Седерманланд (округ)
Седерманланд Södermanlands län | ||
---|---|---|
Округ | ||
Земја | Шведска | |
Админ. центар | Нишепинг | |
Управа | ||
• Управник | Бу Шенберг | |
• Совет | Окружен совет на Седерманланд | |
Површина | ||
• Вкупна | 6.061 км2 (2,340 ми2) | |
Население (31 март 2011)[1] | ||
• Вкупно | 270.981 | |
• Густина | 45/км2 (120/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
БДП (ном.) | 52.235 милиони круни (2004) | |
БДП/жит | 202.000 круни | |
NUTS | SE122 |
Седерманланд (швед. Södermanlands län) е округ (län) на југоисточното крајбрежје на Шведска. Се граничи со окрузите Естерјетланд, Еребру, Вестманланд, Упсала, Стокхолм и Балтичкото Море. Административен центар е градот Нишепинг.
Ова е административна единица која ја опфаќа речиси сета историска покраина Седерманланд. Источните делови на покраината, (воглавно подрачјето на Седертерн) му припаѓаат на округот Стокхолм.
Денес Седерманланд е најбогатиот округ во Шведска, што се должи на финансиската моќ на градовите како Труса.
Управа
[уреди | уреди извор]Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Седерманланд (Landstinget Sörmland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Покраината Седерманланд некогаш покривала три округа: Нишепинг, Грипсхолм и Ескилстунхаус. Во 1683 тие се обединиле во денешниот округ Седерманланд.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Окружен административен одбор на Седерманланд (шведски)
- Окружен совет на Седерманланд Архивирано на 28 јануари 1999 г. (шведски)