Сефарди
Изглед
Вкупен број | |
---|---|
Сефардски Евреи 2,200,000 до 16% од светското еврејско население | |
Подрачја со значајно население | |
Израел | 1.4 милиони |
Франција | 300,000–400,000 |
САД | 200,000–300,000 |
Аргентина | 50,000 |
Турција | 26,000 |
Мароко | 6,000 |
Грција | 6,000 |
Обединето Кралство | 8,000 |
Тунис | 2,000 |
Босна и Херцеговина | 2,000 |
Вероисповед | |
Јудаизам |
Сефардите се Евреи, потомци на прогонетите од Шпанија за време на Шпанската инквизиција, воглавно во 1492 година. Тие масовно се раселиле низ Европа, главно на териториите под османлиска власт, вклучително и во Македонија. Сефардите, воглавно живееле во градовите Солун, Скопје, Битола, Штип, Кратово и притоа формирале добро организирани еврејски општини. За време на Втората светска војна, околу 7 000 Евреи, односно Сефарди од Македонија биле депортирани во концентрациониот логор Треблинка, каде биле задушени во гасните комори.