Суканица
Суканица — јажевиден кичер коса направен со плетење на косата[1]. Суканици може да се образуваат и со техниката позната како „усукај и подели“ (англиски: twist and rip)[2]. Некогаш под суканици се подразбирале само кичерите коса кои се образуваат спонтано кога косата расте природно во подолг временски период без употреба на четка, чешел, ножици или брич. Суканиците денес се фризура за чие создавање и обликување е потребно многу време и трпение.
Настанок
[уреди | уреди извор]Некои од најраните цртежи на суканици датираат од пред 3600 години, од Минојската цивилизација, една од најстарите европски цивилизации која се наоѓала на Крит (денес дел од Грција) [3]. На островот Тера (денес Санторини, Грција) пронајдени се фрески на кои се лица со усукани коси стилизирани во долги суканици [3][4]. Исто така на археолошките наоѓалишта пронајдени се староегипетски мумии перики.[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Суканиците биле дел од историјата на многу духовни системи. Од христијанството до хиндуизмот, сплетената коса била симбол на многу духовно лице кое се обидува да се приближи до Бога, односно боговите.
Без обѕир на потеклото, сите култури носеле суканици во некој период од нивното постоење. Римски извори кажуваат дека Келтите ја носеле својата коса „како змии“. Германските племиња и Викинзите исто така ја носеле својата коса сплетена во кики кои денес се препознаваат како суканици. Суканици носеле и монасите на Етиопската православна тевахедо црква, светите луѓе на хиндуизмот, дервиши на исламот и други.
Постоеле верувања дека суканиците им даваат особена снага на оние кои ги носат. Според одредени верувања енергијата, пред сè животната енергија, излегувала од телото низ врвот на главата, а замрсената коса истото го успорува или спречува тоа и со тоа лицето го прави посилно и поблиско до боговите. Според библиската приказна натчовечката снага на Самсон доаѓала од неговите прамни коса.
Суканици кај растафаријанците
[уреди | уреди извор]Растафаријанството е монотеистичко религиозно движење настанато во 1930-тите години на Јамајка. Неговите припадници веруваат дека Хајле Селасие бил божјо отелотворение и познати се како растафаријанци или расти.
Суканиците на главите на растафаријанците ги претставуваат нивните корени, поврзаноста со земјата, предците и природата. Исто така ја претставуваат гривата на лав, симболот на Африка. Истовременот се и еден вид побуна против белците, како контраст на нивната руса коса и култура. На почетокот ги носеле само оние кои полагале заклетва, за подоцна да ги прифатат повеќето растафаријанци. Должината на суканиците за нив претставувал мерка на мудроста, зрелоста и знаењето, како и тоа колку одредено лице е следбеник на движењето.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Речник Меријам-Вебстер 1: a narrow ropelike strand of hair formed by matting or braiding; 2 dreadlocks plural : a hairstyle consisting of dreadlocks
- ↑ Како слободно да се формираат суканици
- ↑ 3,0 3,1 3,2 BLENCOWE, CHRIS (2013). YRIA: The Guiding Shadow. Sidewalk Editions. стр. 36. ISBN 9780992676100.
... Archaeologist Christos Doumas, discoverer of Akrotiri, wrote: “Even though the character of the wall-paintings from Thera is Minoan, ... the boxing children with dreadlocks, and ochre-coloured naked fishermen proudly displaying their abundant hauls of blue and yellow fish.
- ↑ 4,0 4,1 Poliakoff, Michael B. (1987). Combat Sports in the Ancient World: Competition, Violence, and Culture. Yale University Press. стр. 172. ISBN 9780300063127.
The boxing boys on a fresco from Thera (now the Greek island of Santorini), also 1500 B.C.E., are less martial with their jewelry and long braids, and it is hard to imagine that they are engaged in a hazardous
- ↑ Egyptian Museum -"Return of the Mummy. Архивирано на 30 декември 2005 г. Toronto Life - 2002.
- ↑ Bloomer, W. Martin (2015). A Companion to Ancient Education. John Wiley & Sons. стр. 31. ISBN 9781119023890.
Figure 2.1b Two Minoan boys with distinctive hairstyles, boxing. Fresco from West House, Thera (Santorini), ca. 1600–1500 bce (now in the National Museum, Athens).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Суканица на Ризницата
- Dreadlocks Story – Documentary by Linda Aïnouche Архивирано на 18 јуни 2016 г.
- Guardian article
- Community for the discussion of the lifestyle and hairstyle of dreadlocks Архивирано на 13 септември 2017 г.
- DreadlockTruth – database of information and online community Архивирано на 31 август 2017 г.
|