Прејди на содржината

Општина Бутел

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
Општина Бутел
Општина
Знаме на Општина БутелГрб на Општина Бутел
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Посебна единицаГрад Скопје
Година кога е основана со закон2004
СедиштеБутел II, Скопје
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникДарко Костовски
Површина
 • Вкупна60,79 км2 (23,47 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно37.968
 • Густина620/км2 (1,600/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоopstinabutel.gov.mk
Карта на општина Бутел со селските атари.

Општина Бутел — општина во состав на град Скопје која се наоѓа во неговиот краен северен дел. Основана е согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, а градоначалник на општината е Велимир Смилевски. Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители, а произлегла од територијата на Oпштина Чаир во 2005 година.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Бутел е една од урбаните општини во Република Македонија. Се наоѓа во Град Скопје, во северниот дел на државата. Се граничи со Општина Чучер-Сандево, на југозапад со Општина Карпош, а на северозапад со Општина Шуто Оризари.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Општина Бутел зафаќа површина од 60,79 км2, вкупно население 36.154, а има густина на населеност од 594,73 жители/км2. Етничкиот состав на општината е следниов[2]:

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 22.506 62,25
Албанци 9.107 25,19
Турци 1.304 3,61
Роми 561 1,55
Власи 120 0,33
Срби 1.033 2,86
Бошњаци 970 2,68
останати 553 2,46

Населби и населени места

[уреди | уреди извор]

Во својот состав општината опфаќа 4 села и 4 населби:

Села
Населби

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Основни училишта:

  • ОУ Гоце Делчев с. Љубанци,
  • ОУ Лиман Каба с. Љуботен,
  • ОУ Ацо Шопов Скопје,
  • ОУ Св. Климент Охридски Скопје',
  • ОУ Живко Брајковски Скопје,
  • ОУ Панајот Гиновски Скопје,
  • ОУ Петар Здравковски Пенко Скопје,

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, општината имала вкупно 586 вработени, од кои 56 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3] Градоначалник на општина Бутел е Велимир Смилевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Бутел е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  ВМРО-ДПМНЕ: 8 места
  СДСМ: 8 места
  ДУИ: 1 место
  БЕСА: 1 место
  АА: 1 место

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Профил на општината“. Општина Бутел. 2010. Посетено на 13 септември 2010.
  3. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
  4. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy