Прејди на содржината

Патување во Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Патување во Италија (италијански: Viaggio in Italia) е италијански филм од 1954 година, во режија на Роберто Роселини. Главните улоги ги толкуваат: Ингрид Бергман и Џорџ Сандерс.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Еден брачен пар патува во Италија, со цел да ја продаде куќата добиена како наследство. Нивниот брак е пред распаѓање и мажот и жената не можат да се поднесат меѓу себе, иако истовремено, двајцата се љубоморни еден кон друг. Додека чекаат купувачи за куќата, жената ги разгледува природните убавини, археолошките наоѓалишта и музеите на Неапол, а мажот се обидува да се забавува низ градот и околината. При посетата на Помпеја, на жената наеднаш и се слошува и таа бара од сопругот да си заминат дома. Меѓутоа, улиците на Неапол се преполнети со луѓе, кои следат една верска процесија, така што двајцата остануваат заглавени во толпата. Тогаш, тие си признаваат дека се сакаат и дека треба да го продолжат заедничкиот живот.[1]

  1. Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 18.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy