Раде Шербеџија
Раде Шербеџија | |
---|---|
Роден(а) | 27 јули 1946 Буниќ |
Живеалиште | Риека, Хрватска Загреб, Хрватска Белград, Србија Лондон, Англија Холивуд, Калифорнија, САД |
Занимање | глумец |
Сопружник | Иванка Церовац (? – 1987) Ленка Удовички (1991–) |
Деца | 5; вклучувајќи ги Данило и Луција |
Награди | Награда Владимир Назор |
Раде Шербеџија — хрватски филмски, телевизиски и театарски глумец со српско потекло. Оженет е со Ленка Удовички со која ги има керките Нина, Милица, Алма и Вања. Од првиот брак ја има ќерката Луција и синот Данило.
Млади години
[уреди | уреди извор]Роден е 27 јули 1946 во српско семејство во местото Буниќ кај Титова Кореница во Хрватска. Дипломирал 1969 на Академиа за театар, филм и телевизија во Загреб набргу потоа е ангажиран во загребачкиот драмски театар Гавела. Потоа наизменично работи како слободен уметник, со ангажман во Хрватскиот народен театар, па повторно во „Гавели“. Надарен, со посебна глумечка техника, рационален и темпераментен, сугестивен, со врвна дикција,лесно изведувајќи ги и физички најтешките сцени, при што се истакна и во класичните улоги(нпр. Вилијам Шекспир Хамлет и Ричард III) и модерниот репертоар (нпр. Ибзенов Пер Гинт) — во раните жанрови, и во позитивни и негативни ликови. Добитник е на многу признанија (трипати е награден на Стеријином позорју, Награда „Владимир Назор“, Награда „Дубравко Дујшин“, Награда „Орландо“ на Дубровнички летни игри). На филм дебитираше со споредна улога во Илузија (1967) Крсто Папић, а прва главна улога-млад човек на животна прекретница во Гравитација или фантастичната младост на чиновникот Борис Хорват (1968) Б. Иванде.
Популарност
[уреди | уреди извор]Од тогаш се почесто настапува во главни улоги ,влегувајќи во кругот на најдобрите југословенски глумци и актењрки во,играјќи во разни жанрови— од воени драми до современи теми.Во почетокот на 70-те запазена му е улогата на комунистички активист кој е дезориентиран во приватниот живот во Црвено класје (1970) на Живоин Павловиќ,младинец од село соочен со неправда во претставата Хамлет во село Мрдуша Долна (1973) на Крсто Папиќ. Во тоа време се истакнува и во филмови кои критички ја отсликуваат југословенската современост: како кариеристички композитор (што ја потврдува неговата способност да окарактеризира морално амбивалентна личност) во филмот филму Браво маестро (1978) на Рајко Грлиќ (Златна арена во Пула) и како новинар во истоимениот филу (1979) на Фадил Хаџиќ.
На врвот на славата
[уреди | уреди извор]Најуспешната филмска година за Шербеџија најверојатно е 1986.кога и двете улоги во филмови добиваат титула најуспешен на пулскиот фестивал: револуционер кој не се снаоѓа во повоениот период во Вечерни Ѕвона на Лордан Зафрановиќ (Златна арена) и работник огорчен од сиромашниот живот и животните тешкотии во Сонот за ружа Ж. на Тадића (Голема повелба во Ниш). Со голем работен потенцијал,со успех глуми и на телевизија: во тв-сериите Во Регистратура,Никола Тесла(главна улога), Просјаци и синови и Бомбашки процес (како Јосип Броз Тито). Во 1982 година ја доби годишната награда на австралиската телевизија Сами за главна улога во екранизација на драмата Ослободувањето на Скопје на Д. Јовановиќ Има објавено 2 збирки на песни: Променилви и Црно,црвено. Предавал сценски говор и глума на Академија за театар,филм и телевизија во Загреб ,а работел и како вонреден професор за глума на Академијата за уметност во Нови Сад..
Одење во емиграција
[уреди | уреди извор]Во 1992 година заминува од бившите Југословенски простори каде што и во светски рамки се пробива како одличен глумец. И покрај тоа што веќе играл во осумдесеттина филмови кои се дистрибуирани на бившите Југословенски простори, пробивот во светскиот филм го прави со филмот Војната на Хана (1988) и филмот ф (1994) на Милчо Манчевски. Во 1996 година , Шербеџија го глуми таткото на бегалец во филмот Белма и новозеландски емигрант во филмот Broken English. Потоа следуваат улоги во водечките холивудски филмски остварувања во филмовите Вселенски каубојци, Невозможна мисија 2, Моќниот Џо Јанг, Снеч итн.
Познат е и по читање поезија, а и по театарски претстави. Формираше и нов театар „Улисис“ во Пула кој доживеа премиера со претставата „Кралот Лир“ на Бриони под режиска палка на сопругата Ленка.
Работел и со многу големи имиња како што се Ванеса Редгрејв, Филип Нојс или Том Круз, Стенли Кјубрик и Клинт Иствуд.
Раде Шербеџија во 2011 година е вклучен во списокот на „100 најпознати Срби во светот“ на Прес Магазин.[1]
Награди
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ИН4С: 100 најпознатијих Срба у свету, 16 јануари 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-01-19. Посетено на 2015-04-26.
- ↑ „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА“. Град Скопје. 1 ноември 2021. Посетено на 2 ноември 2021.
|