Табитеуеја
Табитеуеја (кирибатски: Tabiteuea) е атол во Кирибатите, дел од островската група Гилбертови Острови. Атолот се наоѓа јужно од Тарава и е составен од два помали островчиња: Еаникај на север и Нугути на југ. Покрај овие два остроа, околу атолот се наоѓаат и неколку мали островчиња. Атолот има вкупна површина од 38 км2, додека лагуната има површина од 365 км2. На атолот живеат 4.899 жители според податоците од 2005 година.
Името на атолот на кирибатски јазик значи „земја без поглавици“ и тоа се однесува на традиционалната еднаквост меѓу населението на островот. Во 19 век на островот имала религиска војна, односно луѓето од Северна Табитеуеја, кои се покрстиле, ја нападнале и освоиле Јужна Табитеуеја, кои биле верници во локални религии.[1]
Окрузи
[уреди | уреди извор]Административно, Табитеуеја е поделена на два округа:
- Северна Табитеуеја - има површина од 26 км2, население од 3.600 жители (2005), опфаќа само две села и главен центар е селото Утироа.
- Јужна Табитеуеја - има површина од 12 км2 и население од 1.299 (2005), опфаќа 6 села и главен центар е селото Буарики.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ MACDONALD, Barrie, Cinderellas of the Empire: Towards a history of Kiribati and Tuvalu, 2001, ISBN 982-02-0335-X, p.38
- Exhibit: The Alfred Agate Collection: The United States Exploring Expedition, 1838-1842 Архивирано на 14 јануари 2012 г. from the Navy Art Gallery
1°21′S 174°48′E / 1.350° ЈГШ; 174.800° ИГД
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|