Прејди на содржината

Тот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тот (Рамзеум, Луксор)

Тот (егип. „џехут“, ḏḥwty) - едно од најважните божества на Египетскиот пантеон. Неговиот женски пандан била божицата Маат.

Главното светилиште на Тот било во Кемену (подоцна преименуван од старите Грци во Хермополис), каде претседавал над дружината од локални богови. Кај Грците бил познат како Хермес Трисмегист или Ешмунен кај Арапите. Исто така, тој имал светилишта во Абидос, Хесерт, Урит, Пер-Аб, Рекуи, Та-ур, Сеп, Хат, Пселкет, Талмсис, Анча-Мутет, Амен-хери-аб и Та-кенс. За него се мислело дека ги претставува срцето и јазикот на Ра и дека е посредник преку кој се пренесувала волјата на Ра во говорот. На овој начин, тој бил поистоветуван со Логосот на Платон (Словото на Јован) и умот на Господ. Во египетската митологија тој играл многу витални и значајни улоги и бил еден од двајцата богови кои стоеле на секоја страна од бродот на Ра (другото божество била Маат). Познат е како бог на магијата, писменоста, науката и судењето на мртвите.[1]

Богот Тот бил претставен како човек со глава на птицата ибис, а понекогаш и со глава на бабун, а и на Месечината. Според некои легенди, тој бил син на Ра и негов гласник, а според други тој се создал самиот себе преку моќта на јазикот. Тот бил писарот меѓу боговите, го открил пишувањето и бил големиот бог на знаењето, мудроста, пишувањето, писмото и тајните. Тој бил и бог на Месечината и бог на магијата. Во судот на мртвите, тој бил писарот кој ги запишувал исповедите на мртвите на неговите сведоци, а исто така правел запис на тоа кој ќе оди во рајот на блажените, а кој ќе биде изеден од кучињата на судот. Платон го обвинувал Тот поради тоа што ги открил броевите и буквите, сметајќи дека, потпирајќи се врз пишаниот збор, луѓето ќе го загубат сеќавањето.[2]

  1. Е.А. Волис Баџ, Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот.
  2. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 124.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy