Речани (Зајаско)
Речани | |
Координати 41°35′13″N 20°54′54″E / 41.58694° СГШ; 20.91500° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 48 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12063 |
Надм. вис. | 753 м |
Речани на општинската карта Атарот на Речани во рамките на општината | |
Речани на Ризницата |
Речани (офиц. Речани - Зајаско) — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Општина Зајас, Кичевско. Речани се наоѓа на Бачишка Река, на источните падини на Бистра Планина.
Историја
[уреди | уреди извор]Според податоците за 1873 година, Речани имало 6 домаќинства во 28 жители христијани (Македонци).[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речани живееле 45 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Речани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[4]
Афанасиј Селишчев во 1929 година го опишал селото како христијанско.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Албанци.[6]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во селото Речани имало 101 жител, од кои 100 биле Албанци, и еден друг.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 46 Македонци, 1 Турчин и 1 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 45 | 16 | 75 | 78 | 88 | 97 | 102 | 0 | 87 | 101 | 48 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 825 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи.[13]
Личности
[уреди | уреди извор]Личности родени во Речани:
- Анто Божиноски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Венче Илиоски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 92-93.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Речани на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |