Хазелбахтал
Хазелбахтал | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Бауцен |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Маргит Боден |
Основни податоци | |
Површина | 37,47 км2 |
Надм. височина | 234 м |
Население | 3.937 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 105 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BZ |
Пошт. бр. | 01920 |
Повик. бр. | 03578 |
Портал | www.haselbachtal.de |
Местоположба на Хазелбахтал во рамките на округот Бауцен | |
Координати | 51°14′48″N 14°0′42″E / 51.24667° СГШ; 14.01167° ИГД |
Хазелбахтал (германски: Haselbachtal) — општина во округот Бауцен, во Саксонија, Германија со население од 4.648 жители. Се состои од селата Бишхајм, Хеслих, Герсдорф, Мерсдорф, Рајхенау и Рајхенбах.
Географија и сообраќај
[уреди | уреди извор]Хазелбахтал се наоѓа на околу 7 километри југозападно од градот Каменц и 35 километри североисточно од Дрезден. Автопатот 4 поминува јужно од општината и може да се стигне преку Пулсниц, кој е околу 10 километри оддалечен. Реката Пулсниц тече низ Хазелбахтал.
Историја
[уреди | уреди извор]Рајхенбах бил првпат споменат во 1248. Градот бил основан во текот на германската источна колонизација. Во текот на Триесетгодишната војна, 248 луѓе, кои го сочинувале поголемиот дел од населението, умреле од чума.
Округот Рајхенау бил првпат споменат во 1436, но веројатно е дека е постар. Во годините од 1429 до 1431, Хуситите го нападнале селото и ја уништиле црквата. Во текот на војните за ослободување, најпрвин Прусите, потоа руските трупи биле стационирани во Рајхенау.
Окрузите Герсдорф и Мерсдорф биле првпат споменати во 1225 и 1264, соодветно. Тие се заедно од 14 февруари 1958.
Бишхајм бил првпат споменат 1225 и бил припоен со Хеслих на 1 јануари 1969.
На 1 јануари 2001, селата Рајхенбах, Рајхенау, Герсдорф-Мерсдорф и Бишхајм-Хеслих биле припоени кон општината Хазелбахтал.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Парк во Бишхајм
- Музеј за ископување на гранит
- Црква во Рајхенбах
- Црква и градски плоштад во Герсдорф
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
|