Прејди на содржината

Сталагмит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вештерски прст во Карлсбадските Пештери, Ново Мексико.

Сталагмит (од старогрчки: στάλαγμα, „капка“[1]) — минерална образба која која расте од подот на пештера со насобирање на материјал наталожен со капење од нејзиниот таван. Обично се сочинети од калциум карбонат, но понекогаш и од лава, минерали, кал, тресет, катран, песок и др.[2][3] Кога талозите се нафаќаат на таванот на пештерата, образбата се нарекува сталактит.

Образување и видови

[уреди | уреди извор]

Варовнички сталагмити

[уреди | уреди извор]

Најчести сталактити се капниците (слепеотеми), кои обично се образуваат во варовнички пештери.[4] Настануваат само под извесни услови на pH-вредности во пештерата. Се создаваат со нафаќање на калциум карбонат и други минерали присутни во водни раствори. Варовникот е главен облик на калциум карбонат во карпите, кои се раствора во водата која содржи јаглерод диоксид, образувајќи раствор со калциум бикарбонат во пештерските одаи.[5] За раст на сталагмитот потребно е Делумниот притисок на јаглерод диоскидот во водата мора да биде поголем од делумниот притисок на јаглерод диксидот во пештерската одаја.[6]

Ако сталактитите (капниците на таванот) пораснат доволно долги, тие се спуштаат и се спојуваат со сталагмитите на подот, образувајќи столб.

Сталагмитите не треба да се допираат бидејќи нивниот раст зависи од насложување на водениот раствор врз постоечката површина; маснотијата на кожата или нечистотијата на рацете можат да го изменат површинскиот напон на дотечната вода, и со тоа да го поремети растот на сталагмитот и трајно да му ја измени бојата.

Лавини сталагмити

[уреди | уреди извор]

Друг вид на сталагмити настанува во лавини цевки додека стопената лава внатре е уште течна. Нивниот минералошки состав е поинаков, сличен на оној на силициумски минерали застапени во базалтот (на пр. опсидијан), главна составница на вулканското стакло. Механизмот на образување/кристализација е значително поинаков од оној на варовничките сталагмити (CaCO3) иако и тој се создава под дејство на Земјината тежа. Капките на стопена лава (силикатен материјал, SiO2) се стврднуваат на подот на веќе испразнетата лавина цевка, кога температурата на лавата ќе биде доволно намалена по испразнувањето на цевката.

Разликата помеѓу лавините и варовитите сталагмити е во тоа што преносот на силикатен материјал се одвива во стопена состојба, а не во воден раствор; ослободувањето на CO
2
не игра значајна улога. Лавините сталагмити настануваат многу бргу (часови, денови или недели), а на варовничките сталагмити им треба иладници или стотици илајдници години. Значајна разлика е тоа што лавините сталагмити престануваат да растат кога ќе престане да тече лавата. Ако се скрши, ваквиот сталагмит никогаш нема да се опорави.[2] Сталагмитите во лавини цевки се поретки од сталактитите произлезени од истите бидејќи при нивното образување стопениот материјал најчесто капе врз сè уште подвижна лава и таа го носи со себе.

Ледени сталагмити

[уреди | уреди извор]

Мошне чест сталагмит во пештерите присутен сезонски или преку целата година е ледениот сталагмит, добро познат како мразулец.[7] Кога водата прокапница се исцедува од површината и паѓа на пештерскиот под, а температурата е под мрзнење, оваа вода образува сталагмити. Се образуваат и со замрзнување на водената пареа.[8] лично како лавините, ледените сталагмити се создаваат многу бргу, за неколку часа или дена. Ледените сталагмити се почести од ледените сталактити бидејќи топлиот воздух се крева нагоре во пештерата и може да ги одмрзне второспоменатите.

Ледените сталактити исто така прават сталагмити под нив, и со време може да сраснат во леден столб.

Бетонски сталагмити

[уреди | уреди извор]
Калтемитски сталагмит на тлото под бетонска градба.

Сталактитите и сталагмитите се образуваат и на бетонски тавани и подови, иако многу побргу отколку во природни пештери.[9][10]

Вторичните наслаги од бетон се производ на деградацијата на бетонот, каде калциумските јони се процедуваат од бетонот и растворот се нафаќа од долната страна на бетонската градба, образувајќи сталактити и сталагмити.[10] До таложење на калциум карбонат како сталагмит доаѓа кога растворот е процедок богат со калциум паѓа на тлото под бетонската градба. Јаглерод диоксидот се впива во базниот процедок,[11] што овозможува хемиски реакции за нанесување на калциум карбонатот како сталагмит.[12] Овие сталагмити ретко се повисоки од неколку сантиметри.[13]

Вторичните наслаги како сталактити, сталагмити, наталожени камења и др. вон природната пештерска средина се нарекуваат „калтемити“.[10] Оние произлезени од бетонот не можат да се наречат капници поради дефиницијата на поимот.[9]

Најголемиот познат сталагмит во светот е висок 70 м и се наоѓа во пештерата Шондонг, Виетнам.[14]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „сталагмит“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 Larson, Charles (1993). An Illustrated Glossary of Lava Tube Features, Bulletin 87, Western Speleological Survey. стр. 56.
  3. Hicks, Forrest L. (1950). „Formation and mineralogy of stalactites and stalagmites“ (PDF). 12: 63–72. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-05. Посетено на 8 јули 2013. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „How Caves Form“. Nova. PBS. Посетено на 1 јули 2013.
  5. C. Michael Hogan. 2010. “Calcium”. eds. A. Jorgensen, C. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment.
  6. John), Fairchild, Ian J. (Ian (2012). Speleothem science: From process to past environments. Baker, Andy, 1968-. Oxford, U.K.: Wiley. ISBN 9781444361094. OCLC 782918758.
  7. Keiffer, Susan (2010). „Ice stalactite dynamics“. Посетено на 8 јули 2013.
  8. Lacelle, Denis (2009). „Formation of seasonal ice bodies and associated cryogenic carbonates in Caverne de l'Ours, Québec, Canada: Kinetic isotope effects and pseudo-biogenic crystal structures“ (PDF). Journal of Cave and Karst Studies. стр. 48–62. Посетено на 8 јули 2013.
  9. 9,0 9,1 Hill, C A, and Forti, P, (1997). Cave Minerals of the World, 2nd editions. pp. 217 & 225 [Huntsville, Alabama: National Speleological Society Inc.]
  10. 10,0 10,1 10,2 Smith, G K. (2016). "Calcite straw stalactites growing from concrete structures". Cave and Karst Science, 43(1), 4–10.
  11. Macleod, G, Hall, A J and Fallick, A E, 1990. An applied mineralogical investigation of concrete degradation in a major concrete road bridge. Mineralogical Magazine, Vol.54, 637–644.
  12. Sundqvist, H. S., Baker, A. and Holmgren, K. (2005). "Luminescence in fast growing stalagmites from Uppsala, Sweden". Geografiska Annaler, 87 A (4): 539–548.
  13. Smith, G K., (2015). "Calcite Straw Stalactites Growing From Concrete Structures". Proceedings of the 30th 'Australian Speleological Federation' conference, Exmouth, Western Australia, edited by Moulds, T. pp. 93–108.
  14. „Son Doong Cave (Hang Sơn Đoòng)“. Wondermondo. 15 June 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy