јазици. Според пописот во 2010 година во Русија имало 12.003 Нанајци.

Нанајско семејсто, амурски регион.

Заедничките имиња за овој народ вклучуваат нанај (што значи „домородци, месни жители, луѓе на земјата“); самоознаката Хежен (значи „луѓе од истокот/ориентот“); руски: нанайцы нанајци; кинески: 赫哲族 ; хежезу. Постојат и поими што порано биле користени: Голдци (Голдс), Голдесци (Голдес), Голди, Хеџесци (Хеџе) и Самагирци (Самагир).

Сопствените имиња се килен (нанјо и набеј) и хеџен (нанај).[4] на значи „земја“ или, во овој контекст, „домороден, месен“ и нјо, беј, нај значи „народ“ на различни дијалекти.

Рускиот лингвист Л. И. Сем го дава самодаденото име хеџен во кириличен облик, хэǯэ най (Хеџе нај) или хэǯэны (Хеџени) и го објаснува како самодадено име на Нанајците од долниот Амур, што значи „луѓе кои живеат долж долниот тек на реката“.[5] Тоа е изворот на кинеското име за 黑斤 (Хејџин), 赫哲哈喇 (Хежехала), како и современото кинеско име 赫哲 (Хеже).

Современо население

[уреди | уреди извор]

Во Русија, Нанајците живеат до Охотското Море, на реката Амур, низводно од Хабаровск, од двете страни на Комсомолск на Амур, како и на бреговите на реките Усури и Гирин (Самагирс). Русите порано ги нарекувале Голди, според името на еден нанајски клан. Според пописот во 2002 година, во Русија имало 12.160 Нанајци.

Во Советскиот Сојуз, напишан стандард на нанајскиот јазик (заснован на кирилица) бил создаден од Валентин Аврорин и други. И денес се учи во 13 училишта во Хабаровск.

Нанајците се едни од 56-те народносни групи службено признати од НР Кина каде се познати како „Хежејци“ (кинески: 赫哲族 Хеже зу). Според пописот од 2004 година, тие во Кина броеле 4.640 (претежно во покраината Хејлунѓанг). Кинеските Нанајци го зборуваат хежејскиот дијалект на нанајскиот. Тие исто така имаат богата усна книжевност позната како Јимакан.[6] Дијалектот нема пишан систем во Кина и Нанајскиот обично е пишуван на кинеско писмо. (Писменост на втор јазик е 84%.) Меѓутоа, од 2005 година, наставниците неодамна завршиле со составувањето на веројатно првиот учебник по хеженски јазик.[7]

По покраина

[уреди | уреди извор]

Кинескиот попис во 2000 година запишал 4,640 Нанајци во Кина.

Покраинска распространетост на Нанајците
Покраина Нанајско население % од вкупниот број
Хејлунѓјанг 3.910 84,27%
Џилин 190 4,09%
Пекинг 84 1,81%
Лјаонинг 82 1,77%
Внатрешна Монголија 54 1,16%
Хебеј 46 0,99%
Други 274 5,91%

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Golds“ . Encyclopædia Britannica. 12 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 213.
  2. „Попис на население на Русија“. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2021-07-27.
  3. Попис на населението во НР Кина (2011) [1] (2010)
  4. An, Jun (安俊) (1986). 赫哲语简志 [Introduction to the Hezhen language]. Beijing: Publishing House of Minority Nationalities. стр. 1.
  5. Сем Л. И. (L. I. Sem) "Нанайский язык" (Nanai language), in "Языки мира. Монгольские языки. Тунгусо-маньчжурские языки. Японский язык. Корейский язык" (Languages of the World: Mongolic languages; Tunguso-Manchurian languages; Japanese language; Korean language). Moscow, Indrik Publishers, 1997. ISBN 5-85759-047-7. Page 174. L.I. Sem gives the self name in Cyrillic, as хэǯэ най or хэǯэны
  6. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 17 јули 2006=. Посетено на 27 јули 2021. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  7. „Textbook preserves Hezhe language“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy