Скрилекс
Скрилекс | |
---|---|
Скрилекс во 2017 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Сони Џон Мур |
Роден(а) | 15 јануари 1988 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 2004–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | skrillex.com |
Сони Џон Мур (англиски: Sonny John Moore; роден на 15 јануари 1988 година),[9] познат под естрадното име Скрилекс (англиски: Skrillex) ― американски диџеј и музички продуцент. Потекнува од Калифорнија. Во 2004 година станал фронтмен на пост-хардкор групата From First to Last, а во 2007 година започнал соло-кариера.[10] [11]
На 30 ноември 2011 година, бил номиниран за пет Греми награди, а освоил три награди: „Најдобар денс/електронски албум“, „Најдобар денс-запис“ и „Најдобра ремиксирана некласична снимка“. [12] Во декември 2011 година бил прогласен за музичар на годината за електронска денс-музика на МТВ.[13] Во 2014 година Скрилекс го издал неговиот прв студиски албум Recess. Неговиот втор и трет албум, Quest for Fire и Don't Get Too Close, биле објавени во 2023 година.
Скрилекс освоил девет Греми-награди, најмногу меѓу музичарите кои се занимаваат со електронска денс-музика.[14] Скрилекс соработувал со Дипло и Бојс Нојз со кои ги основал групите Jack Ü и Dog Blood соодветно. На 29-тиот роденден на Мур било објавено дека тој повторно се обединил со From First to Last и заедно го објавиле синглот „Make War“. Во 2017 година, Скрилекс го продуцирал и миксирал осмиот студиски албум на рок-групата Инкубус, насловен како 8.[15]
Животопис
[уреди | уреди извор]Мур се родил во Хајленд Парк, населба во североисточен Лос Анџелес.[16][17] На двегодишна возраст со семејството се преселил во Сан Франциско каде што посетувал основно училиште. Неговите родители биле скиентолози.[18][19] Тој бил посвоен уште при раѓањето од семејни пријатели на неговите биолошки родители, а тоа го открил на 15-годишна возраст.[20] Кога имал 12 години, неговото семејство повторно се преселило во неговото родно место во Североисточен Лос Анџелес. Таму се запишал на приватна академија специјализирана за уметност, која користела некои од учењата на Л. Рон Хабард.[21] Во 2004 година, дознал дека е посвоен [22] и ја напуштил програмата кога имал 16 години.[23] [24]
Кариера
[уреди | уреди извор]2004–2007: From First to Last
[уреди | уреди извор]Во 2004 година, на 16-годишна возраст, Мур преку MySpace стапил во контакт со Мет Гуд од групата From First to Last и изразил желба да свири гитара за групата на нивниот прв албум. Тој заминал на аудиција за Џорџија и откако другите членови на групата и некои студиски продуценти го слушнале како пее, тој бил прогласен за главен пејач на групата. Во јуни 2004 година, Epitaph Records го објавил првиот албум на групата, Dear Diary, My Teen Angst Has a Body Count. По неколку успешни турнеи, во март 2006 година групата го објавила вториот студиски албум, Heroine. Мур почнал да има проблеми со гласот, поради што групата откажала неколку турнеи. По успешниот хируршки зафат, Мур ја известил групата дека поднесува оставка за да се посвети на соло-кариера.
Мур објавил неколку демо-снимки на неговата страница на Мајспејс. Неколку месеци по објавувањето на демо-снимките, Мур заминал на турнеја со Team Sleep.
2008–2013: Соло кариера
[уреди | уреди извор]Во февруари 2008 година, Alternative Press Magazine ја објави втората годишна АП турнеја, со All Time Low, The Rocket Summer, The Matches и Forever the Sickest Kids, како и со Сони Мур. За време на оваа турнеја, составот на Мур се состоел од: Шон Фрајдеј на тапани, Кристофер Нул на гитара и Арон Рот на клавијатури. На 7 април 2009 година, го издал Gypsyhook, дигитално EP, кое содржело три песни и четири ремикси. Во април 2009 година бил на турнеја со Hollywood Undead каде неговата група настапувала под името Sonny and the Blood Monkeys. Мур, во 2010 година изјавил дека албумот Bells нема да биде објавен.[25]
Во 2008 година започнал да продуцира музика и настапувал низ клубови во Лос Анџелес под псевдонимот Скрилекс.[26] Името, според Мур, нема никакво значење.[27] Претходно, на Интернет бил познат како Twipz.[28] На 7 јуни 2010 година, Мур го објавил своето официјално деби EP под името Скрилекс, My Name Is Skrillex.[29] Летото 2010 година, тој соработувал британската металкор група Bring Me the Horizon на нивниот трет студиски албум, There Is a Hell, Believe Me I've Seen It. There Is a Heaven, Let's Keep It a Secret. Истата година потпишал договор со издавачката куќа mau5trap Recordings и под оваа етикета го издал неговото второ EP Scary Monsters and Nice Sprites.
Во април 2011 година, групата Korn ја објавила песната „Get Up“, која била продуцирана од Скрилекс. Песната била достапна за бесплатно преземање од нивната Фејсбук страница.[30] На 15 април 2011 година, КоРн му се придружила на Скрилекс на неговиот настап на Коачела фестивалот.
На 17 август 2011 година, Скрилекс го објавил основањето на неговата издавачка куќа Owsla.[31] Во септември 2011 година, Скрилекс ја објавил тематската музика за новото издание на компјутерската игра Syndicate. Во 2011 година, Скрилекс, исто така, за прв пат се нашол на списокот од „Топ 100 диџеи“ според DJ Mag, каде бил рангиран на 19-то место. Тој бил највисокио рангиран дебитант на листата за таа година. Во ноември 2011 година, тој бил номиниран пет Греми награди, меѓу кои и за „Најдобар нов изведувач“ и „Најдобро музичко видео“. На доделувањето на наградите во февруари 2012 година ги освоил наградите за „Најдобар денс запис“, „Најдобар електронски/денс албум“ и „ Најдобра ремикс-снимка“. Скрилекс исто така ги освоил наградите за „Најдобар денс запис“ и „Најдобар електронски/денс албум“ на Греми наградите во 2013 година.
Во 2012 година, Скрилекс заедно со Boys Noize ја основал групата Dog Blood. Нивниот прв-сингл, составен од песните „Next Order“ и „Middle Finger“, бил објавен на 12 август 2012 година на Beatport и на iTunes. Песната „Next Order“ се искачила на врвот на техно топ-листата на Beatport.[32]
Во 2013 година, Скрилекс основал дуо со Дипло наречено Jack Ü.[33]
2014 - 2022: Recess и враќање во From First to Last
[уреди | уреди извор]На 2 јануари 2013 година, Скрилекс го објавил неговото седмо EP, Leaving.[34] Подоцна го издал синглот „Try It Out“ со Алвин Риск. На 7 март 2014 година, го објавил неговото прво LP, под наслов Recess. Албумот бил објавен на 18 март 2014 година. Во 2016 година, Скрилекс соработувал со женската к-поп група 4Minute. Првата песна, „Hate“, ја компонирал и ја аранжирал Скрилекс.[35]
На 15 јануари 2017 година, Мур твитнал „Среќен роденден“ со линк до новата песна од групата From First to Last на која пеел Мур беше. Подоцна, по речиси една деценија ѝ се приклучил на групата во Emo Nite LA.[36] Во 2017 година, тој ги објавил песните „Chicken Soup“ со Habstrakt, „Wuld You Ever“ со Poo Bear, „Saint Laurent“ со DJ Sliink и Wale и „Favor“ со Vindata и NSTASIA.
Во јули 2018 година, Скрилекс соработувал со Миси Елиот на песна под работен наслов „ID“,[37] објавена во 2023 година како RATATA. На 28 јули 2018 година, Скрилекс соработувал со јапонскиот музичар Јошики за изведбите на Фуџи Рок фестивалот во Ниигата, Јапонија.[38] [39] На 18 јули 2019 година, Скрилекс објави ЕП со две песни, Show Tracks, составено од „Fuji Opener“ со Алвин Риск и „Mumbai Power“ со раперот Beam.[40] [41]
На 27 октомври 2021 година, Скрилекс го изведе својот прв соло сет во САД од почетокот на пандемијата во Авант Гарднер во Бруклин, Њујорк. [42] Во текот на 2021 и 2022 година, Скрилекс објавил неколку синглови: „Butterflies", „In da Getto" и „Don't Go".
2023: Quest For Fire и Don't Get Too Close
[уреди | уреди извор]На 17 февруари 2023 година, Скрилекс го издал неговиот втор албум Quest For Fire, кој содржел мешавина од претходно објавени синглови и нови песни и кој опфаќа многу жанрови со уметници како: Флоудан, Портер Робинсон и Фред Аген. Критиките биле генерално позитивни, при што Бен Џоли од New Musical Express напишал дека „враќањето на [Скрилекс] во голема мера ја оправдува возбудата“ со „често навраќање кон носталгијата“, но исто така навел дека „албумот има јасен наратив или сеопфатна тематика“.[43] [44] [45] [46]
На 18 февруари 2023 година, додека настапувал во распродадениот Медисон Сквер Гарден со Four Tet и Fred Again, Скрилекс го издал неговиот трет студиски албум, Don't Get Too Close; за помалку од два дена по објавувањето на Quest For Fire.[47]
Влијанија
[уреди | уреди извор]Мур навел дека Marilyn Manson, Nine Inch Nails [48] и Doors [49] влијаеле на неговата музика. Во интервју за Daft Punk Unchained, документарен филм од 2015 година за француското електронско музичко дуо Daft Punk, Мур рекол дека првпат бил изложен на електронска денс-музика откако присуствувал на високопофалениот сет на дуото на фестивалот Коачела во 2006 година.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Мур се забавувал со англиската пејачка Ели Гулдинг [50] во текот на 2012 година. Во едно интервју од 2015 година, Мур изјавил дека иако неговите родители практикувале скиентологија, тој не го прави тоа. Тој објаснил дека на музиката го троши поголемиот дел од времето што теоретски би можел да го посвети на религијата.[18] Неговата мајка починала во јуни 2015 година.[19]
Во серија твитови во јануари 2023 година, Скрилекс ги споделил неговите борби со менталното здравје, и навел дека поради тоа ги откажал неговите настапи на Movement Detroit и Sunset Music Festival на Тампа. Тој истакнал дека по смртта на неговата мајка во 2015 година тој се свртел кон алкохолот.[51]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
- Recess (2014)
- Quest for Fire (2023)
- Don't Get Too Close (2023)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Lester, Paul (September 11, 2011). „Skrillex (No 1,096)“. The Guardian. Архивирано од изворникот July 16, 2020. Посетено на July 17, 2023.
- ↑ Bein, Kat (December 1, 2016). „The 20 Best Skrillex Songs“. Billboard. Архивирано од изворникот July 18, 2023. Посетено на July 17, 2023.
- ↑ „Dubstep artist Skrillex could protect against mosquito bites“. BBC. April 1, 2019. Архивирано од изворникот July 18, 2023. Посетено на July 17, 2023.
- ↑ Yoo, Noah (November 7, 2019). „Dance Dance Revolution: How EDM Conquered America in the 2010s“. Pitchfork.com. Архивирано од изворникот November 28, 2019. Посетено на November 25, 2019.
- ↑ „Bass Invasion“. Miami New Times. December 15, 2011. Архивирано од изворникот April 26, 2012. Посетено на January 3, 2021.
- ↑ 6,0 6,1 Jeffries, David. „Skrillex AllMusic Bio“. AllMusic. Архивирано од изворникот July 25, 2023. Посетено на July 17, 2023.
- ↑ 7,0 7,1 Luke Morgan Britton (February 28, 2017). „Skrillex officially rejoins emo band From First To Last“. NME. Архивирано од изворникот July 5, 2023. Посетено на July 17, 2023.
- ↑ Sharp, Tyler (June 26, 2015). „Skrillex looks back on From First To Last and joining the band at 16“. Alternative Press. Архивирано од изворникот на July 9, 2020. Посетено на July 17, 2023.
- ↑ „30 Things You Should Know About Skrillex“. NME (англиски). February 20, 2012. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на January 18, 2022.
- ↑ „Korn Preview New Track 'Get Up'“. RTT News. April 18, 2011. Архивирано од изворникот на August 13, 2011. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ Siegal, Daniel. „Coachella 2011: Our body-grooving guide to the dance tents“. Brand X. Архивирано од изворникот на April 19, 2011. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ „Skrillex Grammy Nominations 2011“. grammy.com. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на September 5, 2015.
- ↑ „Skrillex Is MTV's EDM Artist Of 2011!“. MTV. December 12, 2011. Архивирано од изворникот на February 10, 2012. Посетено на February 14, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Spanos, Brittany (April 20, 2017). „Incubus on New '8' Album, Working With Skrillex, 'S.C.I.E.N.C.E.' at 20“. Rollingstone.com. Архивирано од изворникот на December 11, 2017. Посетено на August 17, 2018.
- ↑ McKinley, James (January 26, 2012). „Manic Peter Pan Rules Dance Clubs“. The New York Times. Архивирано од изворникот June 15, 2022. Посетено на January 26, 2012.
- ↑ Glazer, Joshua. „Skrillex: Strictly Laptop“. Hot Topic. Архивирано од изворникот на May 4, 2011. Посетено на May 16, 2011.
- ↑ 18,0 18,1 „Watch Skrillex, Katie Couric Create Trippy EDM Jam“. Rolling Stone.
- ↑ 19,0 19,1 Couric, Katie; Brinn, Katie; Rothschild, Andrew (June 22, 2015). „Skrillex: The making of a superstar“. Yahoo News. Архивирано од изворникот April 11, 2019. Посетено на June 14, 2017.
- ↑ Haynes, Gavin (February 20, 2013). „When Skrillex Discovered He Was Adopted“. Архивирано од изворникот на February 20, 2020. Посетено на February 20, 2020.
- ↑ „Skrillex on His Scientology Upbringing: "Those Are My Homeys"“. Fuse.tv. Архивирано од изворникот October 4, 2016. Посетено на October 7, 2016.
- ↑ McKinley, James C. Jr. (January 27, 2012). „Manic Peter Pan Rules Dance Clubs“. The New York Times. Архивирано од изворникот на January 1, 2013. Посетено на February 25, 2012.
- ↑ Moore, Sonny. „Skrillex Quotes“. sonnymoore.org. Архивирано од изворникот на September 10, 2015. Посетено на February 12, 2012.
- ↑ Li, Christina (January 2011). „Skrillex, Former S.F. Resident, Talks Free Music, the Origin of His Name, and What Movie He'd Soundtrack“. SF Weekly. Архивирано од изворникот на April 21, 2013. Посетено на February 5, 2012.
- ↑ Skrillex (November 20, 2010). „Skrillex Interview: Dancing Astronaut Exclusive“. Dancing Astronaut. Архивирано од изворникот на November 1, 2020. Посетено на October 30, 2020.
- ↑ O'Malley, Zack (August 2, 2012). „Skrillex: The $15 Million DJ“. Forbes. Архивирано од изворникот на February 2, 2018. Посетено на October 24, 2018.
- ↑ Abel, Kris (December 14, 2010). „Skrillex on his stage name: Blame AOL“. Westword. Архивирано од изворникот на May 3, 2017. Посетено на May 23, 2017.
- ↑ „Twipz“. Myspace. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на October 23, 2015.
- ↑ Beatport Mike. „Introducing: Skrillex“. Beatportal. Beatport, LLC. Архивирано од изворникот на January 26, 2012. Посетено на April 19, 2011.
- ↑ Michael. „Korn & Skrillex Team Up And Give Away Free MP3“. Glasswerk National. Glasswerk.co.uk Ltd. Архивирано од изворникот на September 6, 2012. Посетено на April 20, 2011.
- ↑ „Skrillex Bio, Music, News & Shows“. DJZ.com. Архивирано од изворникот на March 29, 2013. Посетено на March 11, 2013.
- ↑ „Dog Blood - Middle Finger Lyrics | Lyrics.com“. www.lyrics.com. Архивирано од изворникот на March 21, 2022. Посетено на March 21, 2022.
- ↑ „Diplo And Skrillex Reveal Their Surprising New Group: Jack U“. Mtv.com. Архивирано од изворникот на April 7, 2015. Посетено на August 17, 2018.
- ↑ „Skrillex – Leaving EP : Free 3 Song EP Released on The Nest“. ThisSongisSick.com. Архивирано од изворникот на March 2, 2013. Посетено на March 14, 2013.
- ↑ „4minute Release Tracklist And Individual Teasers For Upcoming Album 'Act. 7'“. Kpopstarz.com. January 26, 2016. Архивирано од изворникот на May 4, 2019. Посетено на December 26, 2016.
- ↑ „Sonny Moore performs with From First To Last for first time since 2007—watch - News - Alternative Press“. Alternative Press. February 8, 2017. Архивирано од изворникот на April 12, 2017. Посетено на April 11, 2017.
- ↑ Powell, Karlie (May 24, 2018). „Skrillex Drops New ID That Sounds Like a Missy Elliott Collab“. YourEDM.com. Архивирано од изворникот на July 5, 2018. Посетено на July 5, 2018.
- ↑ „X JAPAN's YOSHIKI Joins SKRILLEX On Stage At Japan's FUJI ROCK FESTIVAL“. BLABBERMOUTH.NET (англиски). 2018-07-30. Посетено на 2023-10-27.
- ↑ Meadow, Matthew (2018-07-28). „Skrillex Brings Out Very Special Guest for Insane Encore At Only Major Festival Set of 2018“. Your EDM (англиски). Посетено на 2023-10-27.
- ↑ Skrillex (July 18, 2019). „Skrillex - Fuji Opener (feat. Alvin Risk) [Official Audio]“. Архивирано од изворникот на July 24, 2019. Посетено на July 25, 2019.
- ↑ Skrillex (July 18, 2019). „Skrillex - Mumbai Power (feat. Beam) [Official Audio]“. Архивирано од изворникот на August 13, 2019. Посетено на July 25, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Jolley, Ben (2023-02-17). „Skrillex - 'Quest For Fire' review: hectic return from a huge character“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на February 17, 2023. Посетено на 2023-02-18.
- ↑ McCormick, Neil; French-Morris, Kate; Shutler, Ali; Perry, Andrew (2023-02-17). „Caroline Polachek goes to paradise, Pink loses the attitude – the week's best albums“. The Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Архивирано од изворникот на February 18, 2023. Посетено на 2023-02-18.
- ↑ Interviews, Clash Magazine Music News, Reviews &; ClashMusic (2023-02-17). „Skrillex - Quest For Fire | Reviews“. Clash Magazine Music News, Reviews & Interviews (англиски). Архивирано од изворникот на February 18, 2023. Посетено на 2023-02-18.
- ↑ Petridis, Alexis (2023-02-17). „Skrillex: Quest for Fire review – restless dance-pop swerves between frustration and innovation“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Архивирано од изворникот на February 18, 2023. Посетено на 2023-02-18.
- ↑ „Skrillex Drops Surprise Album 'Don't Get Too Close' f/ Justin Bieber, Chief Keef, and More“. Complex (англиски). Архивирано од изворникот на February 19, 2023. Посетено на 2023-02-19.
- ↑ „Required Listening For Fall“. mtvU. Viacom. September 26, 2011. Архивирано од изворникот на November 9, 2012. Посетено на August 28, 2016.
- ↑ „Skrillex: The Making of a Superstar (timestamp: 5:40“. YouTube. June 26, 2015. Архивирано од изворникот (Video upload) на April 2, 2017. Посетено на October 4, 2016.
- ↑ „Ellie Goulding splits from boyfriend Skrillex“. NME (англиски). October 29, 2012. Архивирано од изворникот на May 12, 2022. Посетено на May 12, 2022.
- ↑ Rosin, Yale (January 24, 2023). „Skrillex explains his struggle with his mental health“. Psychology Mag. Архивирано од изворникот на February 19, 2023. Посетено на 19 February 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Скрилекс — AllMusic (англиски)
- Skrillex on Discogs
|