Прејди на содржината

Олимпија де Гуж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олимпија де Гуж
Роден(а)7 мај 1748(1748-05-07)
Монтобан, Гиен, Франција
Починал(а)3 ноември 1793(1793-11-03) (возр. 45)
Конкорд, Париз, Франција
ЗанимањеФеминистка, активистка, драмски автор, аболиционистка
Потпис

Олимпија де Гуж (7 мај 17483 ноември 1793) — родена во Монтобан, во близина на Тулуза, во Јужна Франција како Мари Гуж. Мотивирана од револуционерните случувања од 1789, редовно ги посетувала седниците на Националното собрание. Била француски драмски писател и политички активист, чии списи за правата на жените и за одстранувањето на смртната казна достигнале голема публика.

Таа ја започнала својата кариера како драматург во раните 1780-ти. Како што политичките тензии се зголемиле во Франција, де Гуж станала сè повеќе политички инволвирана. Таа станала поборник за подобрување на состојбата на робовите во колониите во 1788 година. Во исто време, таа почнлаа да пишува политички памфлети. Денес таа е можеби најдобро позната како протофеминистка која побарала жените да ги имаат истите права како и мажите. Во нејзината Декларација за правата на жената и граѓанката (1791), таа ја изложила неправедната практика на машкиот авторитет и поимот за машко-женска нееднаквост.

Декларација за правата на жената и граѓанката

[уреди | уреди извор]

Олимпија го напишала нејзиното најпознато дело Декларација за правата на жената и граѓанката кратко време откако бил донесен францускиот устав од 1791. Таа била вознемирена што уставот, кој го промовирал правото на глас, не го ни спомнал женското право на глас. Уставот им го дал тоа право само на мажите. Тој исто така не ги спомнал клучните прашања како што се правната еднаквост во бракот, правото на жената да се разведе од нејзиниот сопруг ако тој ја злоупотребува, или правото на жената на сопственост и старателство над децата. Затоа таа создала документ кој требало да биде изоставениот дел од Уставот од 1791 година, во кој на жените ќе им бидат дадени еднаквите права што ги заслужуваат.

Гуж ја започнува својата декларација со духовит, а и во некои моменти саркастично горчлив, вовед во кој таа ги прашува мажите зошто тие одбрале да ги потчинуваат жените. Нејзината воведна изјава е: „Мажи, зар не сте во состојба да бидете праведни? Ова е жена која го поставува прашањето, ќе и го дозволете барем тоа.“ Во вториот дел од изјавата ја покажува апсурдноста на тоа што мажите им ги одземаат на жените основните човекови права, па таа саркастично прашува дали мажите ќе сметаат дека е неопходно да и го одземат дури и нејзиното право да прашува.

Член Х ја содржи познатата фраза: "Жената го има правото да се качи на скеле, таа мора подеднакво да го има правото да се качи на подиумот." Односно ако жените имаат право да бидат убиени со гилотина, треба да имаат и право да зборуваат.

Во нејзиниот документ Гуж ги воспоставува правата на жените врз основа на нивната рамноправност со мажите: дека и тие се луѓе и се способни за истите мисли.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy